Економикс

(21.03.2007)
Воопшто не изненадува, туку напротив, сосема очекуван и логичен е првиот резултат од зачленувањето на Бугарија во Европската унија на економски план (еден од најважните): за првпат во нејзинoто поблиско минато (од смената на системот) во 2006. година нејзиниот извоз е поголем од увозот.

Continue Reading

Поентар

Воопшто не е спорна нужноста од постоење и постојано- континуирано збогатување на национална- Македонска енциклопедија (не Енциклопедија на Македонија). Национални имаат многу, речиси сите нации во светот. Таквата енциклопедија е одамна „дефинирана“- утврдени се нејзините основни карактеристики: енциклопедиското знаење се групира според исклучително важен критериум- националниот, кој подразбира собирање и лексикографско систематизирање на знаењето за националните култури, достигнувањата и вредностите. Тој е мошне значаен за, како што потенцираат енциклопедиски авторитети, виталните интереси на слободата и опстанокот, особено на малите народи во современиот свет. Постои општа согласност дека во тој свет се загрозени двете најголеми придобивки на граѓанското општество- правата на човекот на индивидуална (лична) и колективна (национална) слобода. Continue Reading

Поентар

Одамна напишав дека, кога е во прашање проблемот на Атина со името Македонија, „првата Данајка“ толку бесрамно се „разголува“ пред своите сојузници и пријатели во ЕУ и НАТО што е веќе непријатно да се гледа. И останува само уште малку, па да остане „угул гола“. Не сум сигурен дека по последното остана на неа уште некое „крпче“. Лично (со свои очи) не можам да догледам.

Што е Дора Бакојани? Данајски (грчки) министер за надворешни работи? И јас мислам дека е, се уште, ама…Да не во меѓувреме, барем привремено, се сменила односно ја смениле во промотор на книги со „доверливи документи“. Што? Само за една употреба, за една таква? Можно. Ама „разголена“ или „угул гола“… Continue Reading

Поентар

Случајот со „шведската“ млекарница „Сведмилк“ ќе остане забележан во аналите на „Invest in Macedonia“ како најтипичен пример на криминализација односно грабеж на домашно- странска инвестиција од страна на македонски полит- бизнис олигарси,  на манипулација на фармери со катастрофални последици за нив, но и за сточарството воопшто, а секако и на новинарска зависност од највисок степен („агитпроповштина“),- целосно во интерес на медиумски „тајкун“. Continue Reading

Антрфиле

Се разбира, не мислам дека сум првиот, но знам дека сум еден од ретките кај нас и во светот кој со многу аргументи предвиде- предвидува скорешно распаѓање на ЕУ. Тие, арументите, од ден на ден се множат се повеќе, што ми дава за право да се корегирам во однос на времето: веројатно ќе биде „премногу“ брзо (во однос нa „прилагодувањето“ на оние во неа и оние надвор од неа). Всушност, може да се каже дека процесот е веќе интензивен, а „враќањето“ станува се потешко, дури невозможно. Continue Reading