Потребно време за читање: 4 минути

Дали сте забележале дека во нападите врз актуелната Влада („на Груевски“) македонската опозиција и нејзините медиумски трабанти не „гукнуваат“ ниту збор за „опкружувањето“, освен за „спорот“ со Грција? Особено кога се негира или минимизира се што е направено и се прави на економски план, без оглед што „меѓународниот фактор“ постојано дава позитивни оценки (пред се во врска со справувањето со последиците од светската криза)?

„Не дај Боже“ притоа да побарате од неа споредба со некои соседни земји, на пример токму со „кочничарот“ на Македонија за нејзино членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ, Грција. Мислите дека ќе добиете „експерттска анализа“? А зошто да барате? Нема ли таа „опозиционерска обврска“ при оценка на состојбите во земјата да има и споредбен пристап, особено со земјите од регионот?

Се разбира, не е дека нашите опозиционери не знаат или се толку недоветни и слепи за реално да ги согледуваат и оценуваат постигањата и промашувањата на власта (нормално дека ги има). Се работи за тоа дека воопшто не им одговара, а ќе се доведат во непријатна позиција да мораат да одговорат на прашања, какво што е следново: која е поевропска земја во секој поглед- Македонија или Грција?

Да, јужниот сосед од поодамна не може, дури е срамно да се нарече европска земја. А е повеќе од евидентно дека од неа се срамат и нејзините европски сојузници. Едно поради катастрофалната економско-финансиска ситуација, друго поради енормно раширените корупција и криминал, а трето (всушност прво) поради срамната наци-фашистичка политика спрема сопствените малцинства и спрема соседите, пред се спрема Република Македонија.

Европската унија станува се понервозна и се позагрижена. Особено имајќи ги предвид мошне реалните, аргументирани прогнози. Најновата е на агенцијата за рејтинг „Мудис“ (Moody’s).

Прочитај и за ... >>  Заговор или уште еден вирусен мутант на новото време

Имено, наведената агенција излезе со оценка дека нема да се случи колапс на Грција, но може „полека да искрвави“. Како што објави германскиот весник „Фајненшл Тајмс Дојчланд“ (ФТД), а пренесе Танјуг, слично сценарио на „бавна смрт“ се прогнозира и за Португалија.

„Мудис“ предупредува дека овие две земји мораат поголем дел од своите финансиски средства да издвојат за отплата на долговите, при што инвеститорите бараат високи доплати за ризик за да купат нивни долгорочни хартии од вредност. Тие се уште можат да ја избегнат катастрофата, но мораат многу брзо да дејствуваат. Пред се Грција оти и „истекува времето“.

Стравот поради платежната неспособност на јужниот сосед веќе неколку недели создава нервоза на финансиските пазари. Минатата година е забележан буџетски дефицит на ниво од 12,7%, а вкупниот јавен долг претставува дури 125% од бруто домашниот производ (БДП).

„Мудис“ пред новогодишните празници го намали рејтингот на долгорочни обврски на Грција на ниво А2, а обврските на Португалија засега се проценуваат нешто подобро- на ниво од Аа2.

Треба да се има предвид дека вреднувањето на Грција од страна на агенцијата „Мудис“ е за 2 степена поголемо од прогнозите на другите две најпознати светски агенции за рејтинг „Стандард енд Пурс“ (Standard &Poor’s) и „Фич“ (Fitch), кои за таа земја воспоставија рејтинг на ниво БББ+. Доплатата за ризик на грчките долгорочни хартии од вредност во однос на референтните германски хартии достигнаа дури 250 базични бодови.

Владите на двете држави можеби ќе бидат принудени да ги зголемат даноците што ќе ги забави инвестициите и ќе го поддржи одењето на многу граѓани во странство.

Со свој напис за кризата во Грција се јави и угледниот „Тајмс“. Тој потенцира дека најмоќната и најголемата земја членка на еврозоната Германија може да се случи да биде погодена од тешката економска криза во Грција, затоа што случувањата во оваа земја се претвораат во тест за целата зона на заедничката европска валута.

Прочитај и за ... >>  Со посета на Турција Барак Обама ја завршува својата успешна европска турнеја

Според весникот, планот за стабилизација, кој го прогласи Владата во Атина, изгледа неверојатен бидејќи предвидува сегашниот огромен буџетски дефицит од 13%, за само 3 години да го намали на 3%, колку што е дозволено и предвидено во еврозоната. Тоа значи дека со еден потег во Грција би биле изведени коренити реформи во државниот и во приватниот сектор, што досега никој не успеал да го направи. Тоа неминовно ќе предизвика длабока криза, а што директно ќе ја погоди и стабилноста на целата зона на заедничката валута.

Најтешко помеѓу сите земји членки ќе и биде на Германија. Оваа најбогата земја во еврозоната ќе се најде во улога на гарант на долгот на Грција, иако тоа не е никаде предвидено со условите за влез и членство во зоната. „Тајмс“ наведува дека германските гаранции за темелно растресената грчка економија се „неопходни за да се зачува стабилноста“ на целата зона на еврото. Со други зборови, грчката криза ќе падне на товар и на Германија и на нејзиниот канцелар Ангела Меркел, која на тој начин ќе се најде во тешка ситуација како сето тоа да им го објасни на германските гласачи.

Мошне мрачни прогнози дава во своја анализа и „Дојче банк“: евентуалниот банкрот на Грција би бил поголем од оној на Русија и на Аргентина, со оглед на тоа што нејзиниот долг е двојно поголем во споредба со овие две држави кои прогласија банкрот во 1998-ма и во 2001-ва година. Државниот долг на Русија во 1998-ма изнесуваше 51 милијарда, а на Аргентина 57 милијарди евра, додека долгот на Грција во моментов изнесува 254 милијарди евра.

Прочитај и за ... >>  ИПАРД- фондовитe на ЕУ и во Македонија

„Бројките кои се однесуваат на државниот долг на Грција се огромни во однос на оние кои ги видовме во минатото во други држави кои банкротираа“, изјави аналитичарот на „Дојче банк“, Џим Рејд.

На „оние“ од ЕУ не им преостанува ништо друго, освен да се обидат да и помогнат, поточно да ја спасат својата сојузничка. Најнов таков обид е вечерашната доверба (без „покритие“), што ја изгласа Еврогрупата во Брисел, а во која членуваат министрите за финансии на земјите од еврозоната. Со една „задршка“ односно барање: Грција да преземе итни мерки за намалување на државниот долг и на буџетскиот дефицит. Министрите нагласуваат дека Атина сепак самата ја сноси одговорноста за решавање на сопствените проблеми со државните финансии.

Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину пред своите колеги од еврозоната го претстави планот на грчката Влада за стабилизирање на економијата. Документот предвидува буџетскиот дефицит на Грција да биде намален од минатогодишните 12,7% од бруто домашниот производ на 8,7% оваа година, а во следниот период, до 2012-та година, да достигне 3%. Планот предвидува и постепено намалување на државниот долг по 2012-та.

„Дознав од информациите, кои ни ги презентира нашиот грчки колега, дека мерките кои Владата планира да ги преземе се во вистинска насока“, изјави претседателот на Еврогрупата, Жан Клод Јункер.

Тој изрази надеж дека Грција во разумен рок ќе воспостави баланс на сопствените државни финансии.

Проблемот со грчките финансии ќе биде разгледан на утрешната средба на министрите за економија на 27-те земји-членки на Европската унија во Брисел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here