Чудно и интересно: за разлика од други прашања, проблеми, теми и дилеми, состојбата и перспективата на односот помеѓу диригентот и оркестарот кај нас ниту им е чудна на оние што ни се чудат, ниту им е интересна на оние што се малку или многу заинтересирани за нас. Continue Reading

Во сите изминати транзиционо-реформско-приватизациони (апашки) години, Македонија се наоѓаше и се наоѓа токму помеѓу наведените состојби. Затоа сме кај што сме. Всушност, не сме за никаде.

Се е слично е на она: „Помеѓу чеканот и наковалната“. Continue Reading

Стручњаците за маркетинг аргументирано ќе ви образложат дека модерното живеење воопшто не може да се замисли без соодветен дизајн; дека е тоа негова суштина, предуслов за опстанок. Тој ја определува содржината, ритамот, ги отвора можностите за опстанок во развиениот свет.

Не е во прашање само естетиката на живеењето, туку неговиот тоталитет. Тој наметнува норми на однесување и работење, ја оправдува смислата на егзистенцијата. Continue Reading

Сѐ почесто слушаме дека партиите и од позицијата и од опозицијата користат „непотврдени информации“ за дневно-политички цели. Не само тие, туку и државни органи и тела, организации и институции, за такви цели користат шпекулации директно или индиректно поврзани со состојби, судски случаи и скандали.

Лично очекувам во следната прилика на оној што ќе се „повика“ на дневно-политички цели да му се упати новинарско прашање:

На какви цели конкретно мислиш? Continue Reading

Прилогов го напишав и објавив на 29.08.2010. Го преобјавувам, со незначителни измени и корекции, поради актуелноста  и како потврда дека моментов на „спорот“ воопшто не е „нов“, ниту „напреден“. Continue Reading

Вреднувањето на еден културен настан или уметничко дело претпоставува изграден однос кон него, осознавање на неговите вредности, разградување и валоризација на неговата структура, восприемање и дијалог со неговиот говор, со формата и содржината. Тоа се потврдува себеси во времето во кое настанува и се продолжува во нечие друго. Continue Reading

Најважното прашање на „модерното“ владеење со народот  е токму обемот на јавното и тајното владеење. Го нагласувам обемот (за содржината-квалитетот подолу), а не дали се владее јавно или тајно, затоа што и едното и другото владеење отсегаш биле и се двете страни на „медалот“. Дали ќе бидат и колку, зависи од многу фактори. Continue Reading

Која е твојата филозофија на животот? Што? Ја немаш оти не ти е до филозофирање? Да не се мајтапиш со мене?

Јас мислам, млад Господине, перспективен политичару, дека многу работи од овие што ни се случуваат не ти се баш јасни, особено затоа што се дел од животот, а не од филозофијата. Кога би ти биле јасни, тогаш сигурно твојот политички ангажман би бил насочен во сосема друг правец од овој што си го фатил: да изградиш успешна политичка кариера. Реков дека си перспективен како таков? Се извинувам за грешката. Ниту на крајот од умот не би ми паднало да те оценувам. Continue Reading

На што најмногу сте се израдувале во последно време? Сте размислиле што најмногу ве радува во животот, работата, дејствувањето? Дали се тоа парите (повисока плата, добивка на игра на среќа, вонреден приход), дали средба со пријател кого одамна не сте го виделе? Можеби некое патување во непознат, егзотичен предел? Радосен миг во семејниот круг?

Не верувам дека во последно време ништо од ова не ве „погодило“, ништо не ве израдувало. Освен ако сте некаков „нерадувачки“ тип. Continue Reading

Отсекогаш нѐ имало, сега нѐ има и секогаш ќе нѐ има вакви, онакви, такви и секакви. Секое и секакво време ни носи некакво бреме, рекол некогаш некој што го бидувало за изразување во рима и по малку филозофирање. Има разлика помеѓу едното, другото и третото. Тоа е силата да се носи, да се доноси до целта.

Меѓутоа, суштествената и најголема разликата е во целите. Врти-сучи, мери ваму-сечи таму, излегува дека ние помеѓу себе се разликуваме најмногу според целите што сме си ги поставиле и оние нови што постојано си ги поставуваме. Continue Reading