„Лопата маркетинг“ или…

Сосема оправдана е жестоката реакција на опозицијата поради тоа што Владата на Македонија односно премиерот Никола Груевски токму во периодот (не во рамките!) на предизборнава кампања за претседателски и локални избори постави камен- темелници на неколку мошне значајни пркекти- зданија. Немаше да се изгуби ништо ако тие беа одложени макар за наредниот ден по нивното завршување.

Од друга страна, пак, не може да се оспори фактот дека тие се дел од нејзините зацртани програмски заложби- конкретните проекти, но и реализација на пакетот за ублажување на ударите од светската економска криза (јавни рботи). Што ќе рече дека станува збор за камен-  темелници и во буквална и во симболична смисла, а не за „лопата маркетинг“ (со посреден ефкт да, но не во однос на претседатеслкиот кандидат на позицијата или кандидатот за градоначалник на Скопје, туку на и онака високиот рејтинг на Владата и личниот на премиерот).

Сепак, зачудува и е дилетантско барањето да се одложи изградбата на „непродуктивни“ објекти, а Владата да троши од буџетот само за „продуктивни“, и притоа да се мисли на отворање на фабрики, па дури и продавници (наместо тоа да го прави приватниот сектор поттикнат и поддржан од Владата- не со пари од државниот буџет- како што е насекаде во „капиталистичкиот“ свет)!

Новата зграда на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј е „непродуктивен“ објект?

Денеска свечено (ништо ново, така правеле сите досегашни влади и премиери) е поставен темелник во близина на Камениот мост, на кејот на реката Вардар, симболичен почеток на изградбата на нов административен објект во кој ќе бидат сместени наведените институции од извонредно, капитално значење за секоја, па и за нашава држава. Проектот го реализира владината Служба за заеднички и општи работи,  а во него ќе бидат вложени 1,5 милијарди денари (околу 24 милиони евра) преку 3- годишни буџети. Со свечениот чин, кој беше проследен со света литургија, чиноначалствуваше архиепископот на МПЦ, Г.г. Стефан. Објектот ќе биде изграден за 26 месеци.

Како што потенцира прмиерот Груевски, еден од приоритетните интереси е државата да располага со ефикасни и современи институции кои ќе бидат вистински државен репрезент и кои адекватно ќе може да одговорат на задачите поради кои се опремени. Освен што ќе биде во репрезенативен дел од градот, тој ќе претставува комплекс на објекти кои ќе понудат адекватен простор и најсовремени услови за работа.

Зградата ќе биде со вкупна корисна површина од 13.510 метри квадратни, соодветно распоредени според просторните и организациските карактеристики на институциите. Композицијата и волуменот на објектот произлегуваат од урбанистичко- просторните можности и карактеристики на локацијата.

Трендафил Ивановски, претседател на Уставниот суд на Македонија, истакна дека изградбата на административната зграда е особено значајна бидејќи институцијата што ја предводи првпат по 50 години постоење ќе се всели во своја зграда.

Блиску до неа се градат Музејот на ВМРО, Еврејскиот меморијален комплекс и театарот, а е проектирана со препознатливи антички архитектонски елементи.

Како што изјави Васе Доневски, од Службата за заеднички работи на Владата, „тој максимално комуницира и ги почитува историско- естетските и градителските особености на тврдината Кале и особено на Камениот мост“.

Архитектот Слободан Живковски вели дека зградата е во антички стил, но тој му припаѓа на целиот свет:

„Можеби енциклопедиски така се делат тие архитектонски стилови, но овој му припаѓа на целата западна цивилизација. Еден интегрален дел во тоа градителско искуство е и Македонија, особено во својот империјален период. Александар знаеме подигнал 70 градови. Тоа е стилот којшто го практицирал“.

Токму архитектонското решение предизвикува главно негативни стручни анализи и оценки, а оние што и натаму инсистираат на опозиционерскиот новинарско- политички идиотизам (вклучително и нивниот претседателски кандидат)- дека Владата врши „антиквизација“ на Македонија (што, се разбира, му „легна“ на меѓународниот фактор во иста мера како претходниот- „недостигот“ од политички дијалог), и него го користат како потврда дека „власта на светот му испраќа погрешна политичка и идеолошка порака“ (кој свет?; каква порака?).

Сепак,  зачудува оценката на некои архитекти дека комбинација на модерно со античко е „не само грдо, туку и смешно“. Зарем се толку неписмени кога се работи за постмодернизмот воопшто, па и во архитектурата?

Бидејќи не сум од нивната „фела“, прифаќам дека од естетски аспект овој објект ќе се „конфронтира“ со новата зграда на Македонската филхармонија (која исто така деновиве започнува да се гради), но и двата и тоа како ќе бидат во судир со „соц- реалистичкиот“ на Комецијална банка (што е дел од комплексот), па и со грдото бетонско чудовиште („скијачка скокалница“)- зградата на МНТ. Уште ако на сето тоа му се додаде Даут Пашиниот амам (под нив), па „потонатиот“ Камен мост (во однос на плоштадот „Македонија“)…најдобро ќе биде сите наведени објекти (и уште неколку ненаведени) да не се третираат како дел од „комплекс“, туку како дел од големото скопско архитектонско шаренило, кое, се разбира, најмногу му должи на бурното минато на градот.

А за „инкорпорирањето“ на античкиот стил во модерната архитектура упатувам на бројни текстови на Интернет. Во тој контекст само ќе пренесам еден став: дека тоа се прави со многу, да не речам сите негови елементи, а не само со столбови и покрив тап тријаголник.

Патем, зградата за Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Државниот архив (да се има предвид дека се работи за три сосема различни институции) ќе биде монументална како Британскиот музеј во Лондон („англиска антика“?), со покрив во спомнатата форма што ќе го држат десетина високи столбови. Од платото на објектот со пешачки мост ќе биде овозможена директна врска со другиот брег на Вардар.

1 comment / Add your comment below

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *