Поентар

Ова е несфатливо:

Централниот одбор на СДСМ утре ќе одлучува кога ќе се објават „компромитирачките материјали за власта“, соопшти портпаролот Петре Шилегов!

Зошто несфатливо? Затоа што од ова соопштение може да се заклучи следново: материјалите не се на Зоран Заев, туку на СДСМ, а за нив (нивно прибирање и поседување) е поднесена кривична пријава против Заев! Или во најмала рака „сопственоста“ е заедничка, па следствено и пријавата би морала да биде „споделена“. Но и ова: еден дел од тие материјали никако, во ниеден момент не би смеел да биде во посед на тој што ги добил или собрал, особено не по обзнаната за тоа. Continue Reading

Поентар

Барањето на СДСМ за техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори (зашто последните биле крајно нефер, недемокартски, фалсификувани…итн.), е неприфатливо не само затоа што е ултимативно, безалтернативно, туку пред се поради фактот дека тоа би бил политички преседан, сосема непознат во меѓународната практика. Најнапред, нужноста од техничка влада во земјите каде што била формирана се наметнала поради длабока причина, опасност или криза: оружен конфликт, воен удар, политички убиства, економска или должничка криза или, пак, крупни прашања од национален интерес (во „случајот“ со нашава земја на пример проблемот на јужниот сосед со името на нашава земја, членство во ЕУ и во НАТО). Continue Reading

Акценти

Се разбира, му пречи на оној за кого тој бил и е мислена именка. Имено, вистина е дека во сиот изминат период на плурално владеење со Република Македонија (не баш и демократско) ниедна власт својата одговорност и јавност пред граѓаните не ја оправда- потврди со извештај- отчет. Пред се како показ и доказ на сработеното, недоработеното и несработеното. Дури и кога за „грешките“ беше казнета (СДСМ на избори) не „чувствуваше“ потреба од такво нешто- макар „за миг“ да се биде искрен и да се образложи зошто е заслужена (според сопствено признание).

Жестоката реакција на опозиционата СДСМ не е предизвикана поради „фрлените пари“ за печатење на книгата- отчет (лично воопшто не ми изгледа дека е луксузно издание, та да чини „дури“ милион евра!; според моите скромни познавања на печатарските услуги, ќе да е грешка- додадена најмалку една нула), туку токму поради „отчетувањето“, односно резултатите.

Оние што се стручни за политички маркетинг знаат дека токму отчетот е најсигурна и најдобитна предизборна „карта“.

Само напишаното- отпечатеното е лесно проверливо, особено кога се тврди дека е лага. Ако се покаже и докаже дека не е?

Continue Reading

Поентар

Доколку работи под притисок, како што проценуваат некои аналитичари и „ескперти“, највисоката судска инстанца во Македонија би требала да има и сила и доблест да го „обелодени“ тој што се обидува да врши притисок, да влијае врз неговото работење и „со сите средства“ да се бори против него. Особено ако целта на притисокот е него да го направи „послушен“.

Доколку нема сила да се спротивстави, туку само продолжува „да си ја работи својата работа“, тогаш се поставува прашањето на доверба во „уставо-бранителскиот“ поценцијал на неговите членови (сеедно сите или повеќето од нив). Особено ако со своите одлуки често предизвикуваат се поголеми незадоволства и протести.

Нема никакво оправдување затскривањето зад неприкосновеноста, непогрешливолста, односно „недопирливоста“ на нивните одлуки, а што итно треба да се преиспита. Тоа нема никаква врска со судската независност. Обична небулоза е ставот дека не е спорно коментирањето на одлуките на Уставниот суд, „но само од стручната јавност“. Како може да се оспорува, кој може да забранува такво право- на секој, и стручен и нестручен во оваа држава да коментира што било и од кого било?

Continue Reading

Акценти

Тој нема некое поголемо, особено не пресудно значење за перспективата на односите помеѓу ЕУ и Македонија, туку е само едно барање или, можеби поточно, уште еден притисок за решавање на „спорот“ за името на Република Македонија. Во него се прави еден вид на баланс на тој план, а особено се поприсутната и јасно посочена согледба дека нерешавањето може да има сериозни последици врз меѓуетничките односи во земјава. Тоа секако ќе има одраз и во опкружувањето, но и врз односите во самата Европска унија.

Continue Reading