Потребно време за читање: 3 минути

Сепак, „приказната“ за опасната бактерија, која досега усмрти 29-мина, а зарази 3.000 луѓе во повеќе европски земји, не е завршена, особено откако се појавија сомнежи на експерти- форензичари дека е таа намерно произведена и проширена.

Рајнхарт Бургер, претседател на германскиот центар за заразни болести „Роберт Кох“, потенцира дека, иако засега нема позитивни резултати од истражувањата на никулците одгледувани на фарма во Долна Саксонија, епидемиолошката анализа на моделот на ширење на заразата дава доволно докази за да може да се изведе заклучок: никулците од гравот се „виновни“.

Тој појасни дека било направено истражување со патници во автобус кои се хранеле во еден ист ресторан. Секој што порачал јадење кое содржело никулци се разболел од крвава дијареа, првиот симптом на заразата со еширихија коли.

Пред 3 дена генералниот директор на фармата Клаус Фербек изјави дека не разбира како тие може да бидат извор на заразата:

„Не сфаќам како стигаат обвинувања на наша сметка кога ние никулците ги одгледуваме само во вода и семе, а не користиме ѓубриво. На целата фарма ниту правиме, ниту користиме шталско ѓубре“.

Полицијата го затвори главниот влез на фармата, од селото Алт Стедорф во Долна Саксонија.

Некои теоретичари сметаат дека бактеријата е намерно произведена. Тоа е завера чија цел е контрола на снабдувањето со храна и стимулирање на продажбата на лекови.

Прочитај и за ... >>  Лошо режирана и опасна врева

Имено, на мистериозното прашање како таа станала отпорна на 8 видови антибиотици и се појавила во храната интересна теорија објави порталот naturalnews.com.: форензичките докази јасно покажуваат дека овој облик на бактерија настанал со биоинженеринг за да се дојде до човечки жртви!

Тој е дел од низата O104 која во нормални услови речиси никогаш не е отпорна на антибиотици, а за да стане отпорна е потребно да се изложува на антибиотици за врз неа да се изврши „мутационен притисок“ поради кој се создава отпорност. На порталот се убедени дека е невозможно да се случи вакво нешто по природен пат затоа што во природата бактеријата не можела да стекне отпорност на толку голем број антибиотици.

Ако е вистина дека е вештачки создадена, тогаш сигурно, сметаат теоретичарите, е и намерно пуштена во храната или „избегала“ од лабораторија.

Целта е контрола на светското снабдување со храна и намалување на користење на сурова храна, а се се одиграло кога ЕУ требало да го забрани користењето на лековити растенија и разни надоместоци на храната. Потоа, велат, целта била да се доведе под прашање и свежиот зеленчук кој исто така се користи како лек зашто се додека има свеж зеленчук можат да се спречат разни болести.

Прочитај и за ... >>  Културниот провинцијализам

Постојат повеќе теории на завера кои се занимаваат со смртоносната мутирана бактерија E. Coli, но сите теоретичари се согласуваат во едно: бактеријата настанала за да се отстрани зеленчукот, да се загрози вегетаријанството и да се промовира што поголемо консумирање на месо.

Инаку, бактеријата е главно простодушна и живее во човечките и животинските црева. E.coli O157:H7, односно EHEC првпат е откриена во 1982. година во САД, но веќе одамна е раширена во сите земји на светот. Најчесто живее во системот за варење кај преживари како говедата, но и во цревата на други домашни животни и птици, а се пренесува со нивниот измет, преку зеленчукот кој е ѓубрен со шталско ѓубре или преку месо. Бактеријата и нејзините токсини се уништуваат под висока температура, односно со термичка обработка. Инфекцијата може да се пренесе и со допир од заразени животни или луѓе.

Најчест извор на зараза е недоволно печено мелено месо како плескавица, но тоа можат да бидат и непастеризирани сокови, салати, салами или непастеризирано млеко.

Некои епидемии се поврзани и со загадена бунарска вода како и со несоодветно дезинфицирани базени.

Прочитај и за ... >>  И официјално: вонредни парламентарни избори во Македонија на 5. јуни

Контаминираната храна не може да се препознае според мирисот или изгледот, а бактеријата е мошне виртуелна со мала инфективна доза.
Инфекцијата често предизвикува крвав или обичен пролив и грчеви во стомакот. Обично не предизвикува поголемо зголемување на температурата, а трае 10-тина дена. Најчесто се дијагностицира врз основа на примероци на измет, иако постојат и некои други методи.

Клиничките симптоми на болеста, како дијареја, се јавуваат главно кога бактеријата веќе се проширила низ организмот и го произвела отровот веротоксин кој предизвикува згрутчување на крвта, а против кое не постои лек. Отровот во 2% од 7% случаи може да предизвика хемолитичко- уремички синдром (HUS), односно внатрешно крвавење, па и престанок на функцијата на бубрезите, особено кај децата и постарите, како и кај луѓе со ослабен одбранбен систем или кај оние кои земаат некои имуносупресиви. Во САД е главен причинител на акутно престанување на функцијата на бубрезите кај децата.

На некои павиенти им е потребна дијализа на крвта и инфузија за да се спречи дехидрација, меѓутоа повеќето заболени се опоравуваат по 10 дена без лечење. Истражувањата не покажале дека антибиотиците помагаат, а нивната консумација може дополнително да ги оптовари бубрезите.

Смртноста на интензивна нега е помеѓу 3% и 5%.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here