Потребно време за читање: 3 минути

Значаен традиционален проект на Министерството за економија: „Признанија за најуспешните“, во чии рамки се прогласува „Претприемач на годината“, се доделуваат награди на македонски микро и мали претпријатија односно на нивните претприемачи, а со цел поттикнување на претприемачкиот дух и култура во државата. Го организира во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Центарот за развој на претприемачи и менаџери, Европската бизнис асоцијација, Центарот за развој на нови бизниси и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Предселекцијата за изборот беше направен врз основа на податоците од Централниот регистар и на неа се пласираа 218 микро и мали претпријатија кои во периодот од 2006. до 2о 2008. година имаат резултати во зголемувањето на бројот на вработени, организациската поставеност, финансиските вложувања, маркетингот и стратегијата.

Според статистичката анализа, во Македонија се регистрирани вкупно 62.237 микро и мали претпријатија. Директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништвото Вахида Реџепагиќ истакна дека во Македонија 99,8% од вкупниот број претпријатија отпаѓа на малите и средните претпријатија, во кои работат повеќе од 70% од вработените. Селектираните 218 фирми во односниот период го зголемиле бројот на вработените од 1.400 на 3.072 лица, приходите им пораснале речиси за два ипол пати, а значителни резултати забележале и во инвестирањето.

Прочитај и за ... >>  Македонската фудбалска мафија и УЕФА

Доделени се прва и втора награда за најуспешен претприемач во категориите за микро и за мали претпријатија. Таа се состои од 1.000 евра во вредносен ваучер кој може да се користи за реклама на претпријатието, како и од статуетки, а второнаградените добија ваучер од 25.000 денари за истата намена и статуетки.

Министерството за економија додели специјална плакета за најбрзо растечка мала производна компанија и други признанија за наградените фирми.

Најуспешни се „Свис центар“ од Боговиње и скопски „Канет агро“. Компанијата „Свис центар“ на браќата Биљали се занимава со изработка на прозорци и врати, а основна дејност на „Канет агро“, на познатиот стопанственик Адем Кочан, е оранжериско производство на раноградинарски култури. Произведува 18% од вкупното македонско оранжериско и раноградинарско производство.

За најбрзо растечка мала компанија е прогласена „Хемија-комерц“ од Велес. Велешката компанијата, која се занимава со дизајнирање и производство на керамички плочки, според нејзиниот основач Трајче Трајков пред 19 години стартувала скромно, но со добро менаџирање ја достигнала сегашната позиција.

Второто место кај претприемачи на микропретпријатија го освои Игор Петковиќ од скопската шпедиција „Медитеран НП“. Компанијата во време на светска криза со напорна работа ги зголемила приходите за 13% и, како што најави нејзиниот сопственик, се надеваат наскоро да конкурираат и во категоријата на средни фирми. Кај малите претпријатија второто место му припадна на Филип Спасовски од „Полиестердеј“, фирма за графичко печатење од Скопје. Таа инвестира во дигитална технологија и во 2004-та првпат инсталира бесконтактивно печатење.

Прочитај и за ... >>  ЕУ и (не)слободното медиумско слепило

Формула за успех во бизнисот? Одамна позната и единствена, само ја потврдуваат најуспешните: посветеност и посветеност 24 часа. (Кој тоа и се потсмеваше на Владата на Груевски за „вакво нешто“?; да не беше лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски?):

Адем Кочан, „Канет агро“:

„Три фактори се важни. Посветеност, посветеност и посветеност 24 часа. Ако бараш чаре, што би рекол нашиот народ, ќе го најдеш. Оној што заспива и се буди со одредена цел има големи шанси да успее. Посветеност, посветеност и посветеност 24 часа. Фирмата постои веќе 19 години како дел од брендот „Канет“ и речиси 90% од производството се наменети за извоз“.

Нашид Асани, „Свис центар“:

„Рецептот е само со работа. Значи, ако велиме дека има криза и веќе ќе престанеме да работиме, тоа не е излез“.

Трајче Трајков, „Хемија комерц“:

„Јас сум дел од „Порцеланка“ која ’91-’92 година згасна. Човек кој остана без работа, кој не зеде 23 плати. И го почнувам мојот бизнис. Денес ги видовте резултатите – работа, работа и само работа. Јас имам двајца синови кои се менаџери, тие кажуваат ‘Тато, бизнис се почнува ако ми дадеш 50-100 илјади евра‘. Не синко, јас немав едно евро, почнав бизнис и направив 20 менаџери“.

Прочитај и за ... >>  Истрага против 30- мина американски конгресмени

Наградените претприемачи се пофалија дека се подготвени да аплицираат за европските фондови, но истовремено се пожалија дека тешко се доаѓа до кредити од комерцијалните банки. За нив секоја финасиска помош од државата е добредојдена, но претпочитаат намалување на даноците и давачките. Според нив, економската криза се уште не е надмината, а затегање на ременот ќе има и во идната 2010- та година.

Министерот Фатмир Бесими посочи дека во Европската Унија големо значење и се дава на улогата на малите и средните претпријатија во генерирањето на вкупниот економски пораст. Владата на Македонија се стреми нивното учество од 10% да го зголеми на 15%, по примерот на САД.

Блерим Златку, извршен директор на Стопанската комора за северозападна Македонија, посочи на еден интересен и индикативен податок: според бројот на регистрирани компании сме подобри од НР Кина (!):

„Во Кина има 10 милиони компании, но земено по жител кај нас има 3 пати повеќе фирми отколку во Кина. Тоа доволно говори дека во Македонија е силно развиен претприемачкиот дух“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here