Потребно време за читање: 2 минути

Станува збор за мошне значајна промена на ставот, поточно дадена гаранција на албанскиот премиер Сали Бериша, а што отвора низа прашања и дилеми, се разбира во позитивна насока.

Од нив најважната: зошто на досегашните пописи на населението на секој граѓанин на Албанија не му беше овозможено слободно изразување на етничката припадност? Што се промени толку радикално, та сега да се нема „компекси“ за својот идентитет?

Не велам дека и досега Албанија не ги почитувала своите сограѓани од другите етникуми, но кога станува збор за изразување на етничката припадност на досегашните пописи…Како и да е, промената е радикална, извонредно позитивна за сите малцинства во соседната земја, вклучително и македонската (наш посебен интерес) и треба да се поздрави.

Изјава на Бериша:

„Пописот треба да му даде на секој граѓанин право слободно да ја изрази својата етничка припадност.

Албанската нација и народ немале и немаат комплекси за својот идентитет, зашто имаат докажано дека многу ги почитуваат своите сограѓани Грци, Бошњаци, Македонци, Срби, Црногорци, Власи, Роми или Египќани, кои може отворено да ја искажат нивната етничка припадност“.

Прочитај и за ... >>  Здодевно „Оскарување“

Притоа тој предупреди дека многу ќе се внимава да нема шпекулации.

Потсетување: малцинствата го бојкотираа последниот попис во Албанија, спроведен во април 2001-ва година, токму поради непостоење на графа за етничка и верска припадност и мајчин јазик.

Го прочитав (и го пренесувам) мислењето на Сабри Годо, еден од авторите на албанскиот Устав. Имено, тој се спротивставува на изјавата на Бериша- смета дека таков попис не треба да се дозволи, бидејќи бил „сериозна закана за територијата на земјата“. На тој начин „вештачки“ ќе се зголемел бројот на припадниците на грчкото малцинство, бидејќи грчкото влијание во Албанија било големо. Веројатно истото го мисли и за другите малцинства (и македонското).

И „неуставниот лаик“ знае дека таквото стравување е неосновано доколку не постои друга цел, па шпекулацијата односно фалсификатот да се „режира“ на највисоко ниво (власта), дури и со „сесрдна помош“ на „меѓународниот фактор“. На пример кога треба што повеќе да се „доближи“ најголема „немнозинска заедница“ до „мнозинската“. Не за друго, туку само за да се овозможи нешто во „рамка“. Се разбира, во интерес на мирот, демократијата, правата и слободите (обврските се „подразбираат“), рамноправноста, заедништвото…

Прочитај и за ... >>  Уште еден неуспешен американско- европски „фронтален притисок“ за името

Наредниот попис во Албанија ќе биде спроведен во 2011-та година. Белким дотогаш премиерот Бериша гаранцијата нема да ја „падне“ со образложение дека бил погрешно разбран.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here