Извлечено-Подвлечено

(20.03.2007)
Предупредувањето на Шефер дека постои реална закана за ракетен напад на Европа изненади многумина, но во меѓувреме сомнежите се потврдија: дека зад тоа се крие оправдување односно поддршка на планот на САД да изгради систем на ракетна одбрана на европско тло, а на што жестоко реагира Русија.

Continue Reading

Економикс

На Европа и олесна. Од вчера има една грижа помалку. И тоа не баш мала, без оглед што Брисел пред три дена на заплашените им упати смирувачка порака- дека европските складишта за гас се целосно полни, а во текот на јануари идната година ќе биде зголемен протокот на гасоводот „Јамал – Европа“. Четвртина од потребите на ЕУ од гас обезбедува Русија, од што 80% доѓаат преку Украина.

Значи, континентот нема да има проблеми со гасот оваа зима  пред се благодарение на „расположбата“ помеѓу Путин и Тимошенко, односно на договорената нова формула за корекција на цените на рускиот гас за 2010- та: Украина од Русија купува гас, но и ги наплатува транзитните услуги. Continue Reading

Економикс

Реална е опасноста со почетокот на зимата да избувне нова гасна криза каква што се случи на почетокот од јануари годинава. Причина е одново Украина, нејзината неспособност да продолжи со редовна исплата на испорачаниот руски гас, а поради длабоката економска криза.

Путин навреме ја предупредува Европа, а таа засега „глуми“ ладнокрвност.

Continue Reading

In continuo

Ако не се земе предвид „формата“, последната средба со дипломатскиот кор во земјава Бранко Црвенковски ја имаше не како проштална на претседател на Македонија и Врховен командант на нејзините оружени сили односно на АРМ, туку како прва на „старо- новиот“ лидер на СДСМ и, се разбира, идниот најголем македонски опозиционер.

Критиките кои не пропушти да и ги упати на актуелната македонска власт странските дипломати во земјава ги слушнаа како од човек кој не е се уште дел од неа и оти не сноси никаква одговорност за тоа што, според него, многу нешта од актуелниов миг се „црни“. Особено она што се однесува на динамиката со која земајва ги исполнува условите за својата европска интеграција. Continue Reading