Акценти

Утврден е денот на предвремените парламентарни избори во Македонија: 05.06.2011.

Одлуката на Никола Груевски воопшто не е неочекувана, но изненадува ставот на лидерот на СДСМ, односно на опозицијата- дека се откажува од сите барања со кои, според многумина експерти и аналитичари,  во изминативе неколку месеци се обидуваше да ги одбегне, а да наметне друго, „вонредно“ решение (политичка криза и техничка влада).

Continue Reading

In continuo

Не е нереална ваквата прогноза само поради постигнатиот „извесен“ напредок на синоќешните- ноќешните разговори на четворицата лидери на (нај)релевантни политички партии кај претседателот на државата, како и закажаната нова средба утре, а не и само поради тоа што СДСМ и Црвенковски лично се се повеќе „во тесно“.

Треба да се имаат предвид и климатските услови. Таман работа граѓаните на Република Македонија вонредно да се потат и препотуваат поради политичари и кандидати за пратеници на кои треба да им се прифатат-  изгласаат нивните лични и семејно- пријателски кариеристички амбиции.

Continue Reading

Поентар

Опозицијата ќе се врати во Парламентот (очекувано), во меѓувреме СДСМ најавува формирање на Влада во сенка, што ќе биде нејзин голем адут на претстојните предвремени парламентарни избори (предвидов); конгреси одржаа ВМРО- ДПМНЕ (со воздржавни и прилично „општи“ пораки) и ЛДП (со мошне забавни „поенти“); „брат Љубе“ и Селмани се шетаат низ селата во Македонија (а „И јас сум А1“ редовно и ревносно ги следат, но не како платен политички маркетинг); се формира „Демократска десница“; квазианалитичарите и прогонозерите „уткаџии“ најавија конечно заминување на Црвенковски од челната позиција на СДСМ (како не им текнвуа дека челната позиција е многу посилна од сенка?!), а албанските опозициони партии бараат нови изборни граници.

Да, најзначајното нешто поврзано со претстојните избори ќе биде средбата во четири очи помеѓу Груевски и Црвенковски, овие денови, а на иницијатива на премиерот. (Црвенковски се пожали дека му била „прочитана“ и „украдена“ идејата за неа- тврди дека го прислушкуваат).

Continue Reading

Поентар

Евентуалноста поместена во заграда на насловот на овој текст е поради очигледното „дриблање“ на СДСМ со поставените услови, а моментно и со Државната изборна комисија (деновиве ќе го видиме „голот“ или „фаулот“).

Се разбира, ги имам предвид и условите што ги постави, од кои самиот знае дека еден, кој се покажува дека му е најважен (одмрзнување на сметките на А1 ТВи печатените медиуми на Велија Рамковски), е неостварлив. Затоа што станува збор за судска одлука  која не може да се преиначи со политичка. Без оглед дали се употребувал и може да се употреби „телефонот“ кој го користел Црвенковски кога бил на власт при слични „деликатни проблеми“ ( според сопствено признание, нему му е познат, а како што изјави- тврди „го знае и Груевски“).

Continue Reading

Поентар

На големо се шпекулира дали наскоро ќе има или не вонредни парламентарни избори во Македонија (редовните се догодина). И медиуми и политички аналитичари, но и „засегнати“ политичари различно оценуваат дали се можни или не, дали се нужни со оглед на парламентарната криза- напуштањето на Парламентот од страна на најголемиот дел од опозицијат.

Некои велат дека е неспорно оти станува збор за политичка криза во Македонија, а не само парламентарна, притоа заборавајќи на нејзината суштина: таа е состојба во која темелните институционализирани вредности на политичкиот систем се практично доведени во прашање и во која рутинските одговори на системот се покажуваат како неделотворни и неадекватни (Леонард Биндер); односно тоа е криза на ефикасноста, на политичкиот легитимитет и на политичкиот идентитет.

Continue Reading