Потребно време за читање: 2 минути

Токму тоа е главниот проблем на македонската актуелна опозиција: се да напаѓа, да „црнее“, особено она што е очевиден успех, постигнување за „обичниот“ човек. А кога ќе се соочи со несоборливи аргументи и факти, едноставно замолчува, премолчува и чека нова (не)прилика да продолжи за истото (па и кога нема врска со „новото“). Што не е ништо друго, освен „голо“ критизерство. Не може да се разбере зошто упорно „турка“ така, кога во изминатиов период, од губењето на власт до денес, не доби- не добива ниту промил повеќе во подобрувањето на катастрофалниот рејтинг.

И најновиот извештај на Инситутот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (тинк-тенк“ – независна јавна истражувачка организација) за успешноста на Владата на Груевски е доказ за тоа. Најверојатно ќе биде премолчен или, што е помалку веројатно, оценет како пристрасен (од „докажан“ како еден од „нејзините“).

Оценката на Институтот е дека Владата на Македонија реализирала најголем дел од активностите во периодот по парламентарните избори до октомври годинава.

Прочитај и за ... >>  Рецесијата не е никаков бауч

Во извештајот се наведува дека се анализирани 10 сектори, а акцентот се става на она што треба да се (на)прави во наредниот период:

Создадени се услови за поголема правна и безбедносна сигурност на граѓаните, но е нужно продолжување на борбата против корупцијата; на економски план мора да продолжат реформите во сите сфери, а Владата треба да посвети поголемо внимание на инвестициската активност.

Во делот за надворешната политика се констатира дека е таа преоптоварена со внатрешно- политичките процеси во земјата и затоа е потребен национален консензус за нејзините приоритети.

Исказ на Благоја Наневски, универзитетски професор:

„Остварувањето на реформите и нивната доследна примена е тој единствен лек што може да ја подобри економијата, да почне економскиот раст да е побрз, да се намали невработеноста.

Колку побрзо излеземе од дефлацијата, тоа значи дека веќе сме излегле од канџите на рецесијата. Ризиците на коишто наидуваме во сите овие области се интензитетот и правците на излегување од економската криза“.

Прочитај и за ... >>  Во корист на сопствената штета

Тој изразува стравување дека од евентуално продолжената рестриктивност на монетарната политика и неможноста од реализација на буџетските приливи онака како што се планирани за следната година.

Инаку, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ е здружение на интелектуалци и деловни луѓе, чија мисија е да обезбеди алтернативни перспективи на прашањата од областа на економијата и надворешните односи, односно „тинк-тенк“ – независна јавна истражувачка организација. Основан е во јуни годинава, а со цел да ги промовира универзалните вредности на демократијата, индивидуалната одговорност, слободата на пазарот и претприемаштвото. Неговото основање го потпомогна Меѓународниот републикански институт од САД, а иницијалното финансирање го направи Националниот фонд за демократија од САД.

Мисијата на Институтот е да и обезбеди на македонската јавност и на институциите анализи и алтернативни погледи за прашања од областа на економијата и меѓународните односи. Организира истражувања и анализи, тркалезни маси, предавања, семинари и конференции од областа на европските стратегии и меѓународните односи и објавува книги и статии од овие области.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here