Потребно време за читање: 4 минути

Кога ти минуваат- мислиш дека ти минуваат многу лаги како вистини, а е се поочигледно дека се тие „употребно орудие“, отворено опозиционерско, а не независност односно објективност, како што постојано прикажуваш, убедуваш, се обидуваш да наметнеш, една откриена го урива „системот“.

Станува збор за срамна лага чиј ефект е долгорочен. Не само за новинарот, кој згора е еден од првите, највозрасните, најавторитетните во медиумот (електронски- телевизија), туку и за просторот кој го има освоено и „менторите“ за кои веќе отворено „работи“. За кредибилитетот кај корисниците- гледачите…

Срамот е „меѓународен“, доаѓа директно од Брисел, од Европската комисија, најдиректно од кабинетот на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Лагата е многу „конкретна“, мошне „бомбастична“, а ја пласира на „својот“ медиум- А1 ТВ, новинарот Сафет Бишевац (на 10.03.о.г.). Еве ја „од А до Ш“ (целиот емитуван прилог“):

„Писмо од Филе до Груевски
Лекција по демократија за слободата на изразувањето и независноста на медиумите за македонскиот премиер Никола Груевски од еврокомесарот Штефан Филе. А1, дојде до писмо што Филе му го испратил на Груевски, по полицискиот упад во А1 Телевизија на крајот од ноември.
Писмото, во кое еврокомесарот Филе директно од Груевски бара одговори на серија постапки на надлежните државни служби, премиерот и неговиот кабинет веќе два месеца го кријат од јавноста.
Во писмото, Филе на македонскиот премиер му ја нагласува важноста за слободата на изразување и независноста на медиумите како камен темелник на европските демократски вредности.
Би ви бил благодарен доколку ми дадете објаснување за целта и обемот на операцијата пишува Филе, додавајќи:
„И покрај фактот дека криминалистичката служба би требало да си ја врши работата непречено, нивна должност е тоа да го изведат транспарентно, пропорционално и на начин кој ниту вклучува, ниту дава до знаење дека има вмешаност, застрашување или нарушување или евентуален прекин на работата на телевизиската куќа“.
Филе изразува крајно жалење од постапката на министерството за внатрешни работи, кое на својот официјален сајт ги повика граѓаните да ја тужат Телевизијата нудејќи бесплатна правна помош.
„Одлуката на министерството за внатрешни работи да испрати коментар на својата веб страница повикувајќи ги граѓаните да бараат санкции против телевизиската куќа поради нејзиното известување на настанот, мора да биде категоризирана како крајно, за жалење.
– Министерството за внатрешни работи не е надлежно да го класифицира известувањето на кој било медиумски оператор како непрецизно, необјективно или непрофесионално, ова ја истиснува улогата на независното регулаторно тело и го поткопува развојот на саморегулацијата на професијата“.
Филе од Груевски бара објаснување за влијанието на потегот на министерството за внатрешни работи врз конкурентноста на медиумскиот пазар.
На крајот Филе изразува надеж дека неговите коментари Груевски ќе ги прими во конструктивен дух за да се продолжат заедничките напори за напредокот на земјата во европската интеграција“.

Прочитај и за ... >>  Според Буш, Македонија во НАТО

Не изненадува тоа што наводното писмо се „тера“ на „своја воденица“ (случајот „Перо Наков б.б.“ односно А1 ТВ), туку цитатите, поточно коментарите од него- од Господинот Филе се навистина мошне сериозни обвинувања и поради кои Груевски навистина не би можел да „глуми“ ладнокрвност (како што изгледа). Дури најотворено (и учтиво: „Би ви бил благодарен“) се бара објаснување за целта и обемот на операцијата (се мисли на судскиот процес), а мошне „тешка“ е и оценката за коментарот на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи со кој тоа ги „повикува“ граѓаните „да бараат санкции против телевизиската куќа поради нејзиното известување на настанот, мора да биде категоризирана како крајно, за жалење“. Притоа и не изостанува и „лекцијата“ дека „Министерството за внатрешни работи не е надлежно да го класифицира известувањето на кој било медиумски оператор како непрецизно, необјективно или непрофесионално, ова ја истиснува улогата на независното регулаторно тело и го поткопува развојот на саморегулацијата на професијата“.

Прочитај и за ... >>  Неопходна заштита на новинарите

Вакво писмо од евркомесарот за проширување на ЕУ може да се оцени како „врела шлаканица“ не само врз образот на Груевски, туку и врз Република Македонија- нејзината демократија, независноста на медиумите…

Меѓутоа…
Пет дена подоцна (15.03.о.г.), „разумен“ период за да „долета“ информација на „независен,- објективен, врвно професионален медиум“ од Скопје до Брисел. Кабинетот на Штефан Филе на адреса на А1 ТВ и испорачува мошне „непријатно“ реагирање. Како што извести во „неутрален коментар“ (не го прочита на А1 колегата Бишевац), кабинетот „соопштил“ дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе соопштил оти „немал писмена кореспонденција со кабинетот на премиерот Груевски, во однос на слободата на медиумите“! Како?! Што?! Па што имал „в раце“ колегата? Што читал?
Еве го и „неутралниот “ коментар:
„Како и да е, се вели во соопштението на Филе, ние сме во постојан дијалог со властите за ова прашање.
Во однос на случајот со А1, Европската комисија известува дека ги набљудува одблиску настаните.
Комесарот неодамна ги изрази своите ставови во однос на улогата на медиумите и важноста за слободни медиуми за секоја демократија.
Слободата на медиумите е основен принцип за демократијата. Од суштинска важност е независните ТВ куќи да можат слободно и непречено да емитуваат, затоа е особено важно судската процедура да се одвива на независен, објективен и пропорционален начин“.
И следува „правдањето“:
„Писмото што А1 го објави беше добиено од неофицијални извори во делегацијата на Европската комисија во Скопје. (Ах, тие „неофицијални“ или „извори блиски до…“-заб.м).
Со оглед на содржината која во голема мера кореспондираше со ставовите на еврокомесарот за слободата на медиумите, сметавме дека станува збор за веродостоен документ.
Им се извинуваме на гледачите и на претставниците на Европската комисија за настанатото недоразбирање“.
Се разбира, со гледачите нема проблем, особено „огромниот“ број „И јас сум А1“, а претставниците на ЕК ќе имаат „разбирање“. Межутоа, останува она на почетокот од мојов прилог:
Кога ти минуваат многу лаги како вистини, една откриена го урива „системот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here