Потребно време за читање: 2 минути

Секојдневно следиме вести и информации за невреме, снежни бури, урагани, земјотреси…

Дали долгонајавуваната предупреда дека е „последен миг“ светот да стори нешто за натамошниот сопствен опстанок, за повторно враќање на климатската рамнотежа веќе не важи? „Мигот“ помина, та катаклизмичките промени на климата, како нејзино возвраќање на ударот, веќе започнаа? Не е ли ова „почеток на крајот“?

Луѓето се загрижени, се потешко се адаптираат на брзите промени, и тоа од час во час, имаат се поголеми здравствени проблеми. Зимава не била толку „необична“ со години, децении, а и есента не мина баш „најдобро“.

Што се однесува на нас, во Македонија, олку „вода“ не паметат ниту најстарите. Земјата веќе не ја прима, реките и езерата преполни, овде- онде се излеваат, а е реално стравувањето дека се можни поплави од поголеми размери, со непредвидливи последици.

И САД и Европа ги зафати снежно невреме. Вашингтон е парализиран, државите Вирџинија и Мериленд бараат помош. Агенциите јавуваат дека националната метеоролошка служба прогнозира оти бурата, наречена „снежно уништување“, ќе ја зголеми снежната покривка во североисточниот дел на САД за 36 сантиметри. Веќе има 91 сантиметар снег. Патиштата се блокирани, а некои се покриени со дебела ледена покривка.

Прочитај и за ... >>  Сомневање: не свинскиот грип, туку вакцината против него опасна по здравјето!

Проблеми и низ цела Европа. Силни врнежи на снег, кои според метеоролозите ќе продолжат и во наредните недели.

Градовите низ Германија со недели се покриени со мраз и снег, а на некои места мразот е дебел и повеќе од 10 сантиметри. Снежните врнежи предизвикаа проблеми во Белгија, каде што се блокирани патишта во должина од 920 километри, што претставува рекорд во споредба со блокираните 520 километри во декември. Во северниот дел на Франција се блокирани неколку патни правци, а бројот на летови од парискиот аеродром „Шарл де Гол“ е намален за 20%. Со снежно невреме се зафатени Полска, Чешка, Шведска, Финска…

Изобилни снежни врнежи се забележани во Варшава, Познањ, Вроцлав и други делови на Полска. Во Чешка ситуацијата е најтешка во североисточните делови. Многу патишта се непроодни, а постојат проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Невремето во Шведска се движи кон северот и западот. На југот од земјата многу возови доцнат или се откажани поради изобилен снег и силни ветришта. Во главниот град на Финска, Хелсинки, висината на снегот надмина 70 сантиметри, а метеоролозите најавуваат дека деновиве снег посилно ќе паѓа во областа на Балтичкото море.

Прочитај и за ... >>  Одложен датумот за преговори за членство во ЕУ

Во Швајцарија се забележани голем број на сообраќајни незгоди оти патиштата се покриени со снег. Изобилни снежни врнежи повторно го пореметија автомобилскиот сообраќај во Белгија, Словенија и Унгарија. Бурата што ја зафати Италија донесе ветришта со јачина на ураган во североисточните делови на земјата, како и силни дождови и свлечишта на југот. Поради снегот во Велика Британија дојде до пореметување во авиопревозот. Во Франција многу летови се откажани.

И Балканот не остана „покус“. Со невреме се зафатени подрачја на Србија и Хрватска. Леден дожд и виулица со силен ветер го зафати Белград, а посебно Војводина. Во Хрватска снегот паѓа непрестано и го пореметува сообраќајот во средниот и северозападниот дел на земјата, Лика, Горски Котар и Славонија. Метеоролозите најавуваат дека и во наредните неколку дена ќе преовладува облачно време со снег. Се очекува температурата да падне и до минус 10 степени Целзикусови.

Треба да се потсетиме дека вакво невреме, не само во зимскиот период, ширум Европа, САД и други делови на светот се случуваше и во изминатите 3-4 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here