Економикс

Напоредно со пакетот кризни мерки, Владата на Македонија работи и на вториот мошне важен проблем, еден од клучните за моментно, но и среднорочно спротивставување на економската криза која и на земјава и се заканува со рецесија. Таа се уште не е „стасана“, но сериозно, се посилно тропа на врата со реални шанси насилно да ја „искрши“. Се работи за обезбедување на „свежи пари“ со кои ќе биде амортизиран финансискиот дел од кризата. Притисокот станува се поголем со оглед на очекуваниот пад на интересот за државните записи кои се случи денеска.

Будно се следат и случувањата во соседството, регионот и пошироко за навреме и подготвено да се пречека „прелевањето“, да се случат исти или слични „дејанија“. Прогнозите на ММФ и реномираните светски стручњаци и аналитичари се се попесимистички.

„Кој ќе преживее ќе има што да раскажува“.

Continue Reading

Акценти

Да, крајно е време Владата, министерствата, медиумите и новинарските здруженија да седнат на една маса, да го постават и да почнат да го решаваат проблемот на заштита на македонските новинари при вршењето на нивната задача, но и на физичка и егзистенцијална- од закани, напади, претепувања, неплаќање на трудот, на авторството, загроза на достоинствената живеачка, од економско- политичка зависност. Се разбира, тоа е процес кој не може да трае кратко, но мора да се почне, да се „отвори“ час поскоро, доколку ни се важни опстојот на демократијата, на слободата на мислата, промислата и зборот, на индивидуалното и колективното единство на различностите. Continue Reading

Акценти

Што значи резолуцијата за Косово што ја донесе Европскиот парламент, а со која се повикуваат членките на ЕУ кои не го признале да го сторат тоа? Се разбира, за властите на Косово значи многу, многу и за неговите најголеми поддржувачи (и во земјите на ЕУ), но за „прозваните“ не значи ништо. А големо прашање е дали воопшто значи нешто и за неговата иднина- перспектива. Continue Reading

In continuo

Србија забрзано чекори кон членство во ЕУ. Многу е веројатно дека таа ќе биде следната земја по Хрватска која ќе биде примена, но нема да претставува никакво изненадување ако и двете бидат примени во „пакет“, можеби заедно со Албанија и/или Црна Гора.

Србија во ЕУ пред Република Македонија? Па, нормално! Има некој што се уште се сомнева во тоа? На таквиот му препорачувам да се обиде да го „измери“ геостратешкиот интерес за Балканот на „главните“ во ЕУ (Германија, Франција, Италија, Велика Британија). Continue Reading