Конструктивна позиција- деструктивна и опструктивна опозиција

Многу често, речиси редовно, власта (и актуелната и поранешните) ѝ префрлува на опозицијата дека врши постојана, континуирана опструкција на нејзината работа и владеење. И кај независните медиуми и новинари (што можат да се избројат со прстите од едната рака) тоа поначесто се нагласува. Се разбира, со приведување на конкретни примери, изнесување на „подебели“ аргументи.

Дури, при една расправа во македонскиот Парламент еден опозиционен пратеник кажа нешто  што во јавноста се одмолча, како таа да не го чу или не го дочу, а за што е неопходно „дообјаснување“: дека е „мошне тешко“ да се биде конструктивна опозиција. Значи ли тоа дека е полесна и поприфатлива деструктивната и оти, на посреден начин (како лесна) се признава дека ја практикува тој и неговата пратеничка група?

Се знае ли разликата помеѓу деструкцијата и опструкцијата? Можно ли е да се мисли дека значат исто? Со оглед на степенот на образование и пратеничката функцијата, во тоа не може да се поверува.

Сепак, сосема кусо да потсетам на основното поимање на нештата:

-деструкција-уривање, разорување, уништување, преврат (наспроти конструкцијата-градење, правење, ѕидање, подигање);

-опструкција-спречување, пречење, забавување-кочење; конкретно: попречување на собраниска работа со долги говори.

Ако го прифаќаме признанието дека на опозицијата ѝ е многу тешко да биде конструктивна, тоа не значи друго освен дека таа едновремено признава оти е деструктивна. Се разбира, последица на тоа е најнапред катстрофално нискиот рејтинг односно довербата кај јавноста, конкретно кај гласачкото тело, и неминовен тежок пораз на избори.

Меѓутоа, според многумина „ескперти“ (има ли таков за оваа проблематика; треба ли да се биде тоа макар во наводници?) втората опозициона „активност“ е многу поопасна  и поефективна. Затоа што е перфидна, лицемерна, многу потешко препознатлива, задкулисна, а пред сѐ опасна-со далекусежни последици не само за оној против кого е насочена, во случајов коалицијата на власт, туку и за државата и нејзината пеерспектива, за народот и неговото денес. Кога, пак, таа активност се врши невешто, несмасно, политикантски, дилетантски и долготрајно, тоа е многу поголема причина за катастрофално нискиот рејтинг на опозиционите партии.

Од друга страна, пак, кога ќе се препознаат и деструкцијата и опструкцијата, многу му е полесно на оној кон кого се тие насочени. Особено ако во секојдневното работење е конструктивен и со реални, видливи резултати. Станува сигурен, моќен, супериорен, па дури и потценувачки, цинично, иронично расположен спрема деструктивецот и опструкционистот.

Само по една „илустрација“ на деструктивното и опструктивното дејание на политичката опозиција (не само во Парламентот):

Моќни средства на деструкцијата се лагата и манипулацијата. Како што е, на пример, наводно енормно зголемен бројот на иселени млади луѓе од земјава („бегање на мозоци“) за само неколку месеци. Без притоа да се направи макар обид за сестрано и темелно промислување на проблемот кој, меѓу другото, има неспорно глобална, меѓународна димензија.

Опстукцијата како попречување на собраниска работа со долги говори  е веќе „стара приказна“ , па ќе посочам на друга, многу „посуптилна“, веќе реализирана и на меѓународен план: „нужноста“ од политички дијалог на сите поллитички „чинители“ со „сесрдна помош“ на „меѓународниот фактор“.

Наместо да проценувате и оценувате дали и колку парламентарната опозиција е деструктивна и опструктивна, поставувам мошне актуелно прашање на кое можеби ќе ви успее да си одговорите:

Дали сегашната македонска позиција ќе издржи со ваква опозиција?

Поинаку формулирано:

Дали по избори односно победа и формирање на владејачка коалиција опозицијата (каква што е) може да биде „пристојно“ и ефикасно конструктивна?

Коментирај со својот Facebook профил

Оставете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *