Потребно време за читање: 4 минути

На патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до градското пристаниште, долга 30 км, се одржа традиционалниот 23- ти на ред меѓународен пливачки маратон, според многу нешта единствен, но и еден од повеќето во рамките на ФИНА- меѓународната пливачка федерација.

Пкровител беше претседателот на државата, Ѓорге Иванов, а пливачите се бореа за бодови и за вкупен награден фонд од 25.000 долари.

Охридскиот маратон има завидни резултати, особено на планот на врвниот професионализам во неговото одржување, но во последниве неколку години се почесто се заговараат промени, притоа задржувајќи ја „основната“ традиција. Впрочем, како и секоја друга, традицијата никогаш не значела и не значи еднакво „робување“ на формата и содржината, туку напротив, во рамките на формата секогаш или одвреме- навреме (но не според слободна проценка) да се менува, надградува, збогатува содржината.Охридскиот пливачки маратон ги „живе“ годините на своето „полнолетство“, но ја губи „младешката жар“. Речиси буквално од година на година „се е исто како лани“, а во последниве и кога станува збор за победникот- победниците. Годинава, дури по осми пат, победи Бугаринот Петар Стојчев, без оглед што овојпат на целта беше многу подраматично- победникот го одлучи фото финиш.

Дел од традицијата:

Од година на година маратонот привлекува се поголемо внимание кај најдобрите светски пливачи, па годинава тој беше еден од најсилните по 1998- ма, кога стана дел од Гран- при серијата на ФИНА.

Прочитај и за ... >>  Ново 64-то издание на Канскиот филмски фестивал

Тоа еднакво се однесува и на машката и на женската елита. Освен победникот, инаку лидер во „светскиот маратон“ со 44 бодови, учествуваа уште дури 5- мина од првите 8- мина: Габриел Вилјагоиз и Дајман Блаум од Аргентина, Родолфо Валенти и Едоардо Стокино од Италија и Германецот Александар Стуџински; 3 од 5 најдобри маратонки годинава- Камила Фредијани, Пилар Хеихо и Маријанела Мендоза од Аргентина.

Разбирливо, како секогаш и годинава најбројни беа натпреварувачите на домаќинот- Република Македонија: 7- мина пливачи предводени од ветеранот Томи Стефановски, кој по денешниот 11- ти настап се прости од охридската публика- ја завршува пливачката кариера.

Најинтересното од минатото:

Првата маратонска трка на релацијата „Горица – Охрид“, во должина од 2,5 км, е одржана во 1954- та година. Учествувале 8- мина пливачи, а победил Нико Нестор. Следните се одржани во 1956- та и 1977- та година, победници Дики Бојаџи и Ѓоко Чудов. Се натпреварувале и жени, а најдобри биле Снеже Групчева и Соња Думбалоска.

Првата вистинска маратонска трка на патеката Пештани – Струга – Охрид, во должина од 36 километри, е одржана во 1962- ра година. Учествуваа 22- ца пливачи од 12 земји. Следната година поради катастрофалниот земјотрес во Скопје маратонот не се одржа, а во годините што следат (1964, 1965, 1966) на на него учествуваат по 20- тина пливачи. По ова доаѓа до прекин, а во 1983- та година е возобновен „малиот“ маратон од Горица до Охрид што се одржува и денес.

Прочитај и за ... >>  Време за Курбан Бајрам

Во 1992- ра на иницијатива на спортската ревија „Скок“ е возобновен охридскиот пливачки маратон. Секоја година во Охрид се собира елитата на пливањето од целиот свет и крајбрежно од манастирот Свети Наум се плива до целта на градското пристаниште во Охрид во должина од околу 30-тина километри. Од 1998- ма тој е во Светскиот пливачки клуб од 12 маратони кои се одржуваат ширум светот и се под покровителство на ФИНА.

Денешниот полбедник го реши фото- финишот. По осми пат победи Бугаринот Петар Стојчев, со време од 5 часа, 25 минути, 38 секунди.

Негова изјава по пристигнувањето на целта:

„16 пати веќе ја пливам оваа патека од Свети Наум до Охрид. Ако продолжам да се занимавам и понатаму со маратонско пливање и наредната година отсега најавувам дека сигурно ќе дојдам. Најтешката трка ми е овде, а оваа беше една од најтешките бидејќи пливавме во мирно езеро и чиста вода. Конкуренцијата беше силна и годинава ми беше многу тешко да победам“.

Веднаш по Стојчев на целта како второпласиран пристигна Александар Стружински од Германија, со време од 5 часа, 25 минути и 38.50 секунди, а трет на целта стаса Даниел Блау од Аргентина кој зад Стојчев имаше заостанување од само 20 секунди. Најбрз Македонец беше Томи Стефановски. Патеката тој ја преплива за 5 часа, 33 минути и 37 секунди, а неговиот настап беше и дел од подготовките за препливување на каналот Ла Манш на 50 годишниот јубилеј, откако него за прв пат го преплива Охриѓанецот Нико Нестор.

Прочитај и за ... >>  Масакр во американската воена база „Форт Худ“ во Тексас: 13 жртви на поулавен психијатар

Најбрза во женска конкуренција беше Камила Бертијани од Италија, која патеката од Свети Наум до Охрид ја преплива за 5 часа, 50 минути 37 секунди и 26 стотинки.

Само тројца од вкупно 29- мина пливачи не го завршија маратонот, помеѓу ни и Македонецот Марјан Мирчески.

А она за нужноста од промена задржувајќи ја „основната“ традиција, односно промена на содржината во рамките на формата, всушност „произлегува“ од некои коментари во медиумите дека маратонот станува по малку здодевен (дури и во однос на победникот, што е нонсенс и треба како таков веднаш да се отфрли). Да, промените не се неопходни, особено не радикални, но сигурно нешто барем како придружна содржина би можело да претставува освежување, па и надградба. Што, од друга страна, би значело дека не и се „робува“ стоанастотно на содржината. Сигурно дека многумина од нас имаат идеи, би можеле да дадат личен придонес на тој план (на пример претходен „туристички маратон“ во повеќе дисциплини, со учество на пливачи рекреативци- туристи во Охрид), но едно секако треба да се има предвид: да се остане во „придружната рамка“, а да не се „чепка“ во самиот пливачки маратон (на пример, промена на патеката- нејзино скратување, поголема селективност на учесниците наспроти масовноста и сл.). Впрочем, на тоа обврзува и членството во Светскиот пливачки клуб под покровителство на ФИНА.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here