Потребно време за читање: 2 минути

Ако во нашево време и севкупните состојби некоја личност е нужна, без неа не се може, особено кога станува збор за економско-политичката проблематика, тоа е секако стручниот консултант. Ова е одамна осознаено во развиениот свет, а добро е што сѐ повеќе се осознава и кај нас. Зашто, меѓу другото, престатвува еден вид гаранција за успех во иднина на кој било план.

Стручниот консултант има двојна „тежина“ која е потенцирана во неговото именување. Мало објаснение: стручноста не подразбира само ученост и искуство, туку и посветеност на одредена проблематика односно континуиран ангажман. Тоа е суштината на странскиот термин експерт. Може да биде стручен и премиер, и тоа токму за „односната“ област (па и Д-р), ама да не е експерт односно да има потреба од стручен консултант.

Консултантската улога, за разлика од развиениот свет, кај нас за жал сѐ уште се сфаќа и прифаќа како необврзна. Се почитува ангажираната личност (бидејќи е почитувана, респектирана, афирмирана во светот), ама „се знае“ кој ја донесува конечната одлука. Консултацијата е само тоа и ништо друго.

Прочитај и за ... >>  Мерките и стратегијата на Обама- пат за ЕУ кон пеколот?!

Ќе го подвлечaм следново:

Стручни консултанти се потребни во сите области на работењето и дејствувањето. Без нив царува волунтаризмот.

Како потврда на ова ќе посочам можеби на најважната област: бизнисот, пошироко економската политика. Бидејќи повеќето од нашите „прекуноќни“ бизнисмени се доволни на самите себеси, што ќе рече „доволно“ стручни и компетентни, тие не ни помислуваат да ангажираат стручни консултанти (експерти или посветени на одделна област, прашање, проблем). Не затоа што немаат потреба од нив, туку прво поради чувството на инфериорност. Tоа чувство, пак, не „извира“ од присуството на таквите личности, туку од „неподносливата леснотија на богатењето и бизнисменувањето“ кај нас.

Дали треба да го спомнам проблемот на цената на стручните консултанти? Имено дека тие, особено оние со докажан авторитет во светот, имаат своја цена, најчесто чинат „скапо“, а нашите „бизнисменчиња“ бизнисот го разбираат како „плати евтино за да ќариш на скапо“?

Замислете го следново:

Вие сте експерт-посветен на развојот на електронските медиуми (радио, ТВ, електронско издаваштво), признат, почитуван и во странство со знаењето, стручноста, искуството и, повторувам, посветеноста И? Нема глава да кренете од ангажмани како стручен консултант на нашите радија, телевизии?

Прочитај и за ... >>  Невалидна и несериозна листа на сериозен неделник

Прашајте кој било електронски медиум дали имаат ангажирано (макар хонорарно) стручен консултант. А знаете зошто не ни размислуваат „газдите“ на медиумите за тоа? Затоа што се сметаат себеси за доволно стручни, компетентни, искусни и посветени на „работата“ за некој „да им соли памет“.

Тоа е тоа: на нашите „бизнисмени“ и „бизнисменчиња“ до таа мера им е „насолен“ паметот што не може да им помогне ниту најголемиот стручен консултант, макар со „запиперување“ (за „забиберување“ нема потреба, одамна научиле да „биберат“).

Да бидам конкретен, уште појасен: побарајте информации колкумина стручни консултанти се ангажирани од страна на Владата и од страна на претседателот на Македонија, и од други (министерства, институции…). На пример, само за приоритетите во економската политика на земјава.

Дами и Господа бизнисмени и политичари, навреме вклучете се во конкурентската битка за ангажирање на што попознати, поафирмирани, светски признати стручни консултанти-авторитетни личности или експерти. Која вам ви е можеби „блиска“, ама немате време да ѝ се посветите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here