Потребно време за читање: 2 минути

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов даде интервју за Би- Би- Си во кое повторува познати ставови (константа) за проблемот на Грција со името на земјава, но и дава попрецизнин ставови за суштината на нужното компромисно решение (фер и разумен компромис).

Некои медиуми (тенденциозни, блиски на опозицијата) одговорот на прашањето во врска со референдумот го оценија како промена на неговиот став, иако по ништо не се разликува од досегашните искази. Можноста за „друг начин како да се дојде до одлука“ не е промена, туку само „логика“ по решение „со кое мнозинството ќе биде задоволено“.

За позитивниот извештај на Брисел и пораката дека е тоа добра шанса да се затвори проблемот со Грција за името (притисок или не), Иванов одговара:

„Тоа како прашање е во рамките на Обединетите нации и ние како држава досега покажавме, навистина, една кооперативност да се најде решение. Меѓутоа, тој процес не може да се извади од Обединетите нации. Тој е таму, тој трае веќе 16 години и во последно време на некој начин се насетува некое решение. Прво тоа беше одложно поради изборите во Македонија. Кога завршија изборите, претседателски и локални во Македонија, тој процес доби на динамика.

Прочитај и за ... >>  Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

Процесот на некој начин беше стопиран за време на изборите во Грција и сега се очекува повторно да продолжи со иста динамика за да може медијаторот Нимиц на некој начин да понуди решение. Бидејќи ги знае ставовите на македонската страна и на грчката страна, тој како медијатор треба да го понуди конечниот предлог. Меѓутоа, тоа се оддолжи поради изборите во Грција. Да се надеваме дека сега тоа ќе добие на динамика и тоа прашање конечно ќе добие некоја звршница.“

Во врска со нужните отстапки:

„Тоа се зависи од пристапот што ќе го имаме во овој период. Отстапките се неопходни од двете страни. Затоа велиме дека решението треба да биде еден виде фер или разумен компромис. А за да се постигне компромисот, секој треба да отстапи од своите позиции за да се дојде до некоја средина која ќе ги задоволи и двете страни.

Се додека траат преговорите имаме препорака да не ги откриваме сопствените позиции за да не му наштетиме на целиот процес. Ние го почитуваме и опстојуваме на тој принцип, и тоа дава резултати. Затоа сме истрајни секоја стана да држи до своите позиции и да му ги изнесува единствено на преговарачот.“

Прочитај и за ... >>  За евробирократската глупост

За референдумот (дали останува на иста линија со премиерот):

„Референдумот беше најавен како можност, бидејќи станува збор за прашање кое ја менува историјата на еден народ. Го менува неговото опстојување. И тоа не може да биде одговорност само на некоја влада која има мандат кој го дава народот за четири години. Со тоа треба да се соочат сите што живеат на овој простор. На некој начин таа одговорност му припаѓа на народот, бидејќи тој го искористил правото да се идентификува со тоа што денес се нарекува Македонија. И тоа право е исклучиво негово. Така што референдумот е единствен начин на таа директна демократија каде што народот ќе се изјасни по така суштествено прашање. Доколку се дојде до решение со кое мнозинството ќе биде задоволно, веројатно може да се разговара и за друг начин како да се дојде до таа одлука.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here