Потребно време за читање: 3 минути

Сезоната на тенисерките им заврши со Мастерс турнирот во Доха, а тенисерите ги чека финалната пресметка на 8- темина најдобри на планетата закажана за крајот на идниот месец во Лондон. Во меѓувреме ќе се одиграат и турнирите во Базел и Валенсија, како и Мастерс-от во Париз.

Годинашнава сезона ја одбележаа и два настана „покрај“ или „околу“ тениските терени: најавата за скорешен крај на кариерата на Надал и автобиографската книга на Андре Агаси во која „се исповеда“ дека се дрогирал.

На последниот Мастерс- турнир за жени во Доха (главен град на Катар) триумфираше Серена Вилијамс. Ја победи својата сестра Венус со 2:0 (по сетови 6:2 и 7:6). Таа по втор пат го освои пехарот на ВТА-шампионатите (првпат во далечната 2001.).

Треба да се одбележи дека Серена и Жистен Енан од Белгија се единствените тенисерки на светот кои постигнаа победи на завршниот Мастерс и со две Гренд-слем титули во иста година (Енан во 2007.).

В понеделник во Базел- Швајцарија започнува турнирот што му припаѓа на категоријата ATP 500 и се игра за награден фонд од 1,75 милиони евра. Прв носител ќе биде миленикот на домашните навивачи Роџер Федерер, најдобриот светски тенисер, кој е роден во овој град на границата помеѓу Швајцарија и Германија.

Прочитај и за ... >>  Киднапирање на „извалкан“ политичар

А водечкиот светски тениски физиотерапевт, Чехот Михал Новотни, кој веќе 6 години го лечи шпанскиот тенисер Рафаел Надал, најави скорешен крај на кариерата на еден од двајцата најдобри тенисери на светот. Познатиот проблем со колената и други ќе му „дозволат“ да издржи уште најмногу три сезони. На 3- ти јуни тој ќе наполни само 23 години.

Според Новотни, освен колената проблем е што кај Надал постојано се појавуваат ситни повреди кои никако да ги излечи. Како што изјави во најтиражниот чешки весник „Млада Фронта-Днес“, тој има големи и силни мускули на нозете што, се разбира, не е лошо, но за нив има мошне мали стапала. Тежината нема каде да ја распореди, така што оптоварувањата на местата каде што мускулите се спојуваат со коските се мошне големи. Проблем е и неговиот стил на игра- агресивен и експлозивен, со што оптоварува цел синџир на мускули на левата страна, а тоа почнува да се покажува на послабите места- во колената. Потоа болката постапно се шири натаму.

Прочитај и за ... >>  Сериозна поддршка на македонскиот филм

Славниот физиотерапевт објаснува дека, благодареие на својот стил на игра, Федерер такви проблеми нема и веројатно ќе нема:

„И не може да ги има, При неговата чиста и неисфорсирана игра речиси е невозможно да се повреди. Има совршена техника, ударите му се речиси идеални, одлично ја користи силата и троши многу помалку енергија. На Федерер во изминатите повеќе од 8 години работа во врвот на светскиот тенис само 2 пати сум му помагал“.

Новотни констатира дека тенисот станува се поагресивен, бара се повеќе, календарите на натпреварите се многу погусти и затоа здравјето на играчите им е се позагрозено.

Топ тема во тенискиот свет е признанието на Андре Агаси во автобиографска книга дека во текот на кариерата користел дрога и ги лажел спортските власти за да се спаси од суспензијата.

8- кратниот шампион на Гренд Слем турнирите напиша дека во 1997. година, во времето кога неговата кариера почна да стагнира, ја пробал дрогата „кристал мет“, но и тогаш успеал да го измами здружението на професионални тенисери – АТП, убедувајќи го дека користењето на дрогата било случајно.

Прочитај и за ... >>  За мудрите луѓе

Некои изразија сомнеж, како на пример тенискиот стручњак Радмило Арменулиќ. Смета дека се работи за обичен маркетинг, за што подобра продажба на книгата:

„Сигурен сум дека тој дел го напишал намерно за книгата да му биде што повеќе продавана, но не само поради тоа. На повеќето тенисери кога ќе им заврши кариерата им недостасува популарноста и вниманието на медиумите. Сетете се што правеше Борис Бекер по завршувањето на кариерата- сега фотографии од венчавка, сега слики од развод. Меѓутоа, ги има и оние што не се такви, како Лендл, Едберг, Сампрас…

Но таков маркетинг е голема глупост. Сега постои можност Агаси воопшто да не се ни дрогирал во текот на кариерата, туку тој детал да го измислил од иста причина, што би било ушпте поголема глупост. Тоа никогаш нема да го дознаеме, зашто и кога некој сега би го тужел, на судот би можел да каже дека само се шегувал…Не знам што е во неговата глава“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here