Ставови на Пат Кокс за приемот на Македонија во ЕУ

Пат Кокс престојуваше во Македонија (21.03.) во организација на Европското движење, по повод 50-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор со кој беше поставена основата на денешната ЕУ.

Претседателот на Меѓународното европско движење потенцира: кругот од ѕвезди на знамето на Европската унија ја симболизира нејзината отвореност за прием на држави кои делат исти вредности. Клучен критериум за приемот на Македонија во Унијата е исполнувањето на Охридскиот рамковен договор, но земјата треба да ја подобри и внaтреполитичката клима за постигнување на својата цел.

Кокс посочува дека Македонија во колективната меморија во ЕУ важи за успешна приказна, но оти по добивањето на кандидатскиот стaтус во декември 2005-та година, во Брисел постои чувство дека динамиката на реформите во земјата  е забавена и оти тоа треба да се промени.

„Деликатниот баланс на Охрискиот рамковен договор е клучен политички критериум за членство на земјата во ЕУ. Политичката клима во државата, која е влошена во последно време, создава загриженост во Брисел, а би требало и тука“.

Кокс додава оти е потребен широк политички консензус ако Македонија сака успешно да ги спроведе  неопходните реформи за прием во Унијата.

Во врска со политиката на проширување на ЕУ, Кокс подвлекува дека од германското претседателство и неговите наследници се очекуваат цврсти и неопходни чекори кон постигнување на консензус и поскорешна ратификација на Уставниот договор за Унијата кој треба да ја дефинира визијата за нејзината иднина. Една од клучните точки е модернизацијата и финансиската автономија на ЕУ.

„Нашата цел е изградба на модерна Европа, на мир, толеранција, просперитет и слобода, модернизирана Европа во согласност со современите потреби“.

Кокс е уверен дека Унијата во 21-от век може да претставува модел на отворено глобално општество кое треба да одговори на многуте внатрешни и надворешни предизвици. Тој подвлекува оти е сигурен дека остануваат критериумите секоја од земјите аспиранти за членство да се оценува според индивидуалните постигнувања.

За учество на опозицијата, не за поплитикиот дијалог, Кокс вели:

„Во историјата на проширувањето на ЕУ не постои земја кандидат во која опозицијата не учествува во работата на Парламентот. Ова е единствено искуство и дури и се друго да е совршено, тоа ризикува да создаде загриженост од можни последици. Резервираноста околу соопштувањето на датумот за почеток на преговорите за прием во ЕУ е индиректна, ако не и директна последица на загриженоста која оправдано или не ја создава таквата ситуација“.

Во врска со кругот и неговата симболика. Без оглед што европскиот е создаден од ѕвезди, кругот е сам по себе затворен. Инаку не би бил круг. Што ќе рече дека нова звезда- нова земја- членка на ЕУ симболички не го проширува, туку го јакне.

А за бојкотот на македонската опозиција на Парламентот, тоа сигурно ќе го казнат гласачите на следните избори. Нивната доверба за секој пратеник е „подарок“ на извонредно платено работно место кое, како и секое друго, наметнува работни, а не неработни обврски.

One Comment

  1. Risto Andov

    1.За фактот што Р.Македонија сеуште не е примена во ЕУ сносат одговорност и вина политичките партии, односно политикантите во нив. Имено, тие не се однесуваат како политички противници, туку како режимски непријатели!
    2.За жал, народот во Македонија се однесува како простољудие! На тоа укажува фактот што, тој народот, дозволува да манипулираат со него политикантите, кои наизменилно ги устоличува за да изигруваат паши во државата и да го пљачкаат!
    3.Заради предходно кажанато, консензус, соодветна политичка клима, развој и напредок итн. неможе да се остварат како предуслови за фамозниот прием во ЕУ!
    4.За состојбите во Македонија, особено со Македонците, сносат вина и структурите во ЕУ. Тие ги имаат заборавено колониите пиринска и егејска Македонија на европска почва создаени во минатото со амин на големите евроски држави. Освен тоа, однесувањето на Бугарија, особено на Грција како задрти колонизатори , кои во континуитет вршат геноцид над Македонците, го толерираат„! Овие Баканци тоа ги охрабрува заради што во континуитет дивеат, беснеат , лелекаат против македонството, вангелосани од можноста да ги изгубат колониите или да се намали нивното влијание во нив во Европа без граници!
    5.Према тоа, Македонија и да ги исполни сите политички и развојни услови, заради грчкото дивеење нема да биде примена во ЕУ, ако структурите во истата не го замолчат разгаленото дериште, кое со децении финасиски ја молзе Европа!!!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *