Потребно време за читање: 2 минути

Блокадата на Грција во Советот на Европа- Република Македонија да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, не е за краткорочна, туку за долгорочна „употреба“.

И годинава, можеби и во наредните неколку, на јужниот сосед воопшто не му е од интерес да го надмине проблемот што си го создаде. Ниту со помош на сојузниците во ЕУ и НАТО, ниту со посредство на ОН, а најмалку, пак, да си дозволи помош од Република Македонија.

Едно поради економската „катаклизма“ што и се случи и допрва ќе и се случува, друго поради внатрешен национален консензус (опасно е во севкупната мошне напната економско-социјална и политичка ситуација да се гази преку „црвената линија“), а трето, можеби најважно, е оти на меѓународен план на Грција и претстојат многу покрупни проблеми кои веќе не ќе можат да се ставаат „под“ ќилим- улогата на Балканот (како да се биде лидер во неговото европско интегрирање), прикзнавањето на националните малцинства во земјата и нивните права, кипарското прашање, воопшто односите со Турција…

Тоа го потврдува и најновата изјава на премиерот Јоргос Папандреу дадена во Белград: дека Грција се залага членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ да се финализира до 2014-та година, но со претходно исполнување на државите аспиранти на сите критериуми за прием.

Прочитај и за ... >>  На лагата и се куси нозете: „Груевски ја води Македонија во изолација“!

Пораката до македонските власти ја испрати „преку“ интервјуто дадено за српскиот весник „Вечерње новости“:

„Грција сака дефинитивно решавање на прашањето за името на „ПЈРМ“. Презедовме многу важен чекор истакнувајќи дека ќе го прифатиме името Македонија со географска одредница. Очекуваме нашиот сосед да направи слично и да се најде со нас на половина пат.

Или ќе најдеме обострано прифатливо решение работејќи заедно во духот на соработката, помагајќи им на нашите народи да се приближат еден кон друг, или ќе продолжиме да го обновуваме проблемот заземајќи екстремни ставови и правејќи ја националистичката реторика наша секојдневна политичка храна“.

Суштинското прашање што треба да му се упати на Папандреу е: дали е сигурен дека тој оди по вистинскиот пат, односно дали по него оди и Република Македонија за да може да му се исполни желбата- наоѓање на половина пат? Кога вели „нашиот сосед…да се најде со нас на половина пат“, тоа несомнено значи дека мисли на „неговиот“, а не на заедничкиот. Од проста причина што по тој- заедничкиот не е можно да се оди се додека постојат „црвени линии“ кои тоа го спречуваат.

Прочитај и за ... >>  НАТО И ЕУ заложници на смрдена Грција!

Значи, „мудриот и вешт“ Папандреу (како што го оценуваат некои македонски политичари и експерти, иако непоткрепено со аргументи и факти) би требало најнапред да се „ослободи“ од очигледно „слепиот пат“ по кој Грција долго чекори, негирајќи го не само името на Македонија, туку и идентитетот на македонскиот народ во сета негова комплексност, потоа да расчисти зошто е проблемот „билатерален“, односно како тој тоа навистина да стане (можеби со географска одредница и на грчката провинција „Македонија“- на пример „Јужна Македонија“?).

Во однос на негирањето на македонскиот идентитет, би морало да се „расчисти“ проблемот што очигледно го имаат самите Грци. Имено, бидејќи, како што изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Друцас, секој Грк се раѓа и умира со македонски идентитет, не е јасно зошто се сите се Грци, дури и малцинствата, а не Македонци?

Лично, многу повеќе ќе го ценев Јоргос Папандреу како разумен и искусен, па и мудар и вешт политичар, ако предложеше нов, заеднички, „европски“ пат на кој заедно ќе зачекори со Никола Груевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here