Потребно време за читање: < 1 минута

По објавувањето на крај на рецесијата минатиот месец, сега економски експерти од администрацијата на претседателот Обама најавуваат раст годинава од 4,5% на годишно ниво. Се разбира, станува збор за сериозни и детални анализи на моментните состојби, но и на потенцијалот на државата во наредниот двегодишен период.

Објавувањето на крајот на рецесијата во САД не беше никаков „популистички трик“ за враќање на оптимизмот на американскиот граѓанин, туку заклучок врз основа на економските показатели. Меѓутоа, многумина, особено од бизнисот, беа и се воздржани и внимателни. Го имаат предвид последниот национален извештај за декември, кога во САД се затворени 85.000 работни места, и тоа без оглед на забележаниот економски раст во третиот и чевртиот квартал од минатата година.

Британската агенција Ројтерс наведе дека порастот на вработување е бавен на крајот од секоја рецесија, без оглед на опоравувањето на стопанството. Нешто што очигледно не го знаат „експертите“ од македонската политичка опозиција, па ја обвинуваат Владата дека не направила и не прави ништо за макар мало- минимално намалување на енормниот број на невработени во Македонија. Сеопак, многумина во САД веруваа дека стапката на невработеност во САД ќе почне да опаѓа побрзо.

Прочитај и за ... >>  Ирак се покрвав

Интересно е дека стапката на невработенот од 10% доведе до намалување на обемот на работната сила. Прегледот на ситуацијата во домаќинствата укажува дека работната сила е намалена за 661.000 луѓе во декември.

Најновите прогнози се дека невработеноста до крајот на годинава ќе се намали незначително- на 9,8%, на крајот на 2011- та се очекува таа да изнесува 8,9%, а дури на крајот на 2012-та се предвидува стапката на невработеност да падне на 7,9%.

Стапката на инфлација во САД се очекува годинава да се движи околу 1%, следната година 1,4%, а во 2012-та 1,7%.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here