Антрфиле

Нашиот јужен сосед веќе цела година се соочува со повремени штрајкови, откако Владата на Папандреу поради незапаметената економска и финансиска криза е принудена да воведува остри мерки на штедење.

Денешниот 24- часовен генерален штрајк, со засега 8-мина повредени, сигурно нема да биде последен. Реакциите и отпорот на народот од ден на ден се се поголеми.

Continue Reading

Поентар

Вонредниоте избри во Данајската република (Грција) се логична последица или, можеби попрецизно речено, завршница на едно лошо, неуспешно, деструктивно владеење на конзервативната партија „Нова демократија“, а посебно на нејзиниот лидер и (до) сегашниот премиер Костас Караманлис. Пред се на внатрешен план, доведувајќи ја земјата до економски колапс, до политичка и социјална дестабилизација, но и на меѓународен- со маргинализација, па  и изолација еднакво поради „тврдиот“ став спрема проблемот со името на Република Македонија (блокирање на нејзиното членство во НАТО), дискриминацијата- непризнавањето на националните малцинства, пред се македонското, како и проблемите со Турција и Кипар.

Continue Reading

Поентар

Пораката на новиот генерален секретар на НАТО Данајската република (Грција) да престане да го блокира приемот на Република Македонија не е нова, неочекувана, а најмалку изненадувачка. „Влегува“ во рамките на неговата веќе јасно искажана целосна посветеност на политиката на отворена врата на алијансата.

Имено, Андерс Фог Расмусен по стапувањето на должноста на 1-ви август годинава на првата прес конференција изјави:

„Јас сум целосно посветен на политиката на отворена врата на НАТО. Но, членството не е право, земјите мора да бидат подготвени за него. Сепак, проширувањето на НАТО веќе ја покажа својата моќ да ја шири стабилноста и да промовира реформи. Очекувам дека тоа ќе продолжи за време на мојот мандат“.

Continue Reading

In continuo

Метју Нимиц си противречи на себе си со изнасилениот оптимизам од една и безизлезот, односно последниот обид со нов пакет- идеи конечно да и стави крај на валканата, неразумна, апсурдна, ступидна дипломатска игра на Данајската република (Грција) со името на Република Македонија (не уставното). Дека била таква од почетокот на спорењето (не спор, а најмалку билатерален) е и ќе биде уште не долго време, му е јасно не само на Нимиц, туку им е веќе „преку глава“ и на сојузниците на Атина во ЕУ и НАТО.

Continue Reading

Поентар

Европа и САД конечно „ја открија Америка“: Данајската република (Грција) нема проблем со името на државата Република Македонија, туку со идентитетот на македонскиот народ! Поради ова најново „откритие“ Атина е дефинитивно срамно „разголена“, па единствен спас гледа во евентуалното убедување на своите сојузници и пријатели по изборите во јуни; дека токму тој- идентитетот е опасен за целата западна цивилизација, а не само за неа. Continue Reading