Потребно време за читање: 2 минути

Ако нешто на опозицијата и беше лоша „карта“ во педизборната кампања, тоа секако беше „удирањето“ по „промашувањата“ на Владата на Груевски во земјоделието.

Во неа една новинарка, која крена раце од не којзнае колку успешната и забележлива новинарска кариера и се „прешалтува“ во политиката (стана пратеник), се прогласи за земјоделски експерт со наметливото нагласување „Јас знам како“ (иако „заборави“ да го истакне формалното „земјоделско“ образование- логично е експертноста да се „обележи“ со М-р и Д-р) и заедно со своите партиски „компањони“ (од СДСМ) се обиде да го негира или барем да го минимизира евидентниот успех в о оваа област.

Не станува збор само за радикален пресврт во субвенционирањето на македонското земјоделие, туку за вистинска осмислена долгорочна реформа со која оваа стопанска дејност ќе стане најзначајна и најголем- најуспешен бренд на Македонија.

Најновиот извозен успех е извозот на 250 тони македонски праски во Русија со заработка од над 1 милион евра. Се очекува извозот на земјоделски производи во оваа земја да надмине 10 милиони евра.

Прочитај и за ... >>  Од вашата доврба зависи нашата самодоверба

250-те тони македонски праски ќе се извезат до август, а е обезбеден пласман на уште 1.500 тони од Росоман во Белорусија, Хрватска, Украина.

Медиумите го афирмираа успехот на земјоделецот Кире Шошов, сопственик на претпријатието „Душан Кириќ“ од Росоман, кој се посветил на бизнисот со праски, а помогнат од владините субвенции:

„Во последните 10 години немаме проблеми со извозот. Секоја година ги зголемуваме обработливите површини, а со тоа и производството. Тоа се должи на субвенциите на Владата“.

При испраќањето на првиот камион на праски за Русија присутен беше и миинистерот за финансии Зоран Ставрески. Потенцирајќи дека промоторите помогнале за пласманот на росоманските праски на рускиот пазар, тој потенцира дека регионот има голем потенцијал да се стаса и до 10 милиони евра извоз во Русија.

Интересен податок за извозот на земјоделски производи изнесе ресорниот министер Љупчо Димов: во првите 4 месеци годинава е зголемен за 7 пати споредено со лани.

„Лани извозот на земјоделски производи достигна 424 милиони евра, речиси двојно споредено со 2006. година кога се регистрирани 240 милиони евра“.

Прочитај и за ... >>  Русија-Украина: договорена испораката на гас, но и ревизија на билатералните договори

Потсетување како обврска за целосна реализација: годинава за земјоделците се предвидени субвенции од 115 милиони евра, а во „Манифестот“ (програмата за новиот 4- годишен мандат) ВМРО – ДПМНЕ вети дополнителни 585 милиони евра помош до 2015. година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here