Потребно време за читање: 2 минути

Допрва ќе се види која е „силата“ на овој најнов „конгресменски земјотрес“. И досега имало тн. етички истраги, но некои построги санкции не се применети. Освен пишување- испраќање на приватно писмо (до „истражениот“ или неговот застапник) со ослободителна „содржина“ или со строг укор.

Можно ли е нешто слично кај нас, во рамките на „сестраниот развој на демократијата“, макар резултатот да биде не писмо (не е популарно), туку СМС порака преку мобилен?

Засега „немат шанца“. Не затоа што немаме парламентарци кои„заслужуваат“ да „паднат“ под истрага (пробајте да ги изброите според лична слободна проценка невините „ѓоа јагненца“), туку оти не е можно да се формира истражно тело какво што е американскиот Етички одбор на Претставничкиот дом.

Имено, тој одбор е еден од најтаинствените одбори на Претставничкиот дом на Конгресот, а неговите членови и персонал потпишуваат посебна заклетва дека нема да откријат какви било активности поврзани со неговите минати и сегашни истраги.

Прочитај и за ... >>  Светот се движи, расте и паѓа

Одборот моментно ги испитува активностите на повеќе од 30- мина конгресмени во истраги за прашања поврзани со лобирање за одбраната, користење на влијание за корпорации и други злоупотреби на позициите.

Граѓанските здруженија кои ја следат работата на Конгресот го обвинуваа одборот дека е неактивен со истрагите, а случајно објавениот документ во весникот „Вашингтон пост“ покажува дека се спроведувале многу повеќе истраги отколку што било објавено. Во документот на 22 страници, под називот „Стандарден збирен седмичен извештај на одборот“, се изнесуваат синтетизирани истражување на однесувањата на 19- мина конгресмени и неколкумина членови на персоналот. Исто така, се наведува дека се испитувани активностите уште на 14- мина конгресмени, помеѓу кои се и 7- мина членови на моќниот пододбор за одобрување на набавки на Пентагон.

Којзнае, можеби ќе излезе некој „глушец “ од најновово „тресење на гората“, што би било не мал придонес во афирмацијата на американските демеократски стаднарди. Како што своевремено се случи со професионалниот лобист Џек Абрамоф, кој со валкани пари поткупил некои американски конгресмени. Парите доаѓале од синџирот на казина во неколку земји, па и од „Оазис казино“ во Палестина. Истрагата откри дека преку истиот канал одела и лобистичката акција во Израел која наводно ја подготвил тогашниот американски потпретседател Дик Чејни, а со желба да го спречи изборот на Ехуд Олмерт за премиер на Израел и да се избере Бенјамин Нетанјаху. Скандалот изби кога демократите го открија изворот на финансирање на Републиканската партија- испрани пари од казината.

Прочитај и за ... >>  „Бомбата“ на Заев-вежбовна!

Македонските партии и нивните „врхушки“ поим немаат што е тоа перење на пари. Веројатно не знаат ни што се тоа казина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here