Потребно време за читање: 2 минути

Дали грчкиот весник „Елефтеротипија“ се покажа „поербап“ од македонските медиуми- „блиските извори“ на нашите медиуми им се “подалечни“ од неговите или, пак, е во прашање шпекулација за што и грчките и македонските досега се покажаа еднакво успешни?Да, треба да се има предвид дека тој е близок со партијата ПАСОК на Папандреу.

Ако се суди според „чудното однесување“ на американскиот државен врв, пред се на американската дипломатија, кое може да се „препознае“ како молчење и повлекување од вревата на јавноста, нешто како да се „тркала“. Можеби не „стапица“ од која, како што објавија грчки весници, Грција има се поголем уплав, ама нешто како од „Голем брат“ многу веројатно.

Од друга страна, зошто решението што наводно го подготвуваат Американците би било „стапица“, кога во овој „пресуден момент“ за Грција е најповолно „разумно компромисно“?

Повикувајќи се на неименувани високи американски дипломати, „Елефтеротипија“ објави текст под наслов „Американска стапица за името“, во кој тврди дека името на ПЈРМ ќе биде Република Северна Македонија, а терминот „македонски“ ќе се употребува за одредување на идентитетот и јазикот. И уште- дообјаснувањето околу користењето на новото име, за што Грција инсистира да биде „ерга омнес“ (сеопшто односно единствено), ќе се остави за понатамошниот тек на преговорите.

Прочитај и за ... >>  Во преговорите за „спорот“ за името ништо ново, освен се поголем притисок врз Македонија, па и закани од „меѓународниот фактор“

Администрацијата на Обама преку посредникот Нимиц ќе изврши притисок врз Атина и Скопје за вакво решение на спорот со името. Планот на Вашингтон, се разбира како предлог на Нимиц,предвидува новото име Република Северна Македонија да помине на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој со одлуката би препорачал тоа да го користат сите членки на светската организација во билатералните односи со Македонија.

Се работи за тн. тивко решение на суштинскиот проблем за Македонија- именувањето на нацијата и јазикот. Имено, со терминот „македонски“ тие би се впишале во регистарот на ОН без неопходно одобрение од Грција, според речникот на светската организација (glosssary), со што таа практично не би можела да го блокира.

Според атинскиот весник, „стапицата“ ќе биде „збогатена“ и со менување на тактиката на Американците што ја користеше претходната администрација на Буш. Тие ќе се впуштат во оспорување на грчките аргументи пред самитите на членките на НАТО и ЕУ, планирани наредната година.

Прочитај и за ... >>  Наскоро одговор што се „тркала“ во и околу „Сведмилк“

„Елефтеротипија“ потсетува дека и пред Букурешт имаше силен американски притисок, но Атина не попушти и со вето го спречи приемот на Македонија во НАТО.

Некои македонски аналитичари пишувањето на „Елефтеротипија“ го оценија како пробен балон за македонската јавност, односно подготвување на „терен“ за „разумниот кмпромис“ (промена на името и „заштитени“ идентитетот и јазикот). Па препорачуваат земјава да не попушти пред грчките притисоци, особено ако се има предвид дека се води постапка пред Меѓународниот суд на правдата која нема шанси да не ја добие.

Можеби е најповолен момент, доколку „стапицата“ се уште не е докрај „поставена“, Република Македонија да истапи со свој предлог; кој е најповолен, а со оглед дека компромисно решение мора да се изнајде што поскоро ( досега повеќе пати посочив на него во некои текстови на овој блог): не „двојна формула“, туку алтернативни имиња (две или три, со задржување на уставното „Република Македонија“, а за што треба да се води „последна битка“) со еднакво значење и валидност- Република Северна Македонија, Република Вардарска Македонија…, па „кој што сака нека избира“.

Прочитај и за ... >>  За паметење: 25 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Изгледа ступидно, ама нема друго кога проблемот на Грција е ептен ступиден. И онака најнакрај, со вакво решение во колоквијалниот, па и „официјалниот“ говор ќе остане само „Македонија“ (исто како Грција, Финска итн.итн.).

Впрочем, и весникот „Елефтеротипија“ во април годинава цитираше една статија на професор на Солунскиот универзитет „Аристотел“:

„Скопјаните, кои се подготвуваат за компромис – ако тоа се случи, ќе продолжат да ја нарекуваат својата држава ‘Македонија’, како и повеќето од другите земји, затоа што така навикнале“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here