Потребно време за читање: < 1 минута

Нема сомнение дека модерната живеачка се повеќе ја плаќаме со најголемата „оптшонародна“ цена- рамнодушноста. Стануваме рамнодушни на скапотијата, на постојаното зголемување на цените на се и сешто (за поскапувачите секогаш оправдано, а за плаќачите неоправдано), што најмалку значи прилагодување.

Одамна не важи една друга народна:

Пружи си ги нозете колку што ти е долга чергата.

Од едноставна причина: одамна не си ги пружаме, туку саде си ги собираме, се стуткуваме, уште малку та како клопчиња ќе бидеме.

Никако да научиме дека суштината на модерната живеачка не е во трпежот- крпежот, туку во штедењето- штедливоста. Кога ќе научиме (мораме кога- тогаш) дека прво поскапувањата нема да се случуваат така често, зашто поскапучачите ќе го одбегнуваат, а второ ќе живееме не порамнодушно, туку поскопојно, поведро, позадоволно.

Зголемувањето на цената на струјата и парното како воопшто да не не засега. Околу 10% поскапа струја? Па што? Добро е кога не е 15%-20%-30%. Нормално и парното (оти работи на струја, нели)? Најмногу до кај 8%? Добро е. Кога не е…

Прочитај и за ... >>  Фуере повторно „истрча“

Да, струјата поскапува за 9,98%. Како што одлучи Регулаторната комисија за енергетика, средната цена за киловат час од 1-ви јануари 2010-та во Република Македонија ќе изнесува 3,78 денари. Во зголемувањето најголемо учество има ЕЛЕМ- 55%, а потоа следат ЕВН со 35% и МЕПСО со 6,5%.

Зголемување на цената на парното греење: за граѓаните приклучени на мрежата на Топлификација – Центар, Исток и Запад, за 1,5%, а во Скопје-Север за 7,8%. Фирмите приклучени на мрежата на Топлификација ќе плаќаат повисоки цени за 20%, а оние од Скопје-Север за 38% .

Познато ни е како и колку штедат струја и парно граѓаните во развиените земји на светот? Па што? Далеку сме ние од полуразвиените, а камо ли од нив. Еееј…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here