Потребно време за читање: 2 минути

(05.04.2008.)

Најголемата поддршка што во последно време САД и ја даваат на една земја е Република Македонија. Во подолг период, а вистинска кулминација доживеа на штотуку завршениот самит на НАТО во Букурешт- Романија. Тоа не значи никаква утеха за „поразот“ со недобивањето на покана за членство (во наводници зашто веќе го искажав и аргументирав ставот дека всушност е поразена, и тоа жестоко, Грција- удавена во сопственото примитивно националистичко мочуриште), туку нешто што веќе ги загрижува и нашиот јужен сосед (поради последиците од „Пировата победа“ која е пред се над најмоќната сила на светот), но и нејзините европски сојузници во НАТО (не сите). Ова особено се однесува на земјите од „стара Европа“.

Од говорот на претседателот на САД, Џорџ Буш, на централниот плоштад во Загреб, пред илјадници граѓани, како и државните раководители на Хрватска, Македонија и Албанија:

„Американската позиција е јасна: Македонија треба да го заземе своето место во НАТО што е можно побрзо“.

Прочитај и за ... >>  Масакр во американската воена база „Форт Худ“ во Тексас: 13 жртви на поулавен психијатар

Изразувајќи жалење поради тоа што НАТО не и врачи покана на Македонија на самитот во Букурешт само поради нејзиното име, тој истакна:

„Македонија спроведе тешки реформи во земјата и придонесува значајно во мисиите на НАТО во странство. За жал, поканата за Македонија беше одложена поради несогласувањето околу нејзиното име. Во Букурешт сојузниците во НАТО се согласија дека штом ова прашање биде решено, на Македонија ќе и биде упатена покана.

Почестен сум што сум овде со лидерите на Македонија, Албанија и Хрватска. САД ја ценат водечката улога што ја покажавте во остварување на целите за слободата. Се радуваме што Албанија и Хрватска се поканети во НАТО и го очекуваме моментот Македонија наскоро да се придружи на овој голем сојуз за слобода“.

Тој нагласи дека поканата за влез во НАТО за Хрватска и Албанија е глас на доверба дека ќе продолжат со потребните реформи и силно ќе придонесуваат за вредностите на Алијансата.

Прочитај и за ... >>  НЛБ Тутунска добитник на престижна награда

„Од овој момент па натаму, ако каква и да е опасност им се закани на вашите народи, САД и НАТО ќе стојат со вас и никој никогаш повеќе нема да може да ви ја земе слободата“, нагласи Буш пред претседателот и премиерот на Македонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски.

„Денес војниците од Македонија, Албанија и Хрватска храбро служат во Авганистан, да му помогнат на народот и да обезбедат посигурна иднина. Денес силите на Македонија, Албанија и Хрватска служат и во Ирак, помагајќи да се изгради општество кое го одбива теророт и живее во слобода“, потенцира американскиот претседател.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here