Потребно време за читање: 2 минути

Предлог- буџетот за идната година е поголем за 100 милиони евра во однос на годинашниов, и тоа со пораст и на приходите и на расходите. Станува збор за 2, 3 милијарди евра или зголемување за 3,4%. Приходите од даноците ќе се зголемат за 65 милиони евра, а вкупното трошење ќе биде поголемо за 2,8% или 2,5 милијарди евра. Проектираниот- пресметаниот дефицит ќе изнесува 170 милиони евра.

Интересно, експертите се воздржуваат од првични анализи и проценки, а тоа посебно се однесува на опозицијата. Ставот дека при креирање на дефицит е поважно за што се трошат пари, со „задолжителната- дежурната“ забелешка за мали деца, дека „едно е инвестиција да направите споменик, друго е капитална инвестиција да направите два километра автопат“, потврдува дека развојноста и реалноста не се спорни. Ставот на министерот за финансии Зоран Ставрески:

„Кај платите Буџетот предвидува намалување од 2,8% во однос на 2009. или за 649 милиони денари. Кај стоките и услугите, кои обично се квалификувани како најнепродуктивен дел од трошоците, имаме сериозно намалување од 9, 8% или за милијарда и 876 милиони денари во однос на 2009. година. Платите остануваат замрзнати исто како и вработувањата. И натаму доминантна ставка, со 800 милиони евра, остануваат социјалните трансфери или 31% од вкупните трошења“.

Прочитај и за ... >>  Амбасадор „ѕвездочитач“

Акцентот во развојот е ставен на образованието- со 346 милиони евра, здравството- 320 милиони евра, структуралниот и економскиот развој- 308 милиони евра, земјоделските субвенции- 113 милиони евра.

Освен од зголемените приходи, Буџетот ќе се полни и со домашно и со странско задолжува.

Во проекциите за идната година Владата предвидува раст на економијата од 2%, а исто толкава и инфлација.

Опозиционата забелешка за мали деца искажана од потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски:

„Она што е поважно е, кога веќе креирате дефицит, трошите повеќе пари одошто прибирате пари, за што ги трошите парите. Значи, едно е инвестиција да направите споменик, друго е капитална инвестиција да направите два километра автопат“.

Не изненадува и и крајно нестручниот- неекспертскиот став (вообичаен, повторуван многу пати досега) за „катастрофалната“ 2009. за македонската економија, а за што, се разбира, е виновна единствено актуелната Влада (не, на пример, макар во мал дел, и влијанието на светската криза односно рецесија):

Прочитај и за ... >>  Со посета на Турција Барак Обама ја завршува својата успешна европска турнеја

„Во текот на 2009. година Владата имаше една катастрофална лоша серија на предвидувања на она што ќе се случува со македонската економија и од тој аспект ние би сакале да видиме колку се реални претпоставките дека навистина ќе можат да се остварат приходите во Буџетот, кои што се предвидени со новиот Буџет“.

Белким „во меѓувреме“ ќе го видат и реално ќе го оценат не остварувањето на приходите, туку оправданоста на секоја одделна ставка во Предлог- буџетот за 2010. година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here