Потребно време за читање: 4 минути

Радост, восхит, еуфорија за едно убиство. Веста за ликвидација на најбараниот терорист ја соопшти лично американскиот претседател Барак Обама со оценка дека правдата е конечно задоволена. Смртта на лидерот на Ал Каеда сигурно ќе ја поттикне оваа организација на нови терористички акции. Осама Бин Ладен е убиен во операција на американската елитна противтерористичка единица.

Објавени се детали:

Куќата- засолниште на Ладен е откриена во пакистанскиот град Аботабату. Во луксузната куќа – бункер,којаш аериканската тајна служба ја открила минатото лето, Бин Ладен живеел со своето семејство и братот. Таа не била опремена со систем за врски и интернет зашто Бин Ладен стравувал дека САД ќе се обидат да дојдат до него со помош на електрониката.

Ја нападнале четири воени хеликоптери, а според разузнавачките информации на ЦИА, тим од 6-мина командоси на единицата „Фоки” во неделата наутро спровела акција со која командувал лично шефот на ЦИА, Леон Панета. Информацијата за локацијата дошла по апсењето на истакнат член на Ал Каеда со потекло од Индонезија. Според еден сведок, соработниците на Бин Ладен од покривот на куќата почнале да пукаат кон хеликоптерите, а специјалците возвратиле. Бин Ладен бил застрелан во главата додека се обидувал да избега од специјалците преправајќи се како жена. Еден од хеликоптерите бил урнат.

Операцијата траела околу 40 минути, а во неа биле убиени уште четворица луѓе, меѓу кои и еден од неговите синови.

ББС објави снимки на кои се гледа спалната соба во која за време на пукањето се криеле неколкумина.

Прочитај и за ... >>  Убиството на Бин Ладен и натаму светска топ тема

Веднаш по акцијата, пакистанските власти ги уапсиле другите 6 сина на Бин Ладен, 3 негови сопруги и 4 соработници.

Општа е оценката дека ликвидирањето на Бин Ладен е триумф на демократијата во војната против тероризмот.

А веднаш по обраќањето на Барак Обама, Американците спонтано се собраа пред Белата куќа и некогашниот Светски трговски центар за да ја прослават смртта на човекот кој го сметаа за свој најголем непријател.

Можно е допрва да се јават шпекулации, па и сомнежи за убиството на Бин Ладен. Тие најнапред се поврзуваат со нејасната судбина на неговото тело. Американски претставници тврдат дека веќе го погребале на непозната локација во море, но се појавија информации дека тоа се уште се наоѓа во некоја од американските бази во Авганистан или Пакистан.

Додатни сомнежи и контроверзи предизвикува единствената слика која американските власти ја понудија како доказ за смртта на Бин Ладен. Лондонскиот „Гардијан“ тврди дека е таа монтажа направена од слика на Бин Ладен од 1998-ма година и непознат убиен терорист.

Сепак, засега останува како официјален став: ДНК испитувањата потврдиле дека убиениот е Бин Ладен.

Десната рака на Бин Ладен, египетскиот доктор Ајман Ал-Завахири најверојатно ќе го наследи на челната позиција на терористичката организација Ал Каеда. За него се смета дека е мозокот на операциите.
Дали од денеска светот е побезбеден?

Изјава на Јежи Бузек, претседател на Европскиот Парламент:

„Денеска се разбудивме во побезбеден свет. Смртта на Осама Бин Ладен означува важен успех во борбата на меѓународната заедница против терористите, иако оваа борба не е завршена“.

Прочитај и за ... >>  Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

Оптимизмот не е толку голем, колку што од час во час се зголемуваат стравувањето и неизвесноста за иднината. Една реакција на шефот на европските либерали се оценува како најумерена: изрази жалење што правдата не беше задоволена пред меѓународен суд и предупреди оти од денеска треба внимателно да се постапи со арапскиот свет за да не се родат нови генерации фрустрирани од Западот.

Кренат е црвен аларм од страна на Интерпол – опасност од зголемен степен на тероризам.

„Најбараниот терорист на светот не е веќе помеѓу нас, но неговата смрт не претставува исчезнување на разни организации како Ал Каеда или организации кои се инспирирани од неа и кои продолжуваат да се вклучуваат во терористички напади ширум светот“, изјави Роналд Нобл – генералниот секретар на Интерпол.

Ал Каеда е терористичка организација која не е централистички организирана и не се финансира само од еден извор. Од друга страна, Талибанците се поддржани од многу авторитетни структури во Пакистан, а сојузот на Ал Каеда и Талибан не е идеолошки, туку брак од интерес: Бин Ладен на Мули Омар му даде пари, а тој на Ал Каеда и ги даде планините на Авганистан за престој и обука на терористи.

Заедно со веста за убиството на Осама Бин Ладен сите светски агенции ја проследија и со потсетување кој е тој и како стана светски терорист број 1:

Роден е во 1957-ма година во богато јеменско семејство. Работи за семејниот бизнис кога саудиските тајни служби од него ќе побараат да регрутира муџахедини за борба со советските трупи во Авганистан.
Радикалниот ислам почнува да зазема моќни позиции во регионот, особено што неговите поддржувачи во таа опција гледаат успешна борба со комунизмот. Арапските и парите на Американците му помагаа на Бин Ладен да изгради силна организација и во 1989. да стави крај на борбата со советскиот комунизам. Но, Осама решава да продолжи понатаму.

Прочитај и за ... >>  Маргинализација на тешки обвинувања

Во 1993-та е нападнат Светскиот трговски центар во Њујорк. 6-мина луѓе загинуваат и илјадници се ранети. Некои луѓе веќе почнуваат да се сомневаат во Осама Бин Ладен.

Американците го обвинуваат и за нападот во Кенија во близина на американската амбасада, кога загинаа 224-ца луѓе и исто така илјадници се повредени.

Вашингтон понуди 5 милиони долари за секој кој ќе даде веродостојна информација за тоа каде е Бин Ладен, а во 1999-тата ФБИ го става во 10-темина најбарани злосторници.

Сепак, вистинската точка на пресврт се случува во 2001-та, на 11. септември, со нападот врз кулите близначки. Илјадници луѓе загинуваат и илјадници се повредени. Виновникот е посочен – Осама Бил Ладен и неговата Ал Каеда. Иако никогаш не презема одговорност за тоа, Бин Ладен отворено искажа пофалби за сите кои во тоа учествувале. Реакцијата беше жестока. Џорџ Буш пресече – најдете го жив или мртов. Вашингтон му објави војна на глобалниот тероризам. Се до денес тој испраќаше подбивни пораки до светските лидери.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here