Потребно време за читање: 2 минути

Да, и станува се порамнодушен на секојдневните вести и информации за големи и мали, колективни и лични настани и случувања, се почесто со трагични последици, со (пре)многу жртви:

-пад на авион со 90- мина патници и членови на екипаж- сите загинати;

-експлозија на гас во воз- 9- мина повредени;

-нова еколошка катастрофа- излеана сурова нафта;

-необичнa случкa со среќен крај: преживеал дури 126 удари со метална шипка и секира!

Патнички авион на „Етиопијан Ерлајнс“ со 90-мина патници и членови на екипажот се урна на 3 ипол километри од либанскикот брег

-Авионот Боинг 737-800 летал од Бејрут доАдис Абеба, а исчезнал од радарите 5 минути по полетувањето кон главниот град на Етиопија.

Спасувачките екипи почнаа да ги извлекуваат телаta од водите на Средоземното море. Работата им ја отежнуваат бурното море и дождот кој паѓа непрестано.

Поголемиот дел од патниците биле Либанци или Етиопјани, но имало и државјани од Турција, Русија, Канада, Сирија и Ирак. Помеѓу нив била и сопругата на францускиот амбасадор во Либан.

Прочитај и за ... >>  Во преговорите за „спорот“ за името ништо ново, освен се поголем притисок врз Македонија, па и закани од „меѓународниот фактор“

Либанскиот министер за одбрана Алиас Мур изјави дека пилотот на авионот не исполнил укажувања од контролата на летот:

„Записот укажува дека диспечерите му укажале на пилотот да направи маневар за да ја избегне бурата, но авионот летал точно во обратна насока. Не знаеме што се случило, не знаеме дали пилотот ја зачувал контролата над авионот“;

Експлозија на гас во воз во Украина

-Возот сообраќал од западниот украински град Черновци до Киев. Повредени се 7- мина патници, од нив 3- ца во тешка состојба, и двајца кондуктери.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека експлозијата се случила додека возот бил на железничката станица во Лужанск;

Излеани 1,7 милиони барели нафта во Мексиканскиот залив

-Танкер и брод- влекач се судрија во близина на брегот на југоисточниот дел на американската држава Тексас. Во инцидентот нема повредени, но околу 100- мина жители од градот Порт Артур, кој се наоѓа во близина на судирот, беа евакуирани неколку часа поради опасните испарувања од нафтената дамка.

Прочитај и за ... >>  Реално или не: до крајот на годинава визна либерализација за Македонија

Рафинериите во Порт Артур и Бемонт имаат капацитет за рафинирање на 1,15 милиони барели нафта, што е околу 6,5 проценти од вкупните американски капацитети.

Руски бизнисмен жестоко нападнат од сопругата и нејзината љубовница- полицајка

-Сергеј Тимин (48) преживеал 126 удари со метална шипка и секира. Руски медиуми објавија дека кавгата избила во станот на Сергеј во Нижни Новгород, за околу 100 милиони рубљи (2,3 милиони евра) кои сопругата Татјана сакала да и припаднат со разводот.

„Не успеав ниту да седнам, а една од нив ме удри со секира по вратот. Не ја загубив свеста. Продолжија да ме удираат, но сепак некако успеав да побегнам од станот“, изјавил Сергеј.

Соседите ги слушнале неговите крикови и повикале полиција.

„Тимин го примивме со повеќе видливи рани. Имаше загубено многу крв, па му дадовме инфузија и четири дена беше на интензивна нега. Сега е стабилен“, рече лекарот Николај Мелекин.

Откако не успеале да го убијат, сопругата на Сергеј, Татјана, завршила в болница со нервен слом, а нејзината љубовница Јулија Павлјукова е приведена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here