Потребно време за читање: 8 минути

Само политички и новинарски шарлатани и дегенерици, платени или не сеедно, можат да смислуваат вакви и секакви други за само и само да „лаат“ против својот (внатрешен) непријател- власта, како гладни кучиња за, пред или по фрлена коска.

Можам да приведам многу други. Неодамна предупредив на еден кој добро „му дојде“ на „меѓународниот фактор“, по што (простете на нескромноста) истиот тој брзо го заборави. Потоа „авторите“ почнаа да го молчат, се правеа на удрени како да го смислиле- измислиле некои други, се додека „сам по себе“ не се заборави: политичкиот дијалог. Идиотизам, а не незнаење, затоа што само шарлатани или дегенерици можат да „стокмат“ такво нешто, да не знаат или да не се „сеќаваат“ дека дијалог е разговор на двајца, а не на сите релевантни партии во позицијата и опозицијата. Да беа нормални, власта ќе ја обвинуваа за политички монолог, сеедно дали ќе најдеа или не аргументи за тоа. (Патем, никогаш досега, во изминатиот – се уште?- транзициски период, во Република Македонија немало толку многу политички разговори и консултации на власта со опозицијата. Ама не политички дијалог, бидејќи не верувам дека таа има време за тоа.)

Секој идиотизам или мора да се третира сериозно, да се „разголува“ докрај, до „гола кожа“, единствено поради последиците, сеедно дали се мали или големи. Особено кога се работи за уривање на меѓународниот углед и достоинството на државата од една, и нејзината актуелна позиција од друга страна. Обвинувањето на власта од страна на опозициони политички и новинарски дегенерици или шарлатани дека врши „антиквизација“ на Република Македонија е мошне сериозно токму поради тоа, а ако го дадеа свесни и одговорни политичари и новинари ќе мораа да одговараат пред народот, односно пред „судот на правдата и честа“.

„Антиквизација“ на една држава значи процес на целосно враќање во далечното- античкото време: општествено- политичко (уредување), просторно- географско, културно- историско и секакво друго, односно на севкупното живеење на народот во неа. Конкретно, тоа би значело враќање или барање за враќање на целоста на територијата на Античка Македонија (види карта), заживување и реконструкција на антички градови во нејзини рамки (на пример на „откопаните“ Хераклеа и Стоби), на животот и обичаите во нив, заживување на сите оставени, запишани, откриени, откопани траги итн, повторно воведување на јазикот и писмото на античките Македонците (откако ддокрај ќе се откријат) итн.

Што направи (веројатно под притисок веќе нема да прави) Владата на Никола Груевски како „антиквизација“ на Македонија (барем да го нарекуваат почеток на процес). Ќе цитирам некои делови од еден извонреден текст на Д- р Васко Наумовски, токму под наслов „Антиквизација“ (кој најверојатно дегенериците или шарлатаните не го прочитале; во спротивно, без оглед на нивното ментално односно „мисловно“ ниво, веднаш би замолчиле и би се правеле дека „не се од овде“)

„Приказната е за некаков процес на наметнување на нова свест кај народот, негирање на словенските елементи во потеклото, и „антиквизација“ на историјата. Не се сеќавам дека некој јавно се одрекол од словенските корени, дека ги негирал светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, или, пак, царот Самуил. Но веројатно тоа е единственото нешто што може да се наметне како обвинение.

Критиките се однесуваат на плановите за изградба на споменици, именување на објекти со имиња на историски личности, веење на шеснаесеткракото сонце од Кутлеш од страна на граѓаните итн. Секоја од нив со сопствено објаснување“.

Тоа е таа „антиквизација“. Од друга страна, досега не сме чуле за “НОБилизација“ или „партизанизација“ („титоизација“) во сиот изминат период, од ослободувањето од фашизмот до денес (и денес најдолгиот булевар во Скопје се вика „Партизански одреди“, а никому, па ниту на актуелната власт не и паѓа на ум да го преименува), за „албанизација“ (споменична, не тековната која никому не му пречи) со споменикот на Скендер- бег (ист таков, со исти димензии и во центарот на Тирана и во центарот на Приштина).

Прочитај и за ... >>  Без тактика можеби, да, ама без стратегија никако

За разлика од европските и светските метрополи, во кои има и апстрактни и „конкретни“ споменици на секој чекор, во Скопје кој, за жал, воопшто не личи на тоа, особено во централното подрачје, можат да се избројат со прстите од едната рака. А се напаѓаат централната и локалната власт дека во ова кризно време (за уметноста воопшто, во конректниов случај вајарството, кое не е кризно?) дека се „намерачиле“ да изградат обележја со личности од сите историски периоди – од антиката до денес. Притоа, како што изјави- објасни на неколку наврати премиерот Груевски, најголем дел од нив се однесува токму на поновиот дел од македонската историја, а не на антиката. Несфатливо дегенско, „вондимензионално“ е тврдењето (објавено од „Гардијан“- види подолу) дека споменикот на Александар, што треба да се постави на плоштадот „Македонија“ е готов и е висок 30 метри, а ќе „пеел“ песни на Тоше (?!). Да, се мисли на младиот поп- пејач Тоше Проевски кој на 26- години го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Може да се каже дека „антиквизацијата“ навистина се подразбира дегенски, сведувајќи ја само на едно, се разбира најсветло, најзначајно име за античкиот период (не само за античка Македонија), личноста што е одамна дел од светското цивилизациско наследство, „плус“ неговиот татко: Александар Трети Македонски. Притоа е многу важно да се потенцира дека Македонија никогаш не претендирала, ниту претендира тој да биде ексклузивно „нејзин“. Таквата претензија многу „потранспарентно“ ја покажува и докажува Данајската република (Грција). Дали сте го забележале нејзиното „неофицијално“ знаме со главата на Александар? А токму веењето на знамето со македонското сонце од Кутлеш го сметаат за антиквизација и, се разбира, провокација на јужниот сосед, со што се согласуваат со него, значи се во сојузништво.

Наумовски потсетува дека „виновници“ за тоа се сите пратеници кои во 1992- ра го усвоија тој симбол за државно знаме, вклучително и тогашните министри во Владата (на СДСМ) и тогашниот претседател на државата (Киро Глигоров), кои со гордост се заколнуваа и се поклонуваа пред него:

„Со Александар се гордеат и во Грција, но и оние од Египет, и од Иран, и од Ирак. Во согласност со неговите патишта, со неговото име не треба да се именува само патот низ Македонија, туку сите патишта што ја поврзуваат Европа со Азија, длабоко низ Блискиот Исток, до Египет. По својата суштина, тој не е делител, туку обединител“.

А деновиве во Атина одново се разви полемика за идејата статуа на античкиот крал да краси еден од нејзините плоштади. Грчките научници се против оти сметаат дека тој во Атина дошол како војсководец и освојувач и не заслужува негов споменик да се постави на плоштад во централното градско подрачје на грчката метропола. Тие засега успешно одолеваат на политичкиот притисок од властите.

Како што објави британскиот весник „Гардијан“, вербалната војна трае подолго време. Статуата била изработена уште во 1972-та година, а од Министерството за култура била земена пред 17 години. Оттогаш таа лежи во депо прекриена со прашина. Желбата на грчките политичари статуата да ја види светлината на денот особено се засилила по најавите дека македонските власти планираат да постават статуа на античкиот крал на скопскиот плоштад.

Прочитај и за ... >>  Здодевно, банално, жално и сожалувачко

Весникот цитира изјава на претставник на скопската локална власт, кој информирал дека статуата на Александар Велики на коњ ќе се наоѓала во центарот на фонтана од која ќе се слушале песните на Тоше Проески. Споменикот ќе се викал – пејачка статуа. И дека со тоа Македонија ќе им оддаде почит на двајцата синови „на начин каков што Грција никогаш не може ниту да замисли“.

Што се однесува на Филип Втори, веројатно многумина не знаат дека со него се гордеат (дури) и Бугарите, бидејќи тој го има изградено и денес еден од најголемите градови- Пловдив (Филипов).

Прва одлука на Владата на Груевски е именувањето (не преименувањето) на аеродромот во Скопје во „Александар Македонски“. Нашите „борци против антиквизацијата“ им дадоа убав „штоф“ на оние од Брисел (по „политичкиот дијалог“) тоа да го наметнат како „пречка“, веројатно и нов „бенчмарк“, зашто Данајците (Грците) ептен ги иритирало.

Да потсетам, пред десетина години тие го преименуваа (не го именуваа) аеродромот во Солун во „Македонија“, а не паметам дека тогашната наша власт се „иритира“ и реагираше поради „македонизација“. А и тие, „Бриселците“, забораваат дека во најновите (неколку) предлози на Нимиц за решавање на проблемот што Данајската република (Грција) го има со името Македонија (повторувам по којзнае кој пат: не се работи за спор, најмалку за „билатерален“, зашто ние ништо не спориме кај јужниот сосед) се потенцира дека врз терминот „македонски“ (вклучително и „античко- македонски“) ниедна страна не може да има монопол.

За именувањето Коридорот 10 (и тоа не е преименување, макар што…) подолу во овој текст, а во продолжение цитирам подолг (како целосна согласност), завршен дел од текстот на Д-р Наумовски:

„Значи, се доведуваме во ситуација во која целиот свет може да и оддава почит на античката македонска цивилизација, освен Македонија. Го чекам моментот кога овие „спасители“ на словенството ќе ги обвинат и продуцентите на оној британски квиз за кои Александар потекнува од Македонија, а не од Грција.

Македонија е веројатно единствената држава каде што видни интелектуалци, политичари и новинари се потсмеваат на спомнувањето на сопствената татковина во Библијата, како и на нејзиното културно, историско и цивилизациско наследство. Се прашувам што ли ќе направеа историчарите и интелектуалците на Ирска, Луксембург, Естонија или на Словачка ако нивните земји беа во Библијата, или, пак, доколку имаа некој сличен на Александар во нивната историја.

Додека другите држави прават од ништо – нешто, градат споменици на луѓе и се гордеат со настани што имаат само локално или национално значење, нам ни се негира правото да им оддаваме почит на оние што се дел не само од македонската, туку и од светската историја, оние за кои се изучува на часовите по историја во сите училишта во светот, оние за кои знаат сите.

Уште многу пред денешниве антиисторичари, првата асоцијација за името Македонија е Александар Велики и неговиот печат врз историјата. Негирањето на постоењето на макар и најмала врска на Александар со Република Македонија секако е дел од напорите за создавање на перцепцијата дека денешната Македонија нема никаква врска со античката, а со тоа и нема право да се нарекува токму така – Македонија. Тоа е и основната идеја зад предлозите од типот „Нова Македонија“.

Прочитај и за ... >>  Уште еден мандат за Ангела Меркел

Не случајно, оние што го негираат македонското наследство од антиката се истите оние што повикуваат на широкоград компромис со Грција, дури и тој да значи обезличување на нашиот идентитет. Барем се доследни“.

За Коридорот 10. Дали се сеќавате како се викаше „од Триглав до Гевгелија“? Се уште не е „заеднички“ преименуван (мислам на договор помеѓу сите поранешни југословенски републики низ кои минува): автопат „Братство и единство“. Се разбира, во меѓувреме, тој во најголем дел е реконструиран, деловите во одделните бившојугословенски републики, со финансиска помош од ЕУ поради „европското“ значење, а Македонија веќе 5 години чека да стартува изградбата на новиот дел во близина на Демиркаписката клисура, со што постоечкиот ќе стане локален, односно алтернативен пат. Треба да се гради и со европски пари. Идејата е да се зголеми брзината на проток на патници и безбедноста. Проценето е дека 20-те километри ќе чинат од 150 до 200 милиони евра. Главната клучка каде што автопатот ќе се поврзува со сегашниот пат за Данајската република (Грција) е селото Смоквица. Надлежните се уште не избрале дали новата делница ќе минува непосредно по текот на реката Вардар или низ планините кај клисурата што е поскапа варијанта.

Делот од Коридорот 10 кој минува низ Македонија (значи не целиот) Владата на Македонија го именува „Александар Македонски“, а Атина поради тоа го откажа својот дел од ЕУ финансиите (50 милиони евра).

Што се однесува на именувањето, може да се изнесат аргументи и за и против. Јас лично порадо би го именувал со името на учителот на Александар и големиот антички мудрец, кого Атина не го признала за свој сограѓанин иако бил нивни сожител со децении- Аристотел.

Зошто е ступидна и безначајна (без никаков ефект) реакцијата на Атина? Одговорот мошне лесно ќе го најдете на Интернет:

Најнапред, затоа што со изградбата на Коридорот 10 (со меѓународна ознака Е-75) се воспоставува функционирање на сообраќајот на правецот Север- Југ и вклучување во мрежата на современи европски сообраќајници и мрежи на автопатишта (значи не само, дури најмалку македонски). Е-75 спаѓа во позначајните европски патни правци. Тој е дел од групата на тн. ТЕМ патишта (Trans Europian Motorways), која за една од целите ја има поврзувањето на студените и топлите мориња на Европа. Со други зборови, за јужниот сосед изградбата на делницата што минува низ Македонија е од круцијално значење.

Денеска во Скопје претставникот на Европската комисија Џонатан Шил, инаку директор за транспорт и врски во ЕК, не сакајќи да навлегува во политичките моменти на спорот, изјави:

„Тоа беше одлука на македонската Влада (се мисли на именувањето) и таа предизвика одредени последици во однос на финансирањето. Одредени средства, кои беа предвидени за овој коридор, ќе треба да се најдат од други извори“.

Се разбира дека ќе се најдат.

Да спомнам дека преговорите помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан за воспоставување на транспортна заедница започнаа во јуни минатата година. Договорот ќе помогне регионот сообраќајно да се интегрира со Европа и да ги усогласи правилата за безбедност, заштита на животната средина и услугите. Според Европската комисија, нема пречки Македонија да биде дел од овој систем.

Во меѓувреме, деновиве, од претставник на опозицијата (СДСМ) чувме дека Владата на Груевски наводно „се откажала од натамошна антиквизација“. А кога била за? Да не се откажала таа од таквиот идиотизам, на тој начин оградувајќи се од сопствените членови и ним блиските новинарски дегени?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here