Извлечено-Подвлечено

Оценката за организацијата на првиот круг од парламентарните и локалните избори, пред се на ОДИХР во прелиминарниот извештај- дека се исполнети повеќето од меѓународните стандарди за демократски избори, е мошне значајна за Република Македонија, но не е и неочекувана. Притоа, да повторам, воопшто не се работи за „испит на зрелоста“, како што ги означија некои медиуми и политичари (не ни помислувајќи дека со тоа својата држава ја ставаат во понижувачка, „незрела“ позиција; како досега да сме ја учеле демократијата оти не сме ја знаеле, па сега „испитна комисија“ ќе ни го проверува наученото), а тенденциозно и некои бриселски полит- бирократи, туку за нужност од потврда на демократските вредности и капацитети на македонското општество воопшто, на граѓаните на Македонија, власта и политичкиот естаблишмент. Continue Reading

Акценти

Како што се очекуваше и најавуваше, без оглед што гласачите во Макдонија за првпат ќе бидат во „необична“ ситуација- едновремено ќе гласаат и за нов претседател на државата и за градоначалници на своите општини сосе советници, уште на стартот е јасно дека се ќе биде „стандардно“, што значи веќе видено, чуено, со „сигурна и проверена“ форма и содржина. Оние што барем малку повнимателно и поинтензивно ги следат севкупните состоби во земјава и нејзината позиција (проблеми) на меѓународен план, по денешните „промотивни“ митинзи немаат причина да продолжат да ја следат кампањата, особено не преку медиумите- и електронските и печатените. Continue Reading

Петта страна на светот

Сосема очекувано, дојде на ред и ова прашање. Можеа да не го очекуваат само оние што го читаат и спроведуваат Рамковниот договор од запирка до точка, а притоа да не смеат да додадат или одземат никаков друг интерпункциски знак. Таквите (дури и од меѓународниот фактор) ги нарекуваат буквалисти. Тие, за жал,  не го разбрале и не го разбираат неговиот дух! Continue Reading
Читни го ова!

Може ли ова меѓувреме, помеѓу гласањето и прегласувањето на вонредните парламентарни избори, да го означиме како краток здив за сите, освен за ДУИ, партија која по прегласувањето го сврте резултатот од „дуелот“ со ДПА во 6-тата изборна единица во своја корист (вкупно освои повеќе пратенички места)? Како за кого.

Continue Reading