Потребно време за читање: 5 минути

Оној што има барем просечни познавања од економијата и финансиите, барем површно ги следи светските економски текови, прво воопшто не би ја прашувал Владата (ресорниот министер) дали Република Македонија е во рецесија или не (демек, Владата „да признае“), а второ би барал- предлагал внимателни, темелно осмислени и долгорочни мерки за нејзино совладување.

На човек да му се смачи читајќи- слушајќи некои новинари- медиуми и партиски војници со каков дилетантизам ги „мешаат“ актуелните глобални, регионални и локални- македонски економски прашања и проблеми. Еднакво како идиотизмот на една “новинарка“ наречен „антиквизација“ и поранешниот (исто така (и) нејзин) „политички дијалог“.

За оние што „знаат дека не знаат“, а сакаат, се трудат да дознаат и да знаат (од една мала „прошетка“ низ Интернет бидејќи сме на- во него):

Под рецесија се подразбираат повремени забавувања во стопанската активност на некоја земја проследени со изтовремени влошувања на општата економска клима (пад на реалниот доход, пораст на невработеноста, низок степен на искористеност на производствените капацитети…).

Треба да се потенцира дека рецесијата е помалку длабока и сериозна од депресијата. Се повторува во периоди од по неколку години, а вообичаено започнува во една земја и и треба одреден број на месеци, односно годишни квартали за да се пресели во други.

Постојат пет „најочигледни“ нивоа на влошување: стагнација– се случуваат краткорочни осцилации на економската активност, економијата бележи позитивни стапки на раст кои се сепак пониски отколку во претходниот период; рецесија– значителен пад на економската активност видлив во различни делови на економијата кој трае повеќе месеци; глобална рецесија– забавување на стапката на растот на светската економија на помалку од 3%; депресија– тешка рецесија која трае долго и вклучува пад на БДП (бруто домашниот производ) поголем од 10%; и криза– крах на економијата во ситуација кога државата повеќе не може да ги финансира своите обврски како што се сервисирање на долгот, финансирање на јавните потреби и сл.

Нужно е да се има предвид дека не постои една, единствена, најпрецизна дефиниција на рецесијата (веројатно затоа и властите во многу земји одбегнуваат да ја „признаат“ односно прогласи). Многу често се користи познатата:

„Два квартала на негативен раст од растот на домашниот производ“.

Прочитај и за ... >>  Што се случува со храната во светот и кај нас?

Меѓутоа, треба да се имаат предвид некои проблеми околу нејзиното прифаќање (ги посочи „Економист“ во текстот„Redefininf recession“: БДП може да флуктуира квартално, на пример во првиот и третиот месец 4%, а во вториот и чевртиот да порасне за 1%- што значи дека тоа не е рецесија иако доаѓа до релативно долгорочен пад; релативно мал раст на БДП со голем раст на популацијата може во суштина да значи и реално намалување на БДП по глава на жител; износот на БДП подоцна се ревидира, во просек за 0.4 процентни поени подолу на годишно ниво во Америка (од 1999). Тоа е разлика помеѓу првите и конечните резултати.

„Економист“ предлага со анализата на БДП поголемо внимание да се посвети на невработеноста, бидејќи таа се мери полесно, бројките подоцна не се менуваат, а порастот на невработеноста досега се покажа како добар индикатор на рецесијата.

Експерите укажуваат на можеби најважната последица од лошата дефиниција на рецесијата: нејзино задоцнето откривање и одлагање на примена на решенија. На пример, додека таа трае се намалуваат каматните стапки зашто не постои можност за предизвикување на инфлација (кај нас тие не паѓаат, туку и натаму остануваат мошне високи). Познат е случајот на Јапонија во периодот 1997- 1999- та кога задоцнетото откривање на рецесијата доведе до нејзино пролонгирање и дефлација.

Неспорно е дека се мошне „цврсти“ причинско- последичните „врски“ помеѓу рецесијата (во една земја) и глобалната рецесија. Ова особено треба да се има предвид кога се предлагаат порадикални решенија, како што тоа го прават критичарите (критизерите?) од македонската опозиција предводена од СДСМ. Затоа е добро сериозно да се земат прогнозите на ММФ за БДП дадени во јулското издание на публикацијата „Светски економски изгледи“: глобалната економија почнува да се извлекува од рецесијата, невидена по Втората светска војна, но стабилизацијата е нерамномерна и се очекува инертно опоравување. Предвиден е 0,5% поголем економски раст годинава и во 2010- та.

Опоравувањето доаѓа, но според главниот економист на ММФ Оливие Бланшард се чини дека тоа ќе биде слабо. Финансиските услови се подобрени повеќе од очекуваното, најнапред поради јавните инвестиции, но опоравувањето на финансиските институции ќе биде тромо, кредитното посредување ослабено. Постапно ќе слабее јавната поддршка, а домаќинствата во земјите кои претрпеа колапс на цените на имотот повторно ќе прибираат заштеда. Се препорачува и во враќањето на здравиот финансиски сектор на макроекономската политика да остане поддршката, додека се подготвува теренот за повлекување на високото ниво на јавни инвестиции. Истовремено и се дадени слаби изгледи на внатрешната побарувачка во бројни земји со дефицит на тековната сметка, вклучувајќи ги и САД. Додека глобалната економија се стабилизира, на развиените економии извештајот не им прогнозира одржлив раст на активностите се до втората половина на 2010- та година.

Прочитај и за ... >>  Македонија и регионот пред се поголеми удари на светската економска криза

Се прогнозира намалување на глобалната активност за 1,4% во 2009- та и зголемување за 2,5% во 2010- та. Прогнозата е дека БДП во напредните економии ќе падне до 3,8% годинава, пред да порасне за 0,6% во 2010- та. Ќе продолжи зголемувањето на невработеноста.

Во еврозоната показателите за потрошувачката се подобруваат, но за реалната економија се побавни. Брзо растечките пазари поголем замав на растот би требало да имаат во втората половина на годината, со регионални осцилации.

Непознавачите на основите на економијата и посебно на финансиите, како и тенденциозните, мошне драматично го проследија- коментираа најновиот пад на македонското индустриско производство од 19,8% (во јули во однос на истиот месец лани). Иако се работи за период кога падот е нормален (не во толкав процент), а поради намалените летни активности. Државниот завод за статистика најголем пад регистрира во текстилната индустрија, рударството и преработувачката индустрија.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески (кој предупреди токму на „нормалноста“ на падот) со право смета дека е потребна брза и енергична акција за реализација на оние мерки коишто Владата ги најави (значи не други и порадикални, како што бараат опозицијата и стопанствениците на нејзина „линија“). Прироа мисли пред се на кредитната линија од Европската инвестициона банка и на директните интервенции кои треба да уследат во трите клучни сектори коишто влијаат на падот на индустриското производство- металургијата, текстилната и чевларско-кожарската индустрија.

Меѓутоа, остана само на регистрација- информирање, веројатно затоа што не влегува во „контекстот“ односно „пресметката“, една многу важна „светла точка“ на македонската економија.

Имено, вчера, на свеченоста во Скопје по повод денешниот Ден на рударите (28- ми август) претседателот на Македонската асоцијација на рударите Николајчо Николов „обзнани“ дека кризата во рударскиот сектор во Македонија е надмината и се очекува нов развоен циклус кој ќе овозможи успешно работење на рудниците. Ваквата оптимистичка оценка ја темели на растот на цената на металните суровини на светските берзи, како и на последните податоци дека светската криза се надминува. Сите рудници од февруари работат со полн капацитет.

Прочитај и за ... >>  Во корист на сопствената штета

На свеченоста, на која министерот за економија Фатмир Бесими им врачи признанија на најдобрите 17- мина рудари, номинирани од своите работодавци за нивните активности и работни резултати, најави дека Владата идната недела ќе објави оглас за доделување на концесии за уште 140 локации за истражување на минерални суровини, откако минатата недела беше објавен конкурс за 42, што ќе значи нови инвестиции и нови работни места.

Барањето и очекувањето за ребаланс на државниот Буџет се исполнува. Министерот за финансии Зоран Ставрески објави дека буџетските трошоци ќе се намалат за 70 милиони евра. Со ребалансот вкупните приходи би изнесувале околу 2 милијарди и 230 милиони, а расходите 2 милијарди и 430 милиони евра. Буџетскиот дефицит останува на 2,8%, во апсолутен износ 178 милиони евра.

Владата проценува оти македонската економија ќе излезе од рецесијата некаде во последниот квартал од годинава (значи „признава“ дека земјата е во рецесија), со предвиден економски раст на годишно ниво од 1,5%. Негативниот раст за 2008- ма година се очекува да изнесува -0,6%.

Зачудува „приземјувањето“ односно критизерството на Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ, а имајќи ја предвид неговата стручност:

„Се додека гледате реклами платени од Владата, во кои што таа се рекламира, обичниот граѓанин треба да знае дека непродуктивното трошење не запрело, а тие пари наместо за таа намена можеле да отидат за помош на стопанството“.

Особено ако се има предвид дека тоа- рекламирањето (што најмногу и „боде очи“ на опозицијата, а не други многу поважни, круцијални потези и дејанија на Владата- и позитивни и негативни) е практично „избришано“, а она што „обичниот граѓанин“ го гледа на МРТВ не е рекламирање на Владата, туку спотови на наши врвни режисери со кои во странство се промовира Република Македонија. (Здодевните соопштенија би требало да и бидат посакувана и добиена антиреклама).

Што беше непродуктивна потрошувачка? Само реклами платени од Владата?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here