Потребно време за читање: 2 минути

„Си зазел ли страна или стоиш настрана? Твој проблем, само да знаеш дека на вистинскиот интелектуалец никогаш не му било својствено, ниту треба да му биде стоењето настрана во вакви турбулентни, драматични, пресвртни моменти“.

Го слушам младичов, го имам забележано секогаш во првите редови на „шарениве револуционери“, како го дофрла тоа кон средовечен господин пред фонтаната „Воинот на коњ“. Тој стои со нагласено исправена става и молчешкум го следи бојосувањето, односно сквернавењето од страна на неколкумина млади, меѓу нив некои речиси разулавени, со канти боја и четки во рацете, но и со кутии прашок и детергент со кои ја вцрвуваат водата во неа.

Не е првпат да го слушам прекорувањево на интелектуалците од страна на…младичов не е интелектуалец? Помеѓу „шарениве“ нема интелектуалци?!

Ама, ај по ред:

Што е тоа интелектуалец? Знае ли младичот, знаат „шарениве“ и оние што „стојат“ зад нив, кои ги „координираат“? Ако знаат- добро, ако не знаат- за да не се мачат, да не губат од своето „револуционерно“ време, еве им од општа енциклопедија:

Прочитај и за ... >>  Балканска партиска политика

Тоа е лице кое „од останатите се истакнува со интелигенција или образование, односно со интелектуални способности што ги користи во професионални или јавни цели. Во потесна смисла е секое лице кое врши одредена интелектуална работа како главен дел од својата професија или занимање. Во уште потесна смисла, тоа е лице кое благодарение на своите интелектуални способности ужива углед, односно претставува авторитет во одредени области на општествениот живот, како што се културата или науката“.

Што ни докажува цитираново? Прво, дека таквото лице е личност со интелигенција или образование, односно со интелектуални способности. И второ, таа личност секако ужива углед, претставува авторитет, сеедно голем или мал. Според мене, постојат уште две суштествени карактеристики на интелектуалецот, а на кои во посочената дефиниција се „укажува“ посредно: тој е мислечка и творечка личност.

Е, сега дофрлувањето на младичот кон средовечниот господин (и не само негово „лично“, туку исто или слично на многумина со него и „зад него“):

Прочитај и за ... >>  Од вашата доврба зависи нашата самодоверба

Треба ли интелектуалецот да заземе страна во „турбилентни, драматични, пресвртни моменти“ и зошто? Која страна? Чија страна? Кому му е тоа потребно? Зошто да не стои настрана од страните?

Најнапред, дофрлувањето е повик или довик за поддршка, односно заземање „моја страна“. Тоа подразбира дека „другата страна“ (обично не постојат трета, четврта…) не е „онаа вистинската“, дека е „погрешна“, конкретно страна на „заблудени“, „заведени“, „излажани“, „заслепени“…, па сѐ до „неписмени“, „стока“, „овци“, „багра“…

Значи, младичот го познава или го препозна господинот како интелектуалец, значи го признава како личност, ама бидејќи е очигледно дека ја зазел „конкретната“ страна (не е со него и „неговите“, не му се придружува во бојосувањето односно сквернавењето), тој е…не е интелектуалец?!

Реторичко прашање: интелектуалците кои ја зазеле страната на младичот (сосе прашањето дали ги има или не, во колкав број се) се „оние вистинските“?

Што значи стоењето настрана или незаземање страна? Бидејќи, според „дофрлувачот“, на интелектуалецот „никогаш не му било својствено, ниту треба да му биде стоењето настрана“, тоа значи дека…господинот не е интелектуалец?!

Прочитај и за ... >>  Почина Гари Мур

Да се знае и секогаш да се има предвид:

Интелектуалецот- мислечката и творечка личност секогаш, во какви било моменти зазема СВОЈА страна и кога стои и кога не стои настрана. Проблемот на неинтелектуалците е дали и колку ги слушаат, ги следат, ги почитуваат и ги признаваат.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here