Поентар

Ова е несфатливо:

Централниот одбор на СДСМ утре ќе одлучува кога ќе се објават „компромитирачките материјали за власта“, соопшти портпаролот Петре Шилегов!

Зошто несфатливо? Затоа што од ова соопштение може да се заклучи следново: материјалите не се на Зоран Заев, туку на СДСМ, а за нив (нивно прибирање и поседување) е поднесена кривична пријава против Заев! Или во најмала рака „сопственоста“ е заедничка, па следствено и пријавата би морала да биде „споделена“. Но и ова: еден дел од тие материјали никако, во ниеден момент не би смеел да биде во посед на тој што ги добил или собрал, особено не по обзнаната за тоа. Continue Reading

Поентар

Барањето на СДСМ за техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори (зашто последните биле крајно нефер, недемокартски, фалсификувани…итн.), е неприфатливо не само затоа што е ултимативно, безалтернативно, туку пред се поради фактот дека тоа би бил политички преседан, сосема непознат во меѓународната практика. Најнапред, нужноста од техничка влада во земјите каде што била формирана се наметнала поради длабока причина, опасност или криза: оружен конфликт, воен удар, политички убиства, економска или должничка криза или, пак, крупни прашања од национален интерес (во „случајот“ со нашава земја на пример проблемот на јужниот сосед со името на нашава земја, членство во ЕУ и во НАТО). Continue Reading

In continuo

(22.03.2007)
Несериозен, па и карикатурален беше настапот (15.03) пред јавноста на екс министерот за култура Благоја Стефановски. Сепак, незаслужено беше одмолчен. (Медиумите само „голо“ информираа.) Ако не поради друго, барем поводно уште еднаш да се (у)каже во што е, каде е проблемот на „незгодната“, најчесто лицемерна позиција на сегашната опозиција: во сопственото (не)чинење кога таа ја практицираше власта.

Тоа поинаку се нарекува: немање ниту морално, ниту какво било друго право да се посочува на работи кои самиот си ги правел. На пример, партизацијата на културата.

Continue Reading

Eppur si muove

Откако падна во вода обидот поразот на предвремените парламентарни избори да се толкува како морална победа (што претставува нонсенс), а Бранко Црвенковски, иако јавно вети дека ќе се повлече доколку и овој пат не го победат Груевски (не само од лидерската позиција, туку од политиката воопшто), е во прилично „небрана“ внатрепартиска позиција.

Continue Reading

Акценти

Која е крајната цел на наводните списоци за притисок за гласање?
Наводни само затоа што и оние на опозициската телевизија А1, за притисок врз вработени во јавната администрација за сигурни гласачи за ВМРО- ДПМНЕ, и оние на оваа партија за СДСМ-овски допрва треба да се проверат, да се истражат. Тие се веќе кај јавниот обвинител
, а соодветна постапка најави и јавниот правобранител.

Крајна цел? Повеќе од јасна: однапред да се обезбеди алиби за сопствениот пораз на претстојните вонредни парламентарни избори. Со други зборови, за оној што ќе изгуби тие „мора да  бидат“ нерегуларни, нефер и недемократски. Па ќе следи барање, веројатно со помош на меѓународниот фактор, тие да се поништат.

Continue Reading