Високите температури за овој период од годината не се ништо необично за подрачјата со континентална клима (средниот дел на северната хемисфера), со остри и студени зими и релативно суви лета (најмалку 3 летни месеци температурата е повисока од 10 и најмалку еден месец зиме пониска од 0 степени Целзиусови; просечната летна е помеѓу 21 и 32 степена во текот на денот и помеѓу 10 и 18 степени во текот на ноќта, а зимската дневна од -12 до 7 степени, ноќната од -23 до 4 степени Целзиусови). Тоа се Средниот запад, североисточниот дел на САД, јужна Канада, делови на Кина и поголем дел на Русија. Прочитај ја целата поента

Коментирај со својот Facebook профил

Европската куќа на фудбалот објави нов Дисциплински правилник според кој се предвидени драстични парични казни за манифестирање на расизам или скандирање на политички пароли на фудбалските терени и трибините пред, за време и по завршувањето на натпреварите. Прочитај ја целата поента

Коментирај со својот Facebook профил

По 28 века воена историја на нејзиното тло, Република Македонија го доби првиот Воен музеј. Свечено го отвори претседателот Бранко Црвенковски.

Музејот е сместен во зградата на досегашниот Деканат на Воената академија.

Прочитај ја целата поента

Коментирај со својот Facebook профил

Во историјата на британската и светската политика и државништвото Тони Блер ќе остане забележан според две нешта: максимално можното, инфериорно, дури инфантилно приближување на Велика Британија кон САД во негова „режија“, и заложбите за континуирана и интензивна борба против глобалниот тероризам кои подразбираат единствено заштита на сопствените и иинтересите на сојузниците.

Прочитај ја целата поента

Коментирај со својот Facebook профил

Македонската транзиција, конкретно приватизацијата, има една карактеристика (не и специфика во однос на други држави што беа или се во овој процес) која е сама по себе парадоксална, нелогична. Всушност, со можни, веројатни, па и сигурни криминогени „елементи“: капитален објект-фирма, компанија во катастрофална состојба, без никаква перспектива (од македонски односно владејачки политичко-олигархиски „ракурс“), пред гаснење, уништување, по продавањето на некој „белосветски“ бизнисмен, дури и за симболична цена, преку ноќ да проработи максимално ефикасно, продуктивно, профитно. Слично се случува и со нивно купување од наши „прекуноќни“ бизнисмени; до вчера за профитен бизнис „неписмени“, тотални анонимуси или од “односниот“ раководен тим. Дотолку повеќе, купените фабрики и погончиња , за кои „експертски“ е утврдено дека немаат шанса за опстанок, наеднаш стануваат „гладни“ за работа и работна сила (одвај успеваат да го реализираат бараното од пазарот).

Ќе одговара ли некој за ваквата „осмислена“ приватизација на македонското стопанство? Се знае одамна: никој и никогаш!

Прочитај ја целата поента

Коментирај со својот Facebook профил

Дали е веќе лесно предвидлива иднината на (сѐ уште) српската покраина? Неминовна е нејзина скорешна независност?

Се чини дека може да се одговори потврдно, а така веќе одговараат оние што стојат зад „проектот“ и го „туркаат“. Притоа воопшто не обрнувајќи внимание на штетите и последиците (економски, човечки…), бидејќи за нив не се ништо друго освен „колатерална штета“. Прочитај ја целата поента

Коментирај со својот Facebook профил

Ако претседателот односно спикерот на Парламентот е „прв помеѓу еднаквите“, без оглед на нивната различност во карактерот, културата, однесувањето, свеста, совеста, мудроста, професијата итн., тогаш изборот на еден прославен, меѓународно признат режисер може да се толкува на два начина: или дека во овој момент е потребен токму таков-режисер што успешно ќе ги режира сегашните (тековните) „претстави“ помеѓу позицијата и опозицијата, и тоа на отворена сцена, или бидејќи политиката не е живот, како што мислат оние што поднаучиле да „политизираат“, туку животот е политика, затоа треба конечно да ѝ  се „даде“ малку живот, макар бил глумен повеќе од циркузанти и дилетантни отколку од глумци и фолиранти. Прочитај ја целата поента

Коментирај со својот Facebook профил