Потребно време за читање: 3 минути

Терористичкиот напад што вчера (24.01.2011.) се случи на аеродромот Домодедово во Москва, во кој загинаа најмалку 31 лице, е само еден од низата такви напади во Русија, од кои многу во главниот град на Русија.

Потсетувам, најтрагичен беше во Беслан, град 50 километри северно од Владикасвказ, на почетокот од 2004., кога при терористичка опсада на едно училиште загинаа 344 лица, од кои 186 беа деца.

Русија мора час поскоро да преземе радикални, најостри можни мерки, да отвори најширок можен фронт против тероризмот во земјата. Се разбира, тој има меѓународен карактер, па следствено и борбата не е можна без максимална поддршка на меѓународната заедница.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев најави засилена борба против тероризмот. Имајќи ја предвид скорешната Зимска олиимпијада (2014.), тој изјави дека „на Русија и е неопходна максимална заштита од атентати“. Притоа упати јасна критика на сметка на работењето на руските тајни служби, како и на мерките за безбедност на аеродромот Домодедово и побара „построг систем на контроли, значи тотална контрола. Тоа ќе значи подолго чекање за патниците, но тоа е единствениот излез“.

На средбата со раководните структури на тајните служби во Москва Медведев побара и поостри казни за одговорните од владините редови, кои се одговорни за патничкиот сообраќај.

Прочитај и за ... >>  За паметење: 25 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Инаку, според последните извештаи во болниците околу меѓународниот аеродром Домодедово лекарските тимови се уште се борат за животите на 47 лица. Не се исклучува бројот на жртвите да се зголеми. За големиот број на жртви најмногу придонеле металните делови што ги содржела бомбата. Надлежните истражни органи се повеќе сметаат оти извршителот на атентатот би можела да биде жена. Зад атентатот се кријат екстремисти од кавкаскиот регион, каде што руските сили за безбедност со години се борат против разни сепаратистички и екстремистички групи.

Меѓународната заедница силно го осуди бомбашкиот напад. Во соопштението на Советот за безбедност на ОН се вели дека членките остро го осудуваат, а генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен потенцира:

„Заедно сме во таа борба и заедно треба да се соочиме со неа. Затоа во Советот НАТО – Русија треба да ја продлабочиме соработката во борбата со тероризмот“. Нападот го осуди и претседателот на Европската унија, Херман ван Ромпoј, како и американскиот претседател Барак Обама. Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, порача:

„Решени сме да застанеме заедно со вас во заедничката борба против оние кои го користат тероризмот за своите политички цели. САД се подготвени да и понудат на Москва секаков вид на помош“.

Прочитај и за ... >>  Уставниот суд на Македонија го „избрка“ верското образование од училиштата

Германската канцеларка Ангела Меркел и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле нагласија дека се згрозени од варварскиот чин, што не може со ништо да се оправда.

И досега, во многуте досегашни терористички напади беше изразувана поддршка од страна на меѓународната заедница во борбата против тероризмот, но е очигледно дека е крајно време за отворање на најширок можен фронт, започнување на жестоки битки на многу „невралгични места“ во светот кои, а очигледно ќе бидат долготрајни.

Истражната постапка покажа дека експлозијата на аеродромот Домодево се случила во терминалот за дочекување на патниците во меѓународниот дел. Експлозивната направа имала моќност помеѓу 2 и 5 килограми ТНТ и била наполнета со парчиња бодликава жица, соопшти официјалниот претставник на Истражниот комитет, Владимир Маркин.

Да потсетам, минатата година (2010.) во московското метро се случија два терористички напада кои однесоа повеќе од 38 животи, а десетици беа ранети. Нападот се случи во раните утрински часови, кога подземната железница ја користат речиси половина милион Московјани. Нападите ги изведоа две жени, а за организатори беа посочени исто така групи од Северен Кавказ.

Прочитај и за ... >>  Сите подготвени (наострени) за старт на предизборната кампања

И сега важи тогашната оценка на аналитичарите дека мети на тероризмот станаа главни градови и прометни места за да се создаде што поголем хаос. Така беше во Лондон, Токио и Мадрид.

Хроничарите ги забележаа најголемите терористички напади во Русија во изминатата деценија:

-во театарот Дубровка во Москва, во октомври 2002. година, при што беа убиени повеќе од 130. луѓе;

-во август 2004. жена терорист- самоубиец на метро станицата „Ришкаја“ во Москва активира бомба од која загинаа 10 лица, а околу 50 беа ранети.

Во1999. година беа забележани 3 терористички напади со многу жртви: во февруари, во момент кога еден од вагоните се движел помеѓу две станици на метрото, терорист самоубиец активира експлозив, од кој загинаа 40. луѓе, а 134. беа ранети. На крајот од таа година во експлозија на бомба беше уништена осумкатница при што загинаа 118. луѓе, а само 4 дена порано исто така во експлозија во станбена зграда загинаа 94 лица, а повеќе од 200 беа ранети.

Во 1999. во Аланија, главен град на Република Осетија, во терористички напади загинаа 62 лица, а во истиот град минатата година (2010.) загинаа 18, а беа повредени повеќе од 100 лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here