Потребно време за читање: 3 минути

Очекувано и најавувано, што ќе рече и напордно долгорочно подготвување за соочување и пренетивно- лекувачка битка, деновиве тн. свински грип почна интензиво да се шири и во Република Македонија. Се регистрираат се повеќе случаи на заболени дневно, а граѓаните се се повеќе загрижени, особено поради фактот што почесто се зааразуваат младите.

Самоиницијативноста во преземање на чекори за лична заштита е в ред (на пример носење на маски), но бидејќи се работи за специфичен односно нов вид на грип (првото појавување е забележано во 50- тите години на минатиот век) сепак треба внимателно да се следат упатствата и препораките на одговорните и стручните. Особено треба да се води сметка да не се предизвика паника, а за што првенствена обврска имаат медиумите. Не оти нема место за неа (ширењето штотуку започна, па ќе биде се побрзо во наредните денови и недели), туку оти може да предизвика дополнителни проблеми и последици.

Потврда на загриженоста:

Група на експерти од мексиканскиот Институт за социјална безбедност извршија истражување кое потврдило дека младите луѓе почесто заболуваат од новиот грип од типот А H1N1. Но од друга страна, пак, постарите се тие кои почесто умираат.

Прочитај и за ... >>  Опасна закана со војна

Истражувањето е спроведено врз основа на анализа на медицинските картони на повеќе од 63.000 Мексиканци кои имале симптоми на новиот грип и посетиле некоја од здравствените установи во Мексико во периодот април-јули оваа година.

Во 11% од испитаните случаи станува збор за новиот грип, а 56% од нив се лица на возраст од 10 до 39 години. Помал бил процентот на појава на грипот кај повозрасните лица.

Процентот на смртност од новиот грип кај лицата над 70 години изнесува 10,3%, додека смртноста кај лицата помеѓу 20 и 29 години изнесува 0,9%.

Ризикот за заболување од новиот грип бил за 35% помал кај лицата кои во изминатите години се вакцинирале против сезонскиот грип.

Информација од САД:

Повеќе од 22 милиона Американци се заразени со вирусот на грипот А Х1Н1, а од болеста умреле речиси 4.000, од кои 540 деца помлади од 18 години, се наведува во најновата проценка на американскиот Центар за надзор и превенција од болести. Овие податоци се однесуваат на 6- те месеци, од април, кога беше откриен вирусот на свинскиот грип, до 17-ти октомври.

Прочитај и за ... >>  Наоѓање на половина од погрешен пат?!

Според податоците, досега биле хоспитализирани 98.000 луѓе, од кои 36.000 деца, иако бројот на заразени е многу поголем – 8 милиони.

Aмериканските здравствени власти објаснуваат дека епидемијата не е влошена, туку е потребно време да се соберат податоците за заболените и умрените. Податокот за умрените не се однесува на целата земја, туку е проценка добиена врз основа на деталните податоци од 10 сојузни држави.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека лекарите треба да им препишуваат антивирусни лекови на бремените жени, малите деца и хроничните болни веднаш штом ќе ги добијат првите клинички симптоми од новиот грип, а за да спречат сериозни компликации. Изразена е загриженост поради тоа што некои лекари ги чекаат лабораториските резултати како потврда на вирусот А Х1Н1 пред да препишат лекови како Тамифлу.

За да се спречат компликации, мора да се дадат антивирусни лекови што порано, велат од СЗО, истакнувајќи дека тоа посебно важи за пациентите со проблеми со дишните органи и зголемена температура за подолг период.

Прочитај и за ... >>  Помеѓу „ќе“ и „можам“ (нема и „морам“)

Најнови податоци за состојба со ширењето на „свинскиот грип“ во Република Македонија:

Регистрирани се 43 нови случаи, од кои 22 се ученици од средните училишта. Според Институтот за јавно здравје, во изминатото деноноќие биле прегледани 56- мина пациенти, а 8- мина се хоспитализирани. На Клиниката за инфективни болести моментно се хоспитализирани 25 лица. Според лекарите, нивната состојба е стабилна.

Комисијата за пандемски грип заклучи дека засега нема потреба од затворање на училиштата, а од настава треба да отсуствуваат само учениците кои се заболени. Граѓаните да не користат маски, освен оние кои се веќе заразени. Треба да се засили надзорот над училиштата, а граѓаните да внимаваат на личната хигиена.

Експертите на денешната средба заклучија дека, откако бројот на заболени ќе ја надмине бројката од 300, сите со симптоми на грип ќе се третираат како заболени од А Х1Н1.

Лабораториска анализа ќе се прави само за пациентите со потешки симптоми, хронично болните и бремените жени.

Министерството за здравство соопшти дека идната недела ќе се знае кога точно ќе пристигнат веќе нарачаните вакцини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here