Црвенковски бара „разумна формулација“ како замена на БЈРМ

Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, во Љубљана изјави дека Грција може во недоглед да предлага придавки и додавки како „горна, северна и вардарска“, но привремената референца може да се смени само со разумна формулација за заеднички прифатливо решение:

„Република Македонија во име на својата евро и евроатлантска иднина, во име на подобрата иднина на сопствените граѓани, во име на понатамошна стабилизација на регионот, е подготвена за компромис и работи на компромис. Некакви дополнителни придавки или додавки во името, кои што можат да значат дополнително објаснување на државното или општественото уредување, а кои нема да задираат во националниот идентитет на нашата земја, мислам дека можат да бидат решение за овој спор“.

Словенечкиот претседател Данило Тирк оцени дека Македонија ги исполни критериумите, а нејзиното уставно име е билатерален спор:

„Спорот со Грција е билатерален проблем што на никаков начин не влијае на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија. Прашањата како што се, на пример, визниот режим и датумот за почеток на преговори за членство, не зависат од билатерални прашања. Ние би сакале оваа година, за време на словенечкото претседавање со Унијата, да се направи напредок во приближувањето на Македонија кон Унијата“.

Во изјавата на Црвенковски нема ништо спорно, тоа е принципиелен и конзистентен став на Република Македонија уште од самиот почеток на „спорот“ („црвена линија“). Освен што и овој пат треба да се нагласи дека јужниот сосед не го „проблематизира“ државното или општественото уредување на земјава, не бара негово „дообјаснување“ , туку токму националниот идентитет; не на нашата земја, туку на народот односно „мнозинската заедница“ во него.

Очигледно дека и на словенечкиот претседател, како и на многу други во ЕУ и надвор од неа (меѓународен фактор) нема кој да им објасни, можеби поточно да ги научи оти „спорот“ помеѓу Грција и Македонија воопшто  не е билатерален. Кога би бил, Република Македонија би требало нешто слично да и спори на Грција.

2 Comments

  1. Очигледно не сте го забележале датумот во заградата, на почетокот од текстов, па затоа вака реагирате. Преобјавата на овие текстови (со назнака на датумите кога се објавени) е поради промената на форматот-дизајнот на блогот и нивно с(у)уредување- како конечна, трајна верзија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *