Eppur si muove

Откако падна во вода обидот поразот на предвремените парламентарни избори да се толкува како морална победа (што претставува нонсенс), а Бранко Црвенковски, иако јавно вети дека ќе се повлече доколку и овој пат не го победат Груевски (не само од лидерската позиција, туку од политиката воопшто), е во прилично „небрана“ внатрепартиска позиција.

Continue Reading

Поентар

Лично не верувам дека од „откритието“ на „Нетпрес“ ќе се изроди нов „случај Црвенковски“, особено откако е објавен датумот на предвремените избори и со тоа почна или, поточно, продолжи незаконски предвремената предизборна кампања. Едноставно, тоа од СДСМ односно опозицијата и нејзините медиумски мегафони, предводени од А1 ТВ, веќе се „дефинира“ како уште една измислица на власта, а предизвикана од „ноќната мора“ Црвенковски.

А што е „откритието“?   Кабинетот на екс претседателот Црвенковски платил 530.000 евра за дводневен самит во Охрид. Како да не?!

Continue Reading

Поентар

Белким новинарите на А1 ТВ и весниците „на Велија Рамковски“ конечно ќе се сепнат, ќе се пресметаат и ќе ја зашвршат неколкумесечната кловновијада пред Владата на Македонија, а ќе се посветат на борбата за достоинство на новинарската професија, пред се против манипулациите, шпекулациите, вовлекувањето на новинари во криминални дејанија итн., односно против инструментализација од страна на „големите газди“.

Белким конечно сфаќаат дека беа и се (зло)употреувани за лукративни политички цели, а „во името“ на медиумската слобода, независноста на новинарството, демократијата…

Се разбира, едновремено и да се обидат да се извлечат што помалку извалкани од калта во која длабоко зацапале.

Continue Reading

Поентар

Очекувано, без никакво изненадување. Наводната неколкудневна „драма“ на седницата на Советот на Европа се „одвиваше“ само во главите на некои новинарски медиокритети и трабанти кои „независно“ континуирано информираат од Брисел. Се разбира, секогаш „длабоко загрижени“ за Република Македонија денес и нејзината иднина.

Сите дилеми во „апсолутно спокојство“, својствено на политичките итромани и лицемери, се сведуваа на тоа колку повеќе да му се удоволи на „миленичето“ Грција и како да не се избламира Брисел, конечно да не му паднат сите маски. На штета на Република Македонија? Па, таа не постои! Ако се мисли на FYROM (единствен „заштитник“ на СФР Југославија и на совеста на „меѓународниот фактор“ за нејзиното крваво уништување), в ред. Ама таа треба „да си го реши“ проблемот со името и идентитетот на својот народ затоа што е пред се „билатерален“ (без оглед на тоа што нема и не прави такви проблеми со Грција). Continue Reading

Поентар

Се почесто македонската парламентарна и вонпарламентарна опозиција бара да се седне за маса и да се утврди „национална стратегија“ за решавање на проблемот што го има Грција со името на Република Македонија, „каква што има јужниот сосед“. Настрана фактот дека неговата „црвена линија“ не е „консенсуална стратегија“, особено не поставена- формулирана низ „политички дијалог“ ( една од многуте опозиционерски ступидарии, според последиците еднаква на „антиквизацијата“), а имајќи предвид неразбирливи, пред се сомнителни ставови (како што е „договор по секоја цена“, предизборното ветување за решение за 6 месеци), крајно е време таа- македонската опозиција јасно и гласно, се разбира јавно, да се изјасни:

Која е нејзината „црвена линија“ преку која не би минала, макар земјава да добие уште едно вето односно да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ?

Изјаснувањето е нужно, меѓу другото, за да не се губи време и залудно да не се троши енергија. Зашто, доколку е иста со онаа на власта ( добро позната- иденттитетот во сета негова комплексност, особено името на народот и неговиот јазик), тогаш чуму „нов договор“?

Меѓутоа, доколку смета дека може да се отстапи и од нив (да не е тоа „по секоја цена“?), тогаш…никакво договарање! Подобро да замолчи, да се „покрие“ за да не биде не само извикана, туку и исплукана.

Continue Reading