Поентар

По 28 века воена историја на нејзиното тло, Република Македонија го доби првиот Воен музеј. Свечено го отвори претседателот Бранко Црвенковски.

Музејот е сместен во зградата на досегашниот Деканат на Воената академија.

Continue Reading

In continuo

Во историјата на британската и светската политика и државништвото Тони Блер ќе остане забележан според две нешта: максимално можното, инфериорно, дури инфантилно приближување на Велика Британија кон САД во негова „режија“, и заложбите за континуирана и интензивна борба против глобалниот тероризам кои подразбираат единствено заштита на сопствените и иинтересите на сојузниците.

Continue Reading

Економикс

Македонската транзиција, конкретно приватизацијата, има една карактеристика (не и специфика во однос на други држави што беа или се во овој процес) која е сама по себе парадоксална, нелогична, всушност со можни, веројатни, па и сигурни криминогени „елементи“: капитални објекти во катастрофална состојба, без никаква перспектива (од македонски односно владејачки политичко- олигархиски „ракурс“), пред гаснење, уништување, по продавањето на некој „белосветски“ бизнисмен, дури и за симболична цена, преку ноќ да проработи максимално ефикасно, продуктивно, профитно. Слично се случува и со нивно купување од наши „прекуноќни“ бизнисмени; до вчера за профитен бизнис „неписмени“, тотални анонимуси или од “односниот“ раководен тим. Купените фабрики и погончиња , за кои „експертски“ е утврдено дека немаат шанса за опстанок, наеднаш стануваат „гладни“ за работа и работна сила (одвај успеваат да го реализираат бараното од пазарот).

Ќе одговара ли некој за ваквата „осмислена“ приватизација на македонското стопанство? Се знае одамна: никој и никогаш!

Continue Reading

Извлечено-Подвлечено

Дали е веќе лесно предвидлива иднината на (се уште) српската покраина? Неминовна е нејзина скорешна независност?

Се чини дека може да се одговори потврдно, а така веќе одговараат оние што стојат зад „проектот“ и го „туркаат“, притоа воопшто не обрнувајќи внимание на штетите и последиците (економски, човечки…), бидејќи за нив не се ништо друго освен „колатерална штета“. Continue Reading

Антрфиле

Ако претседателот односно спикерот на Парламентот е „прв помеѓу еднаквите“, без оглед на нивната различност во карактерот, културата, однесувањето, свеста, совеста, мудроста, професијата итн., тогаш изборот на еден прославен, меѓународно признат режисер може да се толкува на два начина: или дека овој момент е потребен токму таков- режисер што успешно ќе ги режира сегашните (тековните) „претстави“ помеѓу позицијата и опозицијата, и тоа на отворена сцена, или бидејќи политиката не е живот, како што мислат оние што поднаучиле да „политизираат“, туку животот е политика, затоа треба конечно да и се „даде“ малку живот, макар бил глумен повеќе од циркузанти и дилетантни отколку од глумци и фолиранти. Continue Reading