Потребно време за читање: 3 минути

По неколкунеделните протести кои никако не стивнуваат, а камо ли да запрат, јасно е дека убиството на 15- годишниот тинејџер беше само „иницијална каписла“ за социјален бунт на граѓаните во јужниот сосед. Предводен од левичари, студенти и средношколци, по Нова година се очекува во него да се вклучат и работниците организирани од нивните синдикални организации, социјално загрозените, пензионерите… сите оние што во изминатите месеци (почнувајќи од 2007- ма) демонстрираа против актуелната конзервативна Влада на Караманлис. Тоа ќе значи и нејзина неодложна оставка и принудни предвремени парламентарни избори.

Навајата за реконструкција, и тоа на почетокот од наредната година (а дотогаш?), тешко дека ќе ја смири состојбата, а граѓаните ќе се вратат на нормалниот животен колосек. Актуелната Влада нема доверба кај нив, а постојано расте рејтингот на опозициониот ПАСОК.

Агенциите јавија дека вчера илјадници млади протестирале во центарот на Атина извикувајќи „пандури, свињи, убијци“, а поради смртта на тинејџерот кого на 6- ти декември го уби полицаец. На почетокот пред зградата на Универзитетот биле испукани неколку куршуми врз автобус на специјалци, но ниеден од 19- темина, колку што биле во него, не е повреден. Според првичните проценки, кон полициското возило најверојатно е стрелано од стар бункер, кој се наоѓа во атинскот кварт Гуди.

Прочитај и за ... >>  Фуере повторно „истрча“

„Долу Владата на убијци“, „Државниот тероризам нема да не запре“- можело да се прочита на транспарентите што ги носеле демонстрантите на почетокот од колоната, која тргнала кон зградата на Парламентот што се ноаѓа на централниот атински плоштад „Синтагма“. Можело да се прочитаат и натписи „Младите се одмаздуваат поради своите синови“ и „Разоружајте ја полицијата“.

Утре, на 25- ти декември, се предвидени протести на средношколците пред зградата на Министерството за просвета. На почетокот од јануари идната година тие решиле да ги продолжат, а според организаторите повеќе од 700 училишни установи и повеќе универзитети учествувале во демонстрациите кои почнаа по убиството на тинејџерот.

Низ главната трговска зона на Атина денеска протестирале повеќе од 700 млади со барање да бидат ослободени приведените лица за нередите во изминатите недели. Демонстрантите пееле протестни песни на божиќни мелодии и раздавале флаери со повик за ослободување на уапсените.

Утврдено е дека две армиски автоматски пушки биле користени во нападот врз полицискиот автобус, соопшти полицијата. Биле испукани најмалку 7 куршуми.

Прочитај и за ... >>  Се почеста употреба на народната: Трпеж- крпеж

Вечерва е опожарена банка во областа Палио Фалиро, а се изведени и напади врз автомобили на плац на увозник на „Цитроен“ и „Опел“. Опожарени биле и канцеларии на Министерството за земјоделство, во близина на центарот на градот.

И за најавената реконструкција на Владата. Најавено е дека таа ќе биде извршена во првите 10 дена од јануари наредната година, а кабинетот на премиерот Караманлис ќе го напуштат 5- мина министри и 7- мина до 9- мина заменици- министри, пренесоа данајски (грчки) медиуми. Освен тоа, ќе се формираат секретаријати кои ќе бидат под ингеренција на премиерот.

„Елефтерос типос“ објави резултати од истражување на агенцијата ГПО, според кое еден од тројца Грци е за коалициона влада за да се надмине кризата. Две третини од испитаниците се двоумат помеѓу радикални промени во Владата и можноста за најбрзо организирање на предвремени парламентарни избори. Коалициона влада поддржуваат околу 27% од приврзаниците на двете главни партии во Данајската република (Грција)- „ПАСОК“ и „Нова демократија“.

Прочитај и за ... >>  Авганистан долгорочно воено жариште

Освен поради социјалното и политичкото незадоволството кај граѓаните на нашиот јужен сосед од „реформите“, Владата на Караманлис се повеќе ја губи довербата и на меѓународен план, односно кај своите сојузници, особено кај членките на ЕУ. Едно поради признаената лага во 2004-та за буџетот (тоа е само една од карактеристиките на данајството), кога го вовела еврото направила ревизија на бројките на дефицитот за да ги „задоволат“ правилата според кои државниот дефицит не смее да биде поголем од 3% од БДП за да го прифати еврото, а друго поради ригидниот, се понеразбирлив и неприфатлив став спрема проблемот што Атина го создаде со името на Македонија, Имено, се поголем број од „колегите“ сфаќаат дека всушност се работи за барање на бришење на идентитетот на еден народ, што е ступидарија од највисок „ранг“ и со што таа се повеќе не само ги нарушува добрососедските односи, туку и го дестабилизира регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here