Потребно време за читање: 2 минути

Нерешеното кипарско прашање е само еден од „гордиевите јазли“ кои е очигледно дека не можат едноставно да се „пресечат“ со „меч“. Со други зборови, да се наметне решение кое ќе се почитува без приговор и поговор, односно да се реши со притисок и сила, пред се дипломатска. Не можат, а се чини дека е веќе дојдено „крајното време“ за нивно решавање, до колку се сака да се запре веќе започнатиот процес на разнебитување, на „растурање“ на Европската унија, но и загрозување на мирот во светот.

„Паралелата“ е неизбежна: едновремено на „дневен ред“ (фаза на силен притисок) е и можеби „најдебелиот јазол“: проблемот што си го направи Грција (самата на себе) со името Македонија (суштинскиот дел од уставното име на земјава).

Интензивирањето на разговорите на двете заедници на островот е уште еден обид во тој правец, а кој ќе мора да донесе некое прифатливо решение. Исто како што побрзо компромисно решение на грчко- македонскиот спор (да, во меѓувреме вешто претворен во билатерален).

Прочитај и за ... >>  Сепак, само вербален напад

Се работи за прва фаза од разговорите помеѓу лидерите на двете заедници на Кипар, претседателот на Кипар Димитрис Христофијас и лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат. Тие се водат во рамки на веќе водените преговори помеѓу нив за обединување на островот, под патронат на ОН, во резиденцијата на специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Таје Брук Зерихун, која се наоѓа на аеродромот во Никозија.

Договорено е да се одвиваат во две етапи- првата од денеска до задутре, а втората од 25- ти до 27- ми овој месец.

Претседателот Христофијас и лидерот на кипарските Турци Али Талат се договориле да не изнесуваат детали за тоа што ќе се договорат (или веќе се договориле денеска), се додека не се постигне конечен договор.

Потврдено е дека на денешната средба имало слободна размена на мислења за различни аспекти на проблемот, пред се поврзани со иднината на управувањето со островот. Христофијас изјавил дека нема документ што ќе послужи како основа за водењето на овие разговори. Притоа додал дека двајцата немаат намера да се повлечат од нив без да постигнат резултат и изразил надеж оти на крајот ќе има повеќе разбирање во позициите на двете страни, што според него е и заедничка цел.

Прочитај и за ... >>  Стручен консултант

Според кипарски весници, генералниот секретар на ОН Бан Ки- мун изразил оптимизам во однос на исходот на преговорите за Кипар и оти е охрабрен:

„Се надевам дека кипарските лидери ќе забележат значителен напредок. Искрено верувам дека за време на двете фази на интензивните разговори овој месец тие ќе можат да се договорат“, потенцирал тој, повикувајќи ги Христофијас и Талат да покажат еластичност и компромис.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here