Потребно време за читање: 7 минути

Конференцијата на македонската дијаспора е од исклучително значење за Република Македонија, за Македонците во целиот свет. Таа потврдува подготвеност за организирано и засилено заедничко дејствување во одбраната и афирмацијата на македонскиот идентитет, особено во овие клучни моменти на негово оспорување. Клучни затоа што по дефинитивното паѓање на маската на данајското лице на јужниот сосед, на неговото политичко водство- дека не се работи за негов проблем со името на земјава (не уставното), туку со иадентитетот на македонскиот народ, може да се очекувам всушност веќе се случува „последната офанзива“. Имено, во наредниот период (недели, месеци) Данајската република (Грција) и нејзините сојузници во ЕУ и НАТО ќе вршат се пожесток притисок врз македонското државно раководство „проблемот“ да се реши што поброз со негова „флексибилност“ (а не со обостран разумен компромис). Зашто едноставно, времето никогаш не било, ниту може да биде на страната на таквите- со паднати маски.

Македонската дијаспора може да направи могу на тој план, со конкретни акции, лобирање, кампањи, здобивање на влијателни пријатели итн. Досега стореното секако не е за потценување, но е недоволно. Особено кога е јасно дека битката ќе биде долготрајна и со голема посветеност, па и жртвувања.

Првиот човек на Македонија во Вашингот, Зоран Јолевски, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик со право потенцира дека глобалната конференција многу ќе придонесе за зајакнување на присуството на дијаспората во политиката на земјите каде што живеат. Тоа е настан кој дава една насока за иднината – каде треба да се движат Македонците. Јолевски смета дека македонскиот глас се слуша помеѓу конгресмените и сенаторите во главниот град на САД. Надминати се несогласувањата и делбите и сите заедно бараат решенија и начини за промовирање на татковината.

Конкретни дејанија на македонската Влада односно државниот врв во обединувањето на македонската дијаспора на северноамериканскиот континент: во октомври минатата година се одржа првиот форум на кој беа собрани сите македонски организации и за првпат се разговараше како може да се обединат и соработуваат. Владата отвори три генерални конзулати во Америка – во Детроит, Њујорк и Чикаго.

Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон ги следи сите настани на дијаспората и ја охрабрува да се организира. Јолевски забележува дека во минатото таа беше организирана главно околу црковните општини, но денес, освен развојот на црковните заедници, е потребен и развој на невладини организации како ОМД и Македонија 2025. Американци кои ја сакаат Македонија веќе имаат организација – Пријателство со Македонија. Пред една година кокусот- неформална група во американскиот Конгрес кој ќе се залага за Македонија, беше пред формирање, но грчката дијаспора направи сериозен притисок врз дел од конгресмените и сенаторите, па тие порачаа дека ќе помогнат и без него. Со писмата што ги испраќаат тие потврдуваат дека работат на македонското прашање.

Претседателот на Република Македонија им се обрати со писмо на иселениците:

„Македонија е горда на својата дијаспора, а Македонците од САД, Канада, Австралија и од Европа се најважната врска меѓу земјата од која потекнуваат и нивниот нов дом“.

Во обраќањето, што во негово отсуство беше прочитано на конференцијата, Иванов посочува дека Македонија денес е блескав пример на отворено и мултикултурно општество, која храбро се соочила со предизвиците од балканското минато. Истакнувајќи дека Македонија продолжува решително на патот кон ЕУ и НАТО, тој потенцира дека земјата е соочена со сериозни предизвици и оти нејзините евроатлантски интеграции се оспорени поради ирационален проблем.

Прочитај и за ... >>  Резултати далеку од катастрофални, но не и за (големо) задоволство

„Нашата евроатланска интеграција е оспорена поради ирационален проблем кој го отвори една единствена земја-членка на НАТО и на Европската унија. Нас не охрабрува поддршката на Соединетите Американски Држави, Канада и на многу други држави, која ни ја даваат во разговорите за надминување на овој проблем, кои продолжуваат под посредништво на Обединетите нации. Јас сум лично благодарен на македонската дијаспора и на организациите, како Обединетата македонска дијаспора, за нивната улога како амбасадори на татковината “.

А ставот на дијаспората во врска со проблемот кој Данајската република (Грција) го има со името на државава, всушност со македонскиот идентитет, е одамна познат. Потврден на конференцијата во Вашингтон:

Македонската дијаспора е против какво било менување на уставното име. Иако Македонците што не живеат во Македонија знаат дека земјата е под огромни притисоци кои тие директно не ги чувствуваат, сепак на своите сонародници во Македонија им порачуваат дека секое ново име прифатено во преговорите со Грција ќе значи почеток на распаѓање на македонското национално ткиво во Америка, Канада, Австралија и европските земји каде што живеат Македонци.

Најголемиот број на македонски организации во светот се против менувањето на уставното име. Уше помалку за нив е прифатлива промена на националноста и јазикот во „северномакедонски“ или „горномакедонски“, како што се почесто се промовира од јужниот сосед. Според нив, таквата одлука драматично ќе ја забрза асимилацијата на Македонците и во Америка и Канада, но и во земјите соседи на Македонија.

На покана од Обединетата македонска дијаспора македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски престојува во работна посета на САД. На конференцијата тој зборуваше за клучното стратегиско прашање на Македонија – евроатлантската интеграција.

Боцевски се залага за постојан пресинг на Македонија во светските метрополи за да се заокружи нејзината евроатланската интеграција:

„Тоа е генерациски проект на актуелната генерација македонски политичари, односно проектот Македонија силно да се всидри во рамки на институциите на западниот свет – ЕУ и НАТО. За остварување на таа цел е потребен секојдневен пресинг и ангажман од страна на македонските претставници и политичари, тука во Вашингтон, Брисел и другите главни градови, за да ја изложиме европската агенда на Македонија“.

Според него, иселеништвото е врзувачкото ткиво преку кое Македонија се презентира во САД, се зајакнува нејзината афирмација за влез во ЕУ и НАТО, а со тоа истовремено се афирмираат и македонскиот идентитет, култура и јазик.

Обединетата македонска дијаспора му додели највисоко признание на Д-р Срѓан Керим за заложбите за зачувување на македонското национално наследство. Заблагодарувајќи се, Керим во интервју за Гласот на Америка рече дека „и’ служиш на државата да бидеш награден, а не да бидеш платен“, алудирајќи на задоволството и на честа да ја претставува Македонија низ многуте дипломатски години.

„Мислам дека со едно лобирање како сега во Вашингтон, каде што имаме такви почитувани гости како сенаторот Лугар, конгресменот Паскрел од Њу Џерси и многу други видни Американци, навистина можеме и во Америка и во многу други земји да го сториме она што е една од нашите клучни задачи како патриоти, а тоа е да се афирмираме како нација, како луѓе, како држава“.

Прочитај и за ... >>  Разурнувачки земјотрес и цунами во Јапонија

На сенаторот Ричард Лугар му е доделена „Меѓународна награда на слободата“ за залагањето за Македонија, но и за долгогодишната поддршка на универзално прифатените принципи на правда, мир, демократија, лична слобода и економски можности. Највисокиот по ранг републикански член на Сенатската комисија за надворешни работи во интервјуто за Гласот на Америка на македонски вели дека САД ќе бидат константни во застапување на ставот дека Македонија треба да биде дел од НАТО.

„Оптимист сум. Понекогаш за дипломатијата е потребно извесно време. Ќе продолжиме да се залагаме за македонското членство во НАТО. Како што реков вечерва, тоа им го велиме и на Македонците, и на Грците кога ќе не` посетат во Сенатската комисија за надворешни работи, бидејќи веруваме дека тоа е добро за соседството, а секако е добро за Европа.

Немам конкретен совет за Македонија, освен да продолжи да просперира како земја, да расте политички, економски, да одржува пријателски врски во сите насоки. Ќе дојде ден кога работите ќе дојдат на свое место“.

Од интервјуата на Гласот на Америка на македонски со некои од наградените конгресмени:

„Јас не можам да разберам како две прекрасни земји решија да спорат за она што една земја има право да го стори – да се именува себеси. Ние ќе бев

ме изнервирани и гневни доколку Велика Британија ни кажеше во ОН – не сакаме да се нарекувате САД, сакаме да бидете `Поранешна Велика Британија`“, кажа демократскиот конгресмен Бил Паскрел во емотивен говор по примањето на наградата.

„Мислам дека е правилно Македонија, која има дадено толку многу на други земји, да биде дел од НАТО. За мене е. Да употребам термин што еден колега го употреби, апсурдно е да се држи надвор од НАТО поради спор помеѓу две земји, а не помеѓу сите земји во светот. Двете земји мора да изнајдат компромис и на тоа ќе посветам многу, многу часови за да се случи.

Мислам дека дел од компромисот е Република Македонија да стане нешто друго, меѓутоа никогаш да не биде „поранешна југословенска република“ и целосно да го отфрли името „Македонија“. Го разбирам проблемот. Има еден македонски дел на Грција, ја разбирам тамошната чувствителност. Има други начини да се реши проблемот отколку да се промени името на Македонија“.

Републиканецот од Индијана Марк Саудер раскажува дека практично со години сам во Конгресот се залагал за Македонија, поради тоа што е еден од малкутемина кој во изборната единица има значителен број на македонски Американци. Саудер вели дека сега во Конгресот постои македонска неформална група – кокус, но дека допрва треба да расте по број и влијание.

„Македонија не е голема земја, но е пријател на САД на толку многу начини. Мојата единствена посета таму беше кога појдов во еден од камповите каде се наоѓаа луѓето од Косово.Тоа беше тешка одлука што Македонија ја донесе. Очигледно, во Македонија имаше поделби толку многу години, и да подаде рака на таков начин, кога времето беше од најкритично значење во тој судир на Балканот, потоа да му помогне на НАТО и на САД откако бевме нападнати од терористите, да се обиде да трага по нив и да ги улови – тоа е еден восхитувачки период од македонската историја.Да се соработува со македонската дијаспора и да се биде награден од неа е голема чест.

Прочитај и за ... >>  Политичките лаги и измами

Наша работа број еден во Конгресот – бидејќи грчкото население во САД е побројно, имаат повеќе пари и повеќе гласови – е да запреме американскиот Конгрес да интервенира. Нашата извршна гранка, без оглед на тоа која партија е на власт, ја разбира важноста на Македонија и не верувам дека ќе ја занемари. Предизвикот во Европа е да се допре до европските земји, да им се помогне да разберат дека не може да имаат разединетост околу дебати за името. Мислам дека Македонија и Грција треба да продолжат да работат на прашањето. Верувам дека со раководството во Македонија, нејзината влада, со слободните избори, со прифаќање на различни малцински групи во земјата, а што не беше најдобро направено во други балкански земји, како што Македонија ќе добива повеќе инвестиции – сега сите ширум светот минуваме низ тежок период – и ќе станува посилна, ќе биде невозможно да биде игнорирана. Влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ е само прашање на време, бидејќи економската и демократска моќ на крајот ќе надвладеат“.

Eрл Померој е конгресмен од редовите на Демократската партија. Според негова оценка, политиката свесно и намерно го одржува во живот спорот за името и не го разрешува

„Упорност, упорност, упорност! 120 земји во светот ја признаа Македонија под нејзиното уставно име – Македонија. Никако не е соодветно една земја да се о

бидува со билатерално прашање да запре друга земја да учествува во Заедница на нации, во случајов НАТО, нашиот заеднички и безбедносен сојуз.

Прашањата што треба да одредат дали една земја е членка на Алијансата се одбранбени прашања, а не неодносни прашања за името, билатерален спор, што ја попречува меѓународната заедница. Се надеваме дека може да се најде решение. Да биде јасно: политиката на Грција, а можеби за некои дури и политиката во Македонија, сака да ја одржува жива битката, наместо да ја разреши.

Се надевам дека посмирените умови и желбата за мир помеѓу сите луѓе значат дека ќе успееме да најдеме одговор на ова прашање. Не е лесно, воопшто не е лесно, но ако останеме посветени на него мислам дека ќе се случи.

Јас сум од малубројната сојузна држава Северна Дакота, рурална држава, но тоа воопшто не значи дека малите држави не можат да имаат голем глас. Така, мошне сум задоволен што се собра дијаспората на Македонија. Можеби ќе нема толку Македонци кои ширум САД ќе организираат и финансираат лоби големо колку што е грчкото, но прашањето не е во тоа – се работи за тоа што застапувате. Во случајов, според мое мислење, правдата е на страна на Македонија и на крај прашањето мора да биде решено соодветно на тоа“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here