Потребно време за читање: 4 минути

Белким новинарите на А1 ТВ и весниците „на Велија Рамковски“ конечно ќе се сепнат, ќе се пресметаат и ќе ја зашвршат неколкумесечната кловновијада пред Владата на Македонија, а ќе се посветат на борбата за достоинство на новинарската професија, пред се против манипулациите, шпекулациите, вовлекувањето на новинари во криминални дејанија итн., односно против инструментализација од страна на „големите газди“.

Белким конечно сфаќаат дека беа и се (зло)употреувани за лукративни политички цели, а „во името“ на медиумската слобода, независноста на новинарството, демократијата…

Се разбира, едновремено и да се обидат да се извлечат што помалку извалкани од калта во која длабоко зацапале.

Судејќи според досегашното еднострано информирање за случајот „Пајажина“ (разбирливо?), не можеше ни да се очекува А1 ТВ да го објави обвинението, а што го сторија сите други меедиуми (не само телевизиите „на власта“). Затоа зачудува како е можно уредувачкиот тим да дозволува таква карикатурална манипуалција на јавноста со тврдење дека станува збор за уште еден „преседан“- дека два дена адвокатите на обвинетите „не можат да го добијат обвинителниот акт за случајот, ниту пак резултатите од вештачењето за затаениот данок“! Демек (ја цитирам информацијата), „до крајот на работното време адвокатскиот тим чекаше пред судот да види со какви аргументи обвинителството ќе настапи во судскиот процес против Велија Рамковски и останатите 22-ца обвинети. Одбраната си замина со празни раце – засега за случајот адвокатите се информираат само од медиумите, и покрај тоа што судот е должен веднаш да им го достави обвинението“.

Следи „аргументот“: дека одбраната се сомнева оти станува збор за таен договор помеѓу обвинителството и вештаците, што отвора можност за кривична одговорност, а ќе создаде и дополнителни проблеми во текот на судењето. Притоа, „во историјата на македонското судство не се случило вештачење и обвинение да се доставуваат во комплет, без можност за приговор“.

Прочитај и за ... >>  Се подотвора „Досие Кратово“

Јасно ви е?! Прво се тврди дека одбраната никако да го добие обвинението, а потоа дека „вакво нешто“ досега не се случило- „вештачење и обвинение да се доставуваат во комплет, без можност за приговор“!

А дека и на новинарите на А1 ТВ обвинението им е исто така познато, потврдува следново во информацијата:

„Останува отворено како обвинителката Гешкоска пред судот ќе успее да ги докаже паушалните суми и проценки за затаен данок и злосторничко здружување.

Во обвинението таа се повикува и на посебните истражни мерки, кои не содржеа ништо друго, освен снимки од приватниот живот на обвинетите.

Аргумент на обвинителството е и фактот што едни исти лица се јавувале како основачи на фирми – дело што не е забрането според ниту еден Закон“.

Станува збор за соопштение од страна на Обвинителството кое, се разбира, го добиле сите медиуми, вкклучително и А1 ТВ. Притоа, од Кривичниот суд информираа дека за сите адвокати и обвинети е во тек правење копии за сите, не треба да се крева врева околу тоа „оти на сите ќе им биде доставен обвинителен акт согласно законот“. Откако одбраната ќе добие обвинение започнува да тече 8- дневниот рок за жалба, по што ќе може да се закаже судење и случајот „Пајажина“ да влезе во судница.

Нејсе, важна е најавата дека „кога судот ќе се смилува да им го даде обвинителниот акт на адвокатите, ќе следуваат приговори“ и оти „во меѓувреме се отвора можноста деветтемина обвинети кои трет месец се во Истражниот затвор да бидат пуштени со гаранција“.

Бидејќи А1 ТВ не ги информира своите гледачи за обвинението кое тежи (неверојатни) 5 милиони евра, еве за што станува збор:

Прочитај и за ... >>  Здодевно, банално, жално и сожалувачко

Најмалку 5 милиони евра неплатен данок од организиран криминал, и тоа е само дел од сумите кои како позначајни се истакнати низ примери. Сепак, во обвинението нема сумарна бројка на затаен данок затоа што тоа би дошло како собирање баби и жаби. Истакнати се различни суми за различни даноци затаени од различни фирми од „Перо Наков“.

Со покренатото обвинение не е предложено да се бара и замрзнување на имот, засега остануваат замрзнатите сметки, но доколку се дојде до нови сознанија во текот на постапката не се исклучува барање и на таква мерка.

Според соопштението, Рамковски и останатите обвинети во злосторничко здружение переле пари, затајувале данок, се правеле фиктивни фактури плати во кеш, нереални позајмици, неправилности со рекламирање.

Дека работата е „ептен сериозна“, потврдува и предлогот на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, за прекин на бојкотот на Собранието и роковник со изборни активност според кој изборите би се одржале на 26 јуни (изнудува посебен коментар), а со кој се откажаува од претходното барања за деблокирање на сметките на медиумите што е надлежност на судот. Имено, иако во СДСМ биле уверени во политичката мотивираност на судската одлука, со која се потврдило блокирањето на сметките на медиумите на Перо Наков, тие ќе ја почитуваат.

Имено, веќе не се бара од Груевски да ги одмрзне сметките на медиумите „на Рамковски“ (со свртување на „познатиот телефон“), туку гаранција дека до изборите „нема да се донесуваат нови и дополнителни барања и одлуки од страна на несудските органи – како што е Управата за јавни приходи, до завршувањето на предвремените избори“. Ако тоа „правилно“ го разбираме, значи дека „старите“ важат (вклучително и замрзнатите сметки до овој момент!), а до завршувањето на изборите УЈП да не „чепка“ во работата на „односните“ медиуми, но може да продолжи да „чепка“ кај другите медиуми и кај сите други деловни субјекти во Република Македонија?!

Прочитај и за ... >>  Медиумска лага во „рамки“

А на каква гаранција се мисли? Заверена нотарски? Во наредниве денови треба да очекуваме „дообјаснение“.

Црвенковски: Избори на 26 јуни под услов А1 да не плати данок до тогаш!

Црвенковски бара гаранција од Груевски до изборите УЈП да нема нови барања од А1.

Црвенковски се откажа од претходното барања за деблокирање на сметките на медиумите што е надлежност на судот.

Иако во СДСМ биле уверени во политичката мотивираност на судската одлука, со која се потврдило блокирањето на сметките на медиумите на Перо Наков – ќе ја почитувале.

– СДСМ бара гаранција од ВМРО-ДПМНЕ и владејачките партии дека нема да се донесуваат нови и дополнителни барања и одлуки од страна на несудските органи – Управата за јавни приходи до завршувањето на предвремените избори со кои барања и одлуки ќе се бара и спроведе блокирање на сметките на овие медиуми. Со ова последното паѓа во вода аргументот на Груевски дека не може и не сака да се меша во одлуките на судството, освен ако преку ноќ Горан Трајковски не го избрале за судија, вели Црвенковски.

Ако се исполнат гаранциите што ги бара за медиумите на Перо Наков, тој е подготвен да го прекине бојкотот и предлага роковник со изборни активност според кој изборите би се одржале на 26 јуни.

Претходно на една од лидерските средби Груевски прифати две барања на СДСМ, да се зголеми бројот на партиските членови во Избирачките одбори и контролата на Избирачкиот список да трае еден месец, сето ова беше условено со одлуката СДСМ да се вратат во Собранието и да одат на избори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here