Потребно време за читање: 2 минути

Уште еднаш се потврди дека, иако подмладено, раководството на СДСМ не може да се ослободи од „истрошените“ кадри и да направи порадикален чекор кон „победничка иднина“.

Отсуството на Владо Бучковски од кандидатските листи не може да биде „покритие“ за „опстојувањето“ на Макрадули, Ивановски, Минчев, Иванова, Бендевска…

За Радмила Шеќеринска е се одамна познато и препознат. Таа е сега кандидат за иден премиер кој катастрофално ја изгуби претходната битка. Добива шанса за „реванш“, но со многу негативно „позиционирање“ во однос на „лутиот противник“ Груевски. Мислам на огромните разлики во сите „лидерски“ рејтинг листи)

Се чини дека е веќе јасно оти победата на ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери е сигурна, а прашањето е дали таа ќе биде голема или, напротив, дури недоволна. Не за формирање на Влада, туку според бројот на освоените пратенички места.

СДСМ одржа конгрес на кој ги утврди изборните листи за предвремените парламентарни избори на 5. јуни и ја усвои изборната програма.

Прочитај и за ... >>  Добар предлог, лошо образложение

Предводници на листите на СДСМ и 15-те коалициони партнери се: Радмила Шеќеринска, Ана Павловска Данева, Стевчо Јакимовски, Зоран Заев, Јани Макрадули и Стојко Пауновски Освен нив, на тн. добитни места се: во првата изборна единица Тито Петковски, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Сафет Бишевац, Ивон Величковски; во втората (скопско-кумановска) Оливер Спасовски, Горан Минчев и Соња Мираковска; во третата Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилија Станковиќ, Горан Мисовски; во четвртата (струмичко- прилепска) Андреј Петров, Ленче Николовска, Панчо Орцев, Горан Сугаревски, Цветанка Иванова; во петтата (охридски-струшко битолска) Фијат Цаноски, Весна Бендевска, Митре Вељановски, Ердоган Сарач; а во тетовско-гостиварска шестка Рекан Дурмиши.
Изјава на Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ, по завршувањето на денешниот конгрес:
„Се донесе одлука Владо Бучковски да не биде на кандидатските листи. Притоа со целиот респект за неговата работа во изминатиов период, целиот изминат период на СДСМ, Владо Бучковски останува на браникот, на врвот на СДСМ и останува да ја одработи победата на СДСМ до 5. јуни.
Уште една одлука на претседателот Црвенковски, исто така да не биде на кандидатските листи, туку да биде првиот знаменосец на победата на СДСМ на 5. јуни и потоа“.
Одлуката на Црвенковски не е големо изненадување. За СДСМ и за него како лидер на партијата е многу подобро да дејствува во и од „сенка“, а притоа да не ја загрози својата „позиција“ екс претседател на Република Македонија.
Останува да ја почекаме промоцијата на „мошне обемната“ изборна програма (деновиве), која е најавено дека се базира на цврсти и реални основи, ќе биде и владина, а ќе донесе заздравување на економијата, слобода и достоинство за граѓаните. Се разбира, за анализи, оценки и проценки најважни во неа ќе бидат- ветувањата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here