Потребно време за читање: 13 минути

Не треба многу умување за да се „погоди“ кој. Секаде, во секоја мултиетничка средина таа доаѓа на „дневен ред“ како последен, но најопасен терен на кој би можело да се ублажи неминовен пораз од погрешна стратегија и тактика против власта. Да, и со валкани, дури со крвави раце да се извојува привремена победа. Тоа се партии во опозиција и медиуми- нивни трабанти или „блиски“ до нив.

Во последно време во Македонија е се поевидентно токму подгревањето на меѓуетничката тензија. Се користи мал и најмал повод за тоа.

Дали е тоа одлуката на Владата „основците“ од немнозинските заедници (не само од албанската, како што насочуваат подгревачите) да го учат македонскиот јазик од прво одделение? Се разбира дека воопшто не е, но мора да е што поголем.

Ќе помогне ли изјавата на премиерот Никола Груевски да „им се оладат“ страстите на пдогрејувачите? Можеби, но само привремено. До следната „погодна можност“:

„Политиката на Владата е на сите во Република Македонија, кои што не се Македонци по етничка припадност, да им се овозможи да го користат сопствениот јазик и да го афирмираат. Од нас немојте да очекувате дека ние ќе забрануваме нечиј друг јазик. Напротив, само ќе ги афирмираме можностите. Исто така е добро она што се кажа, да има поголема интеграција во иднина. Жалам што ова се сфати малку погрешно. Можеби и ние не извршивме до крај целосни подготовки или не почувствувавме дека ќе има погрешно разбирање од страна на родителите и можеби и учениците“.

А колку учењето на македонскиот јазик е сензитивно? Воопшто не е, доколку се остранат или предупредат „задните намери“. Тоа и се покажа: разбирајќи го како нужност да се изучува од најраната фаза на развојот на детето (во секојдневната комуникација и пред почетокот на школувањето), бидејќи е единствен официјален јазик во државава, не е сензитивно за ниедна немнозинска заедница, освен за албанската (некои од неа, но тоа не се учениците; не бојкотираат тие, туку нивните родители инструирани и поттикнати на тоа). И какви „целосни подготовки“ беа потребни за да нема „погрешно разбирање“?

Да: родителите- партиски послушници да ја научат разликата помеѓу официјален и службен јазик во подрачја со мнозинско население, а не, како што тоа континуирано и со јасна цел го прават „партијци“; тоа да е „исто“, односно службениот јазик, конкретно албанскиот да се третира како официјален. Па се оди дотаму што учењето на официјалниот се третира како тортура, дискриминација, „македонизирање“ на „албанскиот народ“ во Македонија (не вреди да потсетуваме дека тој не е тоа, туку, според Уставот, „немнозинска заедница“)…

„Неснаоѓањето“ во овој „мал галиматијас“ е видливо и кај претставниците на меѓународната заедница, конкретно на ОБСЕ, „иницијаторите“ на учењето на официјалниот јазик во државата од „најраната фаза на академскиот живот“, како што е тоа „вообичаено“ во сите развиени, демократски држави во светот. Дотолку повеќе, затврдено е како нужност за да се избегне она што веќе претставува најсериозна закана за мултијазичките заедници, како што е Швајцарија: не етничка, не верска, туку јазичка дискриминација и гетоизација. Потврда е она што го предвидува стратегијата на ОБСЕ.

Еве „објаснение“ (посебно за некои од албанските политички партии, особено „радикалците“) на Хосе Луис Хереро, првиот човек на мисијата на ОБСЕ во Македонија, во интервју за А1 ТВ:

„Политиката за интегрирано образование, која ја предложи високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, а која ОБСЕ ја поддржува и се обидува да ја имплементира, има предвид повеќе аспекти. Главната цел е дека образовниот систем е алат за интегрирање на заедниците овде. Како што гледаме сега, како резултат на Охридскиот рамковен договор, за некои многу позитивни мерки кои беа преземени, за да се гарантираат правата на другите заедници, да имаат образование и јазик, се појавија и некои не толку добри ефекти.

Тоа е одвојувањето на заедниците. Предложената политика содржи мерки да се искористи образовниот систем за интегрирање на заедниците, а не за одвојување. Како таква, има многу компоненти. Во основа, велиме дека државниот јазик, во согласност со Уставот, е јазик кој се зборува на целата територија и се користи за меѓународна употреба, и треба да го учат сите. Тоа е неопходен јазик, и треба да го учат сите уште на почетокот на образованието. Ова е првата точка“.

Еве го и „неснаоѓањето“ , односно мешањето на „баби“ и „жаби“:

„Втора точка. Албанскиот јазик, кој го зборува повеќе од 20% од населението, и е официјален јазик, секако, треба да го изучуваат оние на кои им е мајчин јазик, а и другите заедници треба да се поттикнуваат да го изучуваат. Секаде, особено во општините каде има значителен процент на албанско население, но и низ целата земја, односно во останатите општини. Учењето треба да се поттикнува“.

Треба да повторам дека албанскиот не е официјален, туку службен, и тоа не „особено“, туку само во општините каде што мнозинско население е албанското (според Уставот)? И како да се толкува ставот дека „и другите заедници треба да се поттикнуваат да го изучуваат…низ целата земја, односно во останатите општини“? Не е ли тоа „промоција“ на албанскиот во официјален, нешто за што албанските политичари вложуваат „огромни напори“, и тоа „во духот“ на Рамковната спогодба?

Да, учењето (воопшто) треба да се поттикнува, но што би било кога би било: родителите на учениците-Албанци се загрижени поради нивниот капацитет (македонскиот им доаѓа како „трет јазик“, по англискиот!), а од друга страна се „поттикнуваат“ да ги учат и службените јазици на другите етнички заедници во Македонија (за учениците-Македонци нема проблем; за да не се учат на идна дискриминација „особено добро“ да ги учат јазиците на сите немнозински заедници)?!

Предупредувањето на Хереро упатено на албанските политичари е сосема на место:

„Мислам дека политичарите работат како политичари. Понекогаш почнуваат дебата, која не соодветствува со реалноста на терен. А ова е законски. Слушнав ставови на албанските политички лидери неодамна, дека постојат два елемента во врска со ова. Едниот е самата идеја за учење на јазикот, која не е неприфатлива. Повеќе би рекол дека е прифатлива. Другата е за начинот како да се спроведе ова. Дали тоа ќе врати некои елементи од минатото или не. Ова е тоа на што инсистирам. Спроведувањето на оваа политика да биде на начин кој нема да ги предизвика тие негативни елементи.Никако да не се враќаат ситуации од минатото“.

Прочитај и за ... >>  Очекуван трансфер, но не и за „планина“ од долари

Една „разумна шлаканица“ на албанските политичари им „удри“ и амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер. Им порача:

„Нашата поента како амбасада, а верувам и на меѓународната заедница, е дека граѓаните на оваа земја треба да го зборуваат македонскиот јазик. Одлично е и ако знаат да зборуваат и други јазици исто така, вклучувајќи го и нивниот мајчин јазик. Се работи за комуникација, тоа е многу важно. Се работи за давање можност на младите да се едуцираат, а тоа може да се постигне со дијалог и комуникациоја. Треба да престанете да бегате од главната поента кон некои неважни прашања“.

Сосема е прифатлив ставот на градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи: проблемот би се надминал кога и македонските првачиња би го имале албанскиот јазик како задолжителен, во средините со мнозинско албанско население (греши кога вели дека се работи за задолжителен јазик; со одлуката учењето на македонскиот не е тоа):

„Не гледам зошто албанскиот да не го изучуваат македонските првачиња во средините со мнозинско албанско население. Не можам да разберам зошто тоа би било проблем. Само на тој начин ние ќе дадеме аргумент дека нема потреба да има недоверба во комуникација, особено кај младите генерации“.

Но и мала „додавка“: службениот јазик на доминантната немнозинска заедница на одредена територија (општина) факултативно (односно исто онака како што е предвидено со одлуката на Владата- „разговорно“) да го изучуваат сите првачиња што живеат на неа (се разбира и првачињата-Македонци). Навистина, не гледам никаква причина зошто да не.

Но, она најважното: подгревањето на меѓуетничката тензија , поточно на меѓуетничката нетрпеливост.

Прашање: дали таа навистина расте и кој е одговорен ако е? Има најодговорни (повторувам): албански и опозициони партии и нивни медиумски трабанти. А токму тие го тврда тоа. Дали како резултат на нивната „активност“ на тој план? Уште и загрижени. Какво лицемерие!

„Нормално“, тие ја обвинуваат „Владата на Груевски“, што е нонсенс. Зошто би го правела тоа? За и натаму да владее „комотно“?! Наведуваат нејзини конкретни „свесни потези“: „контроверзната“ енциклопедија, одлуката за верски објекти и споменици, „конфузните одлуки и изјави“ на коалициските партнери за задолжителен македонски јазик за првачињата од албанската заедница, тепачките во училиштата…

Имер Селмани, лидер на „Нова демократија“:

„Мора да се смени курсот, затоа што за жал ние ќе имаме немири во државата, ќе имаме нестабилна политичка клима“.

Цветанка Иванова „парламентарка“ на СДСМ:

„Владата се однесува како да е во опозиција. За се што се случува е виновна опозицијата. Сите механизми се во рацете на власта“.

Мошне разумно е предупредувањето на Џеват Адеми од ДУИ, но е големо прашање дали допира до ушите на подгрејувачите“, а пред се на „радикалците“:

„Несмееме да си дозволиме во Македонија да се подгреваат страстите, да се подриваат односите помеѓу заедниците кои со огромна мака, со надчовечки усилија ги релаксиравме“, Џеват Адеми, ДУИ.

Овие изјави- реакции доаѓаат по објавувањето на резултатот од сомнителната анкета на НВО Центарот за меѓуетничка толеранција: меѓуетничките односи во Македонија се на работ на конфликт. Велам сомнителен, зашто ако е точен, тогаш би морало да има „големи раздвижувања на народот“, но и „силни активности“ на меѓународниот фактор. Се знае што значи, во изминатиот период мошне „илустративно“ видовме како изгледа да се биде „на работ од конфликт“.

Според анкетата, над 70% од граѓаните се изјасниле дека чувствуваат оти расте националната нетрпеливост, а само нешто повеќе од 20% веруваат дека односите помеѓу заедниците се добри.

Од Центарот посочија дека единствено во 2001-та имале ваква бројка на етничка нетолеранција:

„Показателите се дека меѓуетничките односи, помеѓу етничките заедници, овде не се работи за една до две етнички заедници, туку се работи за сите етнички заедници, се на такво ниво што многу брзо може да ескалираат“, изјави Владо Димовски.

Уште повеќе ги загрижувал податокот дека најголемиот дел од испитаниците, инаку жители во меѓуетнички средини, изјавиле дека не се во добри односи ниту со своите први соседи од друга националност, што се нема случено во ниту едно од претходните истражувања.

И она што следи е како од „устите“ на албанските и опозиционерските партии: како главни проблеми граѓаните навеле слични примери- Албанците ги револтира што нема да има џамија на плоштадот, им пречи и што македонските ученици не учат албански, Ромите повторно се изјасниле дека се чувствуваат како граѓани од втор ред, а на сите им пречи сквернавењето на верски објекти (кое сквернавење?!). Повеќе од половина изјавиле дека се плашат од меѓуетнички конфликти, а речиси сите испитаници се согласиле дека ова е проблем кој треба итно да се решава.

А суштината, поради која треба сите да се загрижиме, да се загрижи и меѓународниот фактор кој за многумина е „решавачки“, е партиското односно опозиционерското играње на националистичката карта во трката по рејтинг, во борбата што поскоро, ако може уште денес да падне „Владата на Груевски“ која „ја уништува државата“.

Како е можно досега да не научија дека националистичката карта била и секогаш ќе биде контрапродуктивна?

Прочитај и за ... >>  Последна фаза од сценарио или последен очајнички обид за спас од дефинитивен пораз

Кој ја подгрева меѓуетничката тензија

Не треба многу умување за да се „погоди“ кој. Секаде, во секоја мултиетничка средина таа доаѓа на „дневен ред“ како последен, но најопасен терен на кој би можело да се ублажи неминовен пораз од погрешна стратегија и тактика против власта. Да, и со валкани, дури со крвави раце да се извојува привремена победа. Тоа се партии во опозиција и медиуми- нивни трабанти или „блиски“ до нив.

Во последно време во Македонија е се поевидентно токму подгревањето на меѓуетничката тензија. Се користи мал и најмал повод за тоа.

Дали е тоа одлуката на Владата „основците“ од немнозинските заедници (не само од албанската, како што насочуваат подгревачите) да го учат македонскиот јазик од прво одделение? Се разбира дека воопшто не е, но мора да е што поголем.

Ќе помогне ли изјавата на премиерот Никола Груевски да „им се оладат“ страстите на пдогрејувачите? Можеби, но само привремено. До следната „погодна можност“:

„Политиката на Владата е на сите во Република Македонија, кои што не се Македонци по етничка припадност, да им се овозможи да го користат сопствениот јазик и да го афирмираат. Од нас немојте да очекувате дека ние ќе забрануваме нечиј друг јазик. Напротив, само ќе ги афирмираме можностите. Исто така е добро она што се кажа, да има поголема интеграција во иднина. Жалам што ова се сфати малку погрешно. Можеби и ние не извршивме до крај целосни подготовки или не почувствувавме дека ќе има погрешно разбирање од страна на родителите и можеби и учениците“.

А колку учењето на македонскиот јазик е сензитивно? Воопшто не е, доколку се остранат или предупредат „задните намери“. Тоа и се покажа: разбирајќи го како нужност да се изучува од најраната фаза на развојот на детето (во секојдневната комуникација и пред почетокот на школувањето), бидејќи е единствен официјален јазик во државава, не е сензитивно за ниедна немнозинска заедница, освен за албанската (некои од неа, но тоа не се учениците; не бојкотираат тие, туку нивните родители инструирани и поттикнати на тоа). И какви „целосни подготовки“ беа потребни за да нема „погрешно разбирање“?

Да: родителите- партиски послушници да ја научат разликата помеѓу официјален и службен јазик во подрачја со мнозинско население, а не, како што тоа континуирано и со јасна цел го прават „партијци“; тоа да е „исто“, односно службениот јазик, конкретно албанскиот да се третира како официјален. Па се оди дотаму што учењето на официјалниот се третира како тортура, дискриминација, „македонизирање“ на „албанскиот народ“ во Македонија (не вреди да потсетуваме дека тој не е тоа, туку, според Уставот, „немнозинска заедница“)…

„Неснаоѓањето“ во овој „мал галиматијас“ е видливо и кај претставниците на меѓународната заедница, конкретно на ОБСЕ, „иницијаторите“ на учењето на официјалниот јазик во државата од „најраната фаза на академскиот живот“, како што е тоа „вообичаено“ во сите развиени, демократски држави во светот. Дотолку повеќе, затврдено е како нужност за да се избегне она што веќе претставува најсериозна закана за мултијазичките заедници, како што е Швајцарија: не етничка, не верска, туку јазичка дискриминација и гетоизација. Потврда е она што го предвидува стратегијата на ОБСЕ.

Еве „објаснение“ (посебно за некои од албанските политички партии, особено „радикалците“) на Хосе Луис Хереро, првиот човек на мисијата на ОБСЕ во Македонија, во интервју за А1 ТВ:

Политиката за интегрирано образование, која ја предложи високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, а која ОБСЕ ја поддржува и се обидува да ја имплементира, има предвид повеќе аспекти. Главната цел е дека образовниот систем е алат за интегрирање на заедниците овде. Како што гледаме сега, како резултат на Охридскиот рамковен договор, за некои многу позитивни мерки кои беа преземени, за да се гарантираат правата на другите заедници, да имаат образование и јазик, се појавија и некои не толку добри ефекти.

Тоа е одвојувањето на заедниците. Предложената политика содржи мерки да се искористи образовниот систем за интегрирање на заедниците, а не за одвојување. Како таква, има многу компоненти. Во основа, велиме дека државниот јазик, во согласност со Уставот, е јазик кој се зборува на целата територија и се користи за меѓународна употреба, и треба да го учат сите. Тоа е неопходен јазик, и треба да го учат сите уште на почетокот на образованието. Ова е првата точка.

Еве го и „неснаоѓањето“ , односно мешањето на „баби“ и „жаби“:

Втора точка. Албанскиот јазик, кој го зборува повеќе од 20% од населението, и е официјален јазик, секако, треба да го изучуваат оние на кои им е мајчин јазик, а и другите заедници треба да се поттикнуваат да го изучуваат. Секаде, особено во општините каде има значителен процент на албанско население, но и низ целата земја, односно во останатите општини. Учењето треба да се поттикнува.

Треба да повторам дека албанскиот не е официјален, туку службен, и тоа не „особено“, туку само во општините каде што мнозинско население е албанското (според Уставот)? И како да се толкува ставот дека „и другите заедници треба да се поттикнуваат да го изучуваатниз целата земја, односно во останатите општини“? Не е ли тоа „промоција“ на албанскиот во официјален, нешто за што албанските политичари вложуваат „огромни напори“, и тоа „во духот“ на Рамковната спогодба?

Да, учењето (воопшто) треба да се поттикнува, но што би било кога би било: родителите на учениците-Албанци се загрижени поради нивниот капацитет (македонскиот им доаѓа како „трет јазик“, по англискиот!), а од друга страна се „поттикнуваат“ да ги учат и службените јазици на другите етнички заедници во Македонија (за учениците-Македонци нема проблем; за да не се учат на идна дискриминација „особено добро“ да ги учат јазиците на сите немнозински заедници)?!

Прочитај и за ... >>  За човечкото достоинство

Предупредувањето на Хереро упатено на албанските политичари е сосема на место:

Мислам дека политичарите работат како политичари. Понекогаш почнуваат дебата, која не соодветствува со реалноста на терен. А ова е законски. Слушнав ставови на албанските политички лидери неодамна, дека постојат два елемента во врска со ова. Едниот е самата идеја за учење на јазикот, која не е неприфатлива. Повеќе би рекол дека е прифатлива. Другата е за начинот како да се спроведе ова. Дали тоа ќе врати некои елементи од минатото или не. Ова е тоа на што инсистирам. Спроведувањето на оваа политика да биде на начин кој нема да ги предизвика тие негативни елементи.Никако да не се враќаат ситуации од минатото.

Една „разумна шлаканица“ на албанските политичари им „удри“ и амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер. Им порача:

„Нашата поента како амбасада, а верувам и на меѓународната заедница, е дека граѓаните на оваа земја треба да го зборуваат македонскиот јазик. Одлично е и ако знаат да зборуваат и други јазици исто така, вклучувајќи го и нивниот мајчин јазик. Се работи за комуникација, тоа е многу важно. Се работи за давање можност на младите да се едуцираат, а тоа може да се постигне со дијалог и комуникациоја. Треба да престанете да бегате од главната поента кон некои неважни прашања“.

Сосема е прифатлив ставот на градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи: проблемот би се надминал кога и македонските првачиња би го имале албанскиот јазик како задолжителен, во средините со мнозинско албанско население (греши кога вели дека се работи за задолжителен јазик; со одлуката учењето на македонскиот не е тоа):

„Не гледам зошто албанскиот да не го изучуваат македонските првачиња во средините со мнозинско албанско население. Не можам да разберам зошто тоа би било проблем. Само на тој начин ние ќе дадеме аргумент дека нема потреба да има недоверба во комуникација, особено кај младите генерации“.

Но и мала „додавка“: службениот јазик на доминантната немнозинска заедница на одредена територија (општина) факултативно (односно исто онака како што е предвидено со одлуката на Владата- „разговорно“) да го изучуваат сите првачиња што живеат на неа (се разбира и првачињата-Македонци). Навистина, не гледам никаква причина зошто да не.

Но, она најважното: подгревањето на меѓуетничката тензија , поточно на меѓуетничката нетрпеливост.

Прашање: дали таа навистина расте и кој е одговорен ако е? Има најодговорни (повторувам): албански и опозициони партии и нивни медиумски трабанти. А токму тие го тврда тоа. Дали како резултат на нивната „активност“ на тој план? Уште и загрижени. Какво лицемерие!

„Нормално“, тие ја обвинуваат „Владата на Груевски“, што е нонсенс. Зошто би го правела тоа? За и натаму да владее „комотно“?! Наведуваат нејзини конкретни „свесни потези“: „контроверзната енциклопедија, одлуката за верски објекти и споменици, конфузните одлуки и изјави на коалициските партнери за задолжителен македонски јазик за првачињата од албанската заедница, тепачките во училиштата

Имер Селмани, лидер на „Нова демократија“:

„Мора да се смени курсот, затоа што за жал ние ќе имаме немири во државата, ќе имаме нестабилна политичка клима“.

Цветанка Иванова „парламентарка“ на СДСМ:

„Владата се однесува како да е во опозиција. За се што се случува е виновна опозицијата. Сите механизми се во рацете на власта“.

Мошне разумно е предупредувањето на Џеват Адеми од ДУИ, но е големо прашање дали допира до ушите на подгрејувачите“, а пред се на „радикалците“:

„Несмееме да си дозволиме во Македонија да се подгреваат страстите, да се подриваат односите помеѓу заедниците кои со огромна мака, со надчовечки усилија ги релаксиравме“, Џеват Адеми, ДУИ.

Овие изјави- реакции доаѓаат по објавувањето на резултатот од сомнителната анкета на НВО Центарот за меѓуетничка толеранција: меѓуетничките односи во Македонија се на работ на конфликт. Велам сомнителен, зашто ако е точен, тогаш би морало да има „големи раздвижувања на народот“, но и „силни активности“ на меѓународниот фактор. Се знае што значи, во изминатиот период мошне „илустративно“ видовме како изгледа да се биде „на работ од конфликт“.

Според анкетата, над 70% од граѓаните се изјасниле дека чувствуваат оти расте националната нетрпеливост, а само нешто повеќе од 20% веруваат дека односите помеѓу заедниците се добри.

Од Центарот посочија дека единствено во 2001-та имале ваква бројка на етничка нетолеранција:

„Показателите се дека меѓуетничките односи, помеѓу етничките заедници, овде не се работи за една до две етнички заедници, туку се работи за сите етнички заедници, се на такво ниво што многу брзо може да ескалираат“, изјави Владо Димовски.

Уште повеќе ги загрижувал податокот дека најголемиот дел од испитаниците, инаку жители во меѓуетнички средини, изјавиле дека не се во добри односи ниту со своите први соседи од друга националност, што се нема случено во ниту едно од претходните истражувања.

И она што следи е како од „устите“ на албанските и опозиционерските партии: како главни проблеми граѓаните навеле слични примери Албанците ги револтира што нема да има џамија на плоштадот, им пречи и што македонските ученици не учат албански, Ромите повторно се изјасниле дека се чувствуваат како граѓани од втор ред, а на сите им пречи сквернавењето на верски објекти (кое сквернавење?!). Повеќе од половина изјавиле дека се плашат од меѓуетнички конфликти, а речиси сите испитаници се согласиле дека ова е проблем кој треба итно да се решава.

А суштината, поради која треба сите да се загрижиме, да се загрижи и меѓународниот фактор кој за многумина е „решавачки“, е партиското односно опозиционерското играње на националистичката карта во трката по рејтинг, во борбата што поскоро, ако може уште денес да падне „Владата на Груевски“ која „ја уништува државата“.

Како е можно досега да не научија дека националистичката карта била и секогаш ќе биде контрапродуктивна?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here