Потребно време за читање: 2 минути

Не може да се очекува една манифестација, која заслужува почит и секаква поддршка, за кусо време- неколку години да го поправи она што со децении се уништувало, уривало, деградирало. Особено ако станува збор за промена на односот спрема природата: наместо атака, агресија врз неа, нејзина постојана загроза, дијалог, меѓусебно разбирање и помагање.

Благодарение на „Денот на дрвото“ светот почнува да ја препознава Република Македонија со уште една нова „слика“: со еколошка свест, со грижа за сопствената природа, човековата околина, за своја здрава и хумана иднина. Се одржа по четврти пат.

Граѓанската иницијатива „Ден на дрвото“, што ја покрена и оформи светки познатиот македонски оперски деец Борс Трајанов, годинава се реализира со садење на нови 7,5 миолиони садници на повеќе локации ширум земјава. Масовно прифатена од граѓаните, таа се престори во чествување- шразнување на природата, на еден од симболите на нејзиното повеќедецениско, па и (над)вековно траење и опстојување- дрвото (од сите видови), соодветно на почвените и климатските услови што таа му ги „определила“. Неговите посадувачи, од најмала до најстара возраст, организирано и спонтано (самоиницијативно), во радост се најдоа на определените, однапред подготвени места и засадија дрвце за да го гледаат како расте, се извишува заедно со нив, како заедно го мерат одминот на времето. Големо чествување- празнување особено кога пошумувањето- озеленувањето се врши на места опожаренн, опустошени во изминатиот период.

Прочитај и за ... >>  Се демократизираат (европеизираат?) албанските политичари

Учениците од скопските училишта овојпат го пошумуваа Ајватовски Рид, а се вклучија и студентите од Шумарскиот факултет кои со своите совети и знаење придонесоа акцијата да се реализира успешно.

Традиционално се вклучи и Армијата на Македонија. Над 1.700 војниците од Првата и Втората пешадиска механизирана бригада, од Воената полиција, баталјонот за врски, Воената академија, логистичкиот баталјон, Абхо и воздухопловниот винг садеа на понепристапни места, на 16 локации во Македонија.

Изјава на учесник- родител:

„Се всадува љубов спрема дрвото, спрема природата. Се всадува љубов спрема животот“.

Подрршка и непосредно учество дадоа бројни политичари и јавни личности. Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во присуство на дел од амбасадорите засади дрво, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и премиерот Никола Груевски садеа на скопско Ајватовце.

Се вклучија и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Во атарот на селото Бистринци кај Демир Капија, во кое поголем број жители се по потекло од Словенија, ги предводеше амбасадорот на Словенија, Брајант Берганд:

Прочитај и за ... >>  Маргинализација на тешки обвинувања

„Во 30-тите година на минатиот век 60 фамилии од Словенија се преселија тука и со овој чин ќе правиме дрворед на македонско-словенечко пријателство“, изјави тој.

„Тоа што ние го добиваме е бенефитот како држава, како Република Македонија, во садници, во шуми, во еколошката свест и во меѓународниот имиџ. Сите заедно, без политичка боја, без верска припадност, понатаму да работиме на оваа акција“, потенцира Борис Трајанов.

Годинава активисти на иницијативата одеа по куќи и станови и даруваа садници за да се засадат во сопствениот или во „станарскиот“ двор. Ова би требало да добие поширок опфат- секој што сака, а особено кој има макар најмал простор, на Денот на дрвото бесплатно да добие садници колку што ќе посака. Злоупотребите можат лесно да се предупредат.

Со засадените 7,5 милиони нови садници бројката на досега засадени дрвца достигна 20 милиони, со што Македонија станува лидер во пошумувањето во регионов.

Акцијата за пошумување- озеленување на Македонија (секоја пролет и есен) дојде по големите пожари што ја зафатија земјата пред две години. Постои голем интерес „Денот на дрвото“ да се одбележува и да се садат дрвца истовремено во сите земји од регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here