Потребно време за читање: 5 минути

Доколку работи под притисок, како што проценуваат некои аналитичари и „ескперти“, највисоката судска инстанца во Македонија би требала да има и сила и доблест да го „обелодени“ тој што се обидува да врши притисок, да влијае врз неговото работење и „со сите средства“ да се бори против него. Особено ако целта на притисокот е него да го направи „послушен“.

Доколку нема сила да се спротивстави, туку само продолжува „да си ја работи својата работа“, тогаш се поставува прашањето на доверба во „уставо-бранителскиот“ поценцијал на неговите членови (сеедно сите или повеќето од нив). Особено ако со своите одлуки често предизвикуваат се поголеми незадоволства и протести.

Нема никакво оправдување затскривањето зад неприкосновеноста, непогрешливолста, односно „недопирливоста“ на нивните одлуки, а што итно треба да се преиспита. Тоа нема никаква врска со судската независност. Обична небулоза е ставот дека не е спорно коментирањето на одлуките на Уставниот суд, „но само од стручната јавност“. Како може да се оспорува, кој може да забранува такво право- на секој, и стручен и нестручен во оваа држава да коментира што било и од кого било?

Мошне дискутабилен став на претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, а кој, доколку се прифати како реална согледба, би требало да ги загрижи и власта и опозицијата: Уставниот суд не може да е дежурен виновник за слабостите во функционирањето на правната држава. Му се „придружуваат“ и другите уставни судии: слабостите во институциите на системот, застојот во коренитите реформи, партизацијата, нецелосната одговорност се причините за зголемен број на претставки.

Доколку се прифатат како валидни и компетентни овие ставови за функционирањето на правната држава, државата ни е на најдолните гранки на „демократското стебло“, подолу и од многу недемократски држави во светот! Поинаков заклучок не може да се изведе од посочените оценки. А тие да не се коментираат, да не се полемизира со нив, да не се оспоруваат, па и да не се побара да се корегираат, би значело дека уставните судии бранат нешто што воопшто не е за бранење, одосно дека се единствените „дежурни“ кои „колку- толку“ успеваат да го одржат правното функционирање на државата!

Прочитај и за ... >>  Уште еден мандат за Ангела Меркел

Имајќи го предвид претходново, тврењето на Ивановски дека не работат по партиска директива добива поширока „контрадикција“, значи токму она против што изразува „протест“, го оценува како глупаво и грдо:

„Се оди дури дотаму да се пласираат и идеи дека Уставниот суд на Република Македонија е сопирачката за општествениот развој на државата. Таа институција е предодредена да ја урива македонската држава. Ве молам, не само што е глупаво, туку е и грдо“.

Одбегнувајќи да го посочат тој што „притиска“-Владата на Македонија и премиерот Никола Груевски, уставните судии практично се „бранат“ од законодавната и извршната власт, а што го потврдуваат и со погоре наведените оценки. За што би требало да „крене глас“ и опозицијата (учествува во законодавната власт- Парламентот). Токму нејзиниот молк и/или одбрана на неприкосновеноста на Уставниот суд, на неговата позиција „над се“, е индикативна. И кога е збор за замрзнатите одредби од лустрацијата, укинатите закони за веронаука и екстерното оценување.

Што се однесува на оценката на некои аналитичари, експерти и „експерти“ („наводните“ се одамна сомнителни- дискутабилни со својата „сеопшта“ експертност), таа е во најмала мера небулозна. Особено „генералната“- дека Уставниот суд во изминатиот период бил изложен на „политички мобинг“.

На трибината организирана на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се слушна оценка дека било цинизам претседателот на Собранието да формира група на експерти што ќе им помогне на уставните судии да ги сфатат и објаснат одлуките што ги донесуваат (Милан Нетков). Каков цинизам? Зошто не помош? Зарем одбраната на уставноста е толку „општа категорија“, та да не треба експертско мислење? Или, пак, се смета дека уставните судии „според редот и обичајот“ се експерти за се, како што се тоа пратениците во Парламентот кои, пак, за многу закони расправаат пред собраниските седници во присуство, односно со „директна“ консултација на експерти за одредени закони и измени на закони (на седниците на комисиите)?

Прочитај и за ... >>  Во преговорите за „спорот“ за името ништо ново, освен се поголем притисок врз Македонија, па и закани од „меѓународниот фактор“

Натаму, дека Уставниот суд ги бранел правата и хармонизирал акти со Уставот, што не е спорно, но не создавал нови извори на моќ, па оттаму не бил издржан стравот од уставократие. (Љубомир Фрчковски) На какви „нови извори“ се мисли? На „старите“ како нови? А „надмената“ оценка на уставните судии, имено дека тие не можат да бидат дежурни виновници за слабостите во функционирањето на правната држава, во институциите на системот, застојот во коренитите реформи, партизацијата и нецелосната одговорност- што биле причини за зголемениот број на претставки, не е „сама по себе“ автократска позиција?

Респектабилен е ставот на професорот Светомир Шкариќ дека Уставниот суд треба да има поактивна улога во одлучувањето по предмети за заштита на човековите права, а некои прашања односно закони, како што е лустрацијата, воопшто не треба да ги разгледува. Особено неговата оценка:

„Најголем број на проблеми, на овие тензии што се јавуваат помеѓу Уставниот суд и законодавната и извршната власт, произлегуваат од голем број уставни празнини во постојниот Устав. Најслаба точка во нашиот Устав е Уставниот суд, бидејќи е работен под влијание на совети на американски професор“.

Исто така и на професорот Рената Десковска:

„Уставниот суд својот углед најмногу може да го брани со аргументирани, елаборирани и убедливи одлуки. За жал, според мое мислење, во повеќе случаи на одлуките на Уставниот суд им недостасува сериозна аргументација“.

Конечно, мошне дискутабилен- спорен, па и несериозен е ставот на некои професори дека не е потребен закон за Уставниот суд, туку закон за извршување на неговите одлуки. Затоа што нема пример, и кога станува збор за „довчерашните“ и за сегашната власт, некоја одлука да не била испочитувана и неизвршена.

Според некои, нов „притисок“, а всушност укажување- предупредување на премиерот Никола Груевски за непринципиелна одлука на Уставен од пред 3 недели, со далекусежни негативни последици: граѓаните може со сините картони да се лекуваат каде што сакаат, и во приватни и во јавни болници. Непринципиелноста е поткрепена со посочување дека пред само 6 месеци за истата работа одлучиле сосема спротивно:

Прочитај и за ... >>  Ирак се покрвав

Според некои, нов „притисок“, а всушност укажување- предупредување на премиерот Никола Груевски за непринципиелна одлука на Уставен од пред 3 недели, со далекусежни негативни последици: граѓаните може со сините картони да се лекуваат каде што сакаат, и во приватни и во јавни болници. Непринципиелноста е поткрепена со посочување дека пред само 6 месеци за истата работа одлучиле сосема спротивно:

„Јас денеска немам намера да ги обвинам од Уставниот суд и нема да кажам ништо. Само ќе поставам прашање: како е можно и зошто со едно решение Уставниот суд во јуни 2009-та година да смета дека одредбата во Законот за здравствено осигурување е уставна, а со друго решение дека истата одредба, 6 месеци подоцна, не е уставна? Значи, поставувам прашање, поставувам дилема и се надевам дека ќе добијам одговор од страна на Уставниот суд. Потоа ќе го кажам и моето мислење, откако ќе го добијам одговорот“.

Одговорот, од извори во Уставниот суд, е крајно дилетантнски: судиите се предомислиле. Прво оцениле дека, и покрај законското ограничување -осигурениците да може да се лекуваат само во установи кои имаат договор со фондот, на граѓаните не им е загрозено основното право на здравствена заштита, бидејќи државата сепак им нуди какво- такво здравство за нивните пари, ама потоа еволуирале во ставот. Демек, откако добро размислиле сфатиле дека во услови на пазарна економија секој што плаќа придонеси за здравствено треба има право на избор каде да се лекува. Ако услугата чини повеќе од придонесите што ги платил за последниот месец, ќе треба самиот да си доплати.

Владата со право смета дека ваквата одлука ќе биде дополнителен товар за Фондот кој, без оглед што располага со над 300 милиони евра годишно, одвај го одржува здравствениот систем со години на работ на колапс. Дали уставните судии тоа ќе го сфатат откако повторно „добро ќе размислат“?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here